1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Генерал Стојанче Ангелов, лидер на Достоинство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од vendiii, 12 март 2013.

  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Стојанче Ангелов (Штип, 1972) е претседател на партијата „Достоинство“ и поранешен генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција.

    Биографија

    Ангелов е роден во 1972 година во Штип. Таму завршил основно и средно училиште, потоа во Скопје завршил Факултет за безбедност. Се вработил во МВР како приправник за полицаец во Штип. Во март 1996 почнал да работи во специјалната полиција, каде што околу една година работел како полицаец, две години бил командир на одделение, две години командир на вод, па оттаму бил преместен во Радуша, каде бил водич на сектор.

    Воен конфликт 2001

    Во Радуша го зафатил почетокот на вооружените дејствија од 2001 година. Кога се случил нападот на тетовското Кале, го пратиле како командант во посебните единици во Тетово. Останал околу три месеци во Тетово. Потоа станал заменик командант на Тигрите. Бил учесник во битката кај Арачиново, каде што бил и ранет.
    Во годините по воениот конфликт е постојано деградиран во чиновите, при што денес работи како полицаец за одржување на јавниот ред и мир во автобусите на градскиот превоз во Скопје[2]. Во јавноста активно се залага за правата на македонските бранители преку здружението „Достоинство“.





    Ако овој човек не заслужува тема тогаш не знам кој заслужува . Се повеќе се истакнува на политички план , многу актуелен последно време . А јас си мислам овој ќе стигне и многу далеку . Заслужува !

    Тука може да го пратите на фејсбук

    http://www.facebook.com/stojance.angelov

    http://www.facebook.com/angelov.dostoinstvo
     

    Прикачени фајлови:

    На makedonkamak, eva11, Edie.S и 5 други им се допаѓа ова.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Браво за темата Венди :clap:

    Сметам дека не постои македонец што не го почитува Генералот Стојанче Ангелов.
    Јас најискрено бев скептик кога одлучи да влезе во политиката, ама успеа да ме демантира и да се задржи на политичката сцена со чист образ и јасно поставени цели.

    Мислам дека баш Стојанче остава најголем впечаток кај неопределените гласачи и верувам дека на претстојните избори уште повеќе ќе се зајакне неговата позиција на политичката сцена.

    Има нешто поразлично и од Бранко и од Грујо и од сите други политичари и народот тоа го препознава и се повеќе му дава подршка.

    Исто така сметам дека моментално е еден од најискрените личности во политиката, без зли намери.

    Пред некој ден го гледав на Алсат, гостуваше во емисија со Талат Џафери. Секоја чест за се што кажа.
    Подршка за Генералот :bow:
     
    На anuskaNESTLE, Edie.S, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Поддршка треба да му даде цел македонски народ. По изборите на 24 ќе стартува иницијативата за собирање потписи за смена на Талат Џафери. Можете на фб да се информирате лично од него кога каде можете во вашите градови да се потпишете. Бев на протетсот во Скопје, последен кога Шиптарите кршеа и палеа, тој ден. Човекот кажа многу убави работи, држи вода се што кажа. Дека како народ трпиме неправди од сите страни и дека ќе се залага за обединување на Македонците каде и да се. дека Србите ако ни се браќа треба да ни ја признаат црквата, Бугарите да извршат притисок на својата влада како братски народ и да ни ја признаат нацијата. Патриот. Го обожавам. Чудне народ сме , као не гласаат луѓето на изборите во 2011 за бранителите. Кога би имало барем 3 во владата како енго, Македонија би била поубаво место за живеење. Му верувам на човекот.
     
  4. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Сум симпатизер повеќе на Груески и сеуште стојам зад тоа дека е подобар од Бранко .
    НО со постапките и текот на владеење нештата се менуваат и луѓето . Многу поени кај мене загубија и двајцата . Народот е разочаран , не верува повеќе . Партиските полтрони ( без разлика на која партија ) се тие што ја прават цела предизборна фама . И тоа строго од корит без исклучоци ! Некој за работно место , поголема плата или пензија , унапредување , се борат за функција , и ред други бенефиции.

    Одамна на Македонија и треба трета насока , трет пат кој конечно ќе не извади од оваа беда кога мислам на беда не подразбирам само економска .
    Ова што моментално ни се случува на тема министеров е тотален срам и пораз огромно понижување .
    Му ја посакувам сета среќа на овој храбар и искрен патриот ! Ако се оддели од Бранко јас ќе бидам првата која ќе гласам за него . Мојот глас ќе го има само нека продолжи вака ...
    Доста ни е од овие волци кои ја распродадоа земјава , а за власт се спремни да го продадат и сопствениот народ . Луѓе дајте подршка за овој човек , не заборавајте . Овој човек не се нишаше на фотелја 2001 и потпушуваше документи , не се договараше ко на пазар . Туку го ризикуваше својот живот за да го спаси мојот и твојот !
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Не следам политика, но сум слушнала, прочитала, за него.Мислам дека човекот и те како го заслужува најдоброто, според мене, човек кој претставува олицетворение на она што значи да се сака сопствената држава.Дефинитивно на државава и требаат луѓе како него, која ќе знаат како да ја чуваат.Бидејки до сега ниту еден незнаел како да ја зачува својата држава, бидејки навистина да ја сакаа, немаше да дојде до ова каде што е сега истата.Му се восхитувам на човеков, секоја чест :bow: Да се сака државата, не е само споменици да се прават и оние работи кои што сега ги прават.Се надевам ќе има повеќе такви луѓе како Стојанче, во спротивно отиде државава.А зошто бегаат луѓево од сопствената држава, за подобар живот во странство, нека размислат нашиве, оти кога некој ќе нема леб да јаде, ќе не може да се закрпи што се вели, од ден за ден, нема да му е битно дали има споменик на Александар итн.Сакам човеков да успее во своите цели, бидејки заслужува.
     
    На April87, makedonkamak и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Венди не сфаќам.. ќе гласаш или нема да гласаш? Или нема да гласаш за него само заради тоа што е во коалиција со Бранко? Контрадиторна си. Викаш дека не си задоволна од власта и дека изгубиле поени кај тебе, а Стојанче е храбар и искрен патриот ама пошо е со Бранко.. не го гласам ?
    Добро бе луѓе што уштее треба да направи ВМРО или Грујо ваш за да сфатите што се случува со држава? Ај разбирам да немате интернет и единствен медиум да ви се Мрт и Сител али вака? Отворете бе А1.он и видете што стварно се случува во државава наша!
    Жално е стварно..
    Мене Стојанче Ангелов ми е човек за восхит!
    Првпат го забележав кога Офспринг го спомна во еден коментар. Се заинтерсирав за него, прочитав низ нет и уште повеќе ме освои кога само он (од толку многу политичари во земјава) реши да направи нешто против решението бивши командат на УЧК да биде поставен за министер за одбрана.
    Со задоволство ќе се потпишам и ќе земам уште неколку луѓе со мене, ако е потребно!
    Ја следев и дебатата на Алсат и одлично се справи и со двајцата(зошто нели и водителот учествуваше).

    Мило ми е што сте ја отвориле темава, баш ме интересира какво ви е мислењето за Генерал Стојанче..
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    На протестот во Скопје му приоѓаа непознати луѓе, со сите се поздрави, на сите им обрна внимание. Немојте да се откажете од него само затоа што е во коалиција со Бранко. Видовме Љубе како заврши и свесен е дека мора во некоја коалиција да се заштити не дај боже да го уапсат. Кога ќе треба да се потпишеме сите масовно да му дадеме поддршка. ЈАс од друг град бев во Скопје за протестот. Го прашав зошто не ги мобилизрале и од Отор за поглема масовност, кажа дека не сака да меша друга партија, дека тоа е протес на Достоинство. Да имаме повеќе политичари како него Македонија немаше да дојде до ова дереџе, сега ми се чини како во фаза на распаѓање да е. Мисалм дека утре на Грујо да му ги бараат Тетово, Гостивар, Струга , Дебар, Кичево ќе ги даде. И кај ќе одат нашите, и ако останат таму како ќе живеат. Јака им душа на нашите во Тетово. Не би сакала да сум на нивно место.
     
  8. Shoshanna1

    Shoshanna1 Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    47
    Политика не следам ама ич. Но дебатава помеѓу овој генералов и џафери ја начекав случајно и ја изгледав цела. Секоја чест. Ми се разјаснија многу работи што до тогаш ме бунеле и работи за кои што до тогаш сум немала поим. Многу ми се допадна начинот на Стојанче како се однесуваше и како го "напаѓаше" министеров со факти и аргументи.
     
  9. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Не си ме сфатила ако земам да се објаснувам на долго и на широко ќе раздени . И ќе забегаме ептен оф топик. Имам доволно пишувано на тема политика на форумов да не се повторувам со неколку реченици . Значи Бранко ми е дното во политика , почитувам харизмата и се тоа но никако не планирам да гласам за него . Зошто ако гласам моментално за Стојанче гласам за Бранко , а тоа не го сакам . Се додека Стојанче е марионета за глас повеќе во рацете на дотичниот јас нема да можам да гласам за него . Без оглед колку сакала и почитувала . Затоа велам доколку би бил сам , ни со ВМРО ни со СДСМ ќе го има мојот глас .
    Знам дека е тешко да се опстане , зошто битката на титаните никако да заврши , но бар јас мислам дека се повеќе добива подршка овој човек . И ден ден би требало да се оддели од коалиција кого би имал шанси да опстане сам .
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Знам дека е долго и кога ќе го видите ќе се откажете од читање но ви ветувам дека вреди да се прочита нема да зажалите . Бар толку им должиме на Стојанче Ангелов и на нашите храбри војници кои загинаа 2001 ...
    Ако сепак нема да се осмелите зошто ви се гледа како многу барем оние болдирани букви . Би сакала што е можно повеќе од нас да го прочитаат за да знаат .

    КАДЕ БЕВ ЗАВРЕМЕ НА ПРЕЧЕКОТ НА ЈОХАН!?

    (Одговор на некојси т.н. Manjifiko чиј текст со наслов “Каде беше лидерот на Достоинство на вчерашниот пречек на Јохан?“ е објавен на неколку провладини сајтови)

    Во самиот наслов на текстот посочениот Manjifiko прашува “Каде беше лидерот на Достоинство на вчерашниот пречек на Јохан?“

    Веднаш да му одговорам на загрижениот Manjifiko. Бев на лекување. Ги лечев раните здобиени во Арачиново во 2001 година. Секоја пролет и есен поради наглите промени на воздушниот притисок и температурата имам сериозни здравствени проблеми. Верувам дека слични проблеми имаат сите луѓе кои имаат скршеници, операции, извадени делови од градниот кош, жици или други метални предмети во телото...

    На почетокот на текстот, авторот изнесува една многу глупава теза (што не значи дека е глуп, туку дека толку му сече умот или дека при добивањето на инструкциите за текстот не го разбрал добро нарачателот) во која тврди дека “Јохан е единствената жртва од конфликтот во 2001-та, неземајќи ги предвид херојски загинатите и повредените припадници на македонската војска и полиција“. Што му значи ова? Дали само Јохан е жртва или жртви се и херојски загинатите и повредените припадници на македонската војска и полиција???

    Ако одговорот е позитивен, тогаш, според Manjifiko, јас припаѓам во групата на херојски повредените припадници на македонската полиција. Бидејки сите припадници на оваа група (херојски повредените припадници на македонската полиција) според Manjifiko се херои, значи дека и јас сум херој!!! Ти благодарам Manjifiko!!! Јас сум среќен човек!!! Јас сум голем човек!!! Јас сум херој!!!

    За да нема забуна, доколку Manjifiko во 2001 година бил мал и не памети добро или бил надвор од Македонија (на пример на некоја грчка плажа) ќе му помогнам со неколку аргументи да разбере зошто јас припаѓам на групата која тој (а не јас) ја нарекува “херојски повредени припадници на македонската полиција“.

    На 23 јуни 2001-та имав “среќа“ да учествувам во нападот на Арачиново, да учествувам не како обичен полицаец туку како полициски специјалец. И тоа, не како обичен специјалец, туку како заменик командант на Тигрите!!! Токму овој ден, доцна попладне, во еден подрум наидовме на загинат припадник од УЧК кој, додека умирал, неуспешно се обидувал да си ги врати цревата во расцепениот стомак. Беше здрвен, потемнет во лицето, телото згрчено, рацете му ги притискаа раскинатите црева. Облечен во црна униформа, со пушка на чиј кундак имаше изгравирано УЧК. Нека му е лесна земјата... Знаевме дека неговите бргу ќе дојдат по него. Припадниците на УЧК по ниедна цена не ги оставаа своите мртви.

    Со уште двајца полициски старешини веднаш тргнав кон позицијата на армиските Волци која се наоѓаше во соседната куќа. Стигнав точно на средина помеѓу двете куќи. И тогаш почна... Најпрво ракета од РПГ тресна на неколку метри од мене. Силината на експлозијата ме занесе. Куршуми фрчеа на сите страни. Одеднаш силен удар ме фрли во прашината... Истрели, рафали, експлозии, минофрлачки гранати, РПГ ракети... Упатени кон местото на кое паднав. Знаев дека веднаш морам да исползам на безбедно. Напнав со сета сила... Во истиот момент силен млаз од крв ми излета низ уста. Хорор... Додека крвта со силни млазеви ми истекуваше низ уста, сфатив дека умирам. Заедно со крвта од мене истекуваше и животот. Знаев дека ако се онесвестам ќе умрам од самозагушување со крв... Додека умирав, во мислите ми се појави мојата малечка ќерка која наредниот ден требаше да го прослави својот втор роденден. Наместо да бидам покрај неа, јас претав како заклано животно, умирајќи во арачиновската прашина...

    И, се случи чудо. Останав жив... Жив но осакатен. Куршумот минувајки низ градниот кош го пробил моето десно белодробно крило, кинејки ја притоа најголемата артерија, поради што настанало обилно крварење. Др. Митко Караѓозов, благодарение на кого денес сум жив, морал да отстрани дел од моето десно белодробно крило, со метална жица ми ги врзал двете скршени ребра, од кое едното скршено на две места, но било невозможно од моето тело да се извадат повеќе од пеесетина ситни шрапнели од бакарната кошулица на куршумот.

    Кога се освестив во шок соба, забележав дека две гумени црева излегуваат од мојот граден кош. Гледав како преку нив непрекинато се цеди крв. Со денови крвта, капка по капка, истекуваше од мојата утроба. Бев под 24 часовна терапија со морфиум. Секое земање на воздух за мене беше страшно искушение. На моменти ми се идеше да престанам да дишам. Колку само ме болеше. А кога ќе се накашлав... Мислев дека ќе умрам. Четвртиот ден осакатениот бел дроб ми се наполни со некоја течност. Др. Митко Караѓозов дојде со еден шприц, кој мене ми изгледаше голем колку игла за плетење. Без да ми стави опојка, ми го заби шприцот во грб. Чувствував како иглата ја пробива кожата, го пробива месото, се зарива во белиот дроб... Колку само болеше...

    На неколку метри од мене, во другата просторија, неколку дена подоцна умре Оливер Китановски, дваесетгодишен специјалец од Тигрите, тешко ранет во пределот на главата, ранет неколку часа после мене, од другата страна на Арачиново. Преку еден кревет од мене, во кома лежеше Александар Серафимов, дваесетгодишен специјалец од Тигрите, тешко ранет во главата, во Матејче, на почетокот на јуни 2001-та. Понекогаш, кога ќе се приближев до неговиот кревет и ќе почнев да му зборувам, иако беше во кома, некако ми го препознаваше гласот и почнуваа да му течат солзи. Колку само сакаше да живее... Почина подоцна, во октомври 2001-та.

    Преживеав вкупно десет пеколни денови во шок соба. The horror…

    Десетиот ден и покрај противењето на директорот, излегов од шок соба. Останав уште 7 (седум) дена на домашно лекување. Осмиот ден, спротивно на сите медицински правила, се вратив на работа, ја облеков мојата црна униформа и го земав моето оружје.

    По излегувањето од шок соба уште 40 дена пиев три до четири пати дневно по две апчиња тродон или трамадол.

    И покрај ваквата повреда, горд сум што можам да се пофалам дека денес, и покрај постојаните болки во дијафрагмата, јас сум во состојба да направам повеќе од 50 склекови, барем 10 згибови на вратило, со рака можам да скршам најмалку 5 ќерамиди, со глава не сум сигурен, ми тече крв од челото:)


    Да се вратам на обработката на текстот на т.н. Manjifiko (се надевам дека еден ден ќе дознаам кој се крие зад овој псевдоним).

    Голем грев е тврдењето на Manjifiko дека “Јохан е единствената жртва од конфликтот во 2001-та, неземајќи ги предвид херојски загинатите и повредените припадници на македонската војска и полиција“. Со сета почит кон Јохан и кон сите загинати и повредени припадници на македонската војска и полиција, чувствувам должност да укажам дека, безмалку и да нема припадник на полицијата или армијата кој реално учествувал во воениот конфликт во 2001 година а кој не е жртва и кој не трпи одредени последици. Тоа што повеќето бранители не сакаат да зборуваат јавно за своите проблеми е сосем друга работа. Затоа не треба да се губи од предвид фактот дека сите ние, заедно, без разлика дали бевме припадници на полицијата, армијата или резервниот состав, сме заслужни за одбраната на Република Македонија. Фаворизирањето на било кој бранител не е чесно кон останатите бранители.

    Авторот Manjifiko понатаму тврди дека “целиот настан, за жал на сите, повторно и повторно доби идеолошка заднина и повторно пред македонските и националните интереси беа ставени ситните партиски и бизнис интереси“. Вакво извртување на тезите е ненормално. Во прави си Manjifiko (кој и да си). Токму така. Врвот на ВМРО-ДПМНЕ повторно, по којзнае кој пат, ја злоупотреби личната голгота на еден човек (пред неколку години тоа беше Љубе, денес тоа е Јохан) и повторно пред македонските и националните интереси ги стави ситните партиски и бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ и фамилијата.

    Понатаму Manjifiko објаснува дека “затоа што веќе е излишно да се коментира игнорирањето на опозицијата и нејзиното игнорирање на вакви настани, би сакале да го прокоментирање недоаѓањето на Стојанче Ангелов, таканаречениот лидер на македонските бранители“.

    А тоа ли е проблемот??? Тоа ли ве боли??? Тоа што повеќето граѓани и бранители ме доживуваат како лидер на македонските бранители??? Ајде нека ви биде. Од денес јас повеќе не сум “таканаречен лидер на македонските бранители“!!! Од денес ќе бидам само претседател на “Достоинство“ и лидер само на оние бранители кои ме прифаќаат како лидер!!! Па колку и да се!!!

    На крајот Manjifiko коментира дека “во ниедно регуларно општество не би требало да се случуваат вакви работи. Не е добро да не се испочитува човек кој лежел затвор за Македонија, не е добро еден бранител по одлежана робија да не биде пречекан од оној којшто се декларира себеси како лидер на сите оние кои застанаа да ја бранат Македонија во 2001-та“.

    Manjifiko. Како прво. Моја работа е кого јас ќе почитувам а кого не. За разлика од вас, јас самиот, или заедно со моите соработници, ги носам моите одлуки. Мене умот не ми е испран. Мене никој не ми кажува што да правам, што да пишувам и што да кажам. Како второ, тоа што не сум го пречекал Јохан на аеродром не значи дека не го почитувам. Каква ти е таа “имаш ли аквариум“ логика??? Да не требаше да дојдам на плоштад и да застанам помеѓу “патриотите“ Груевски, Јанкулоска и Мијалков и да шлакам раце??? Перверзно. А ти мислиш дека овие што ги набројав навистина го почитуваат Јохан??? И дека навистина се загрижени за него??? Ај не заебавај!!!

    Сосем за крај, да ти дообјаснам дека јас не се декларирам како лидер на сите оние кои застанаа да ја бранат Македонија во 2001-та. Напротив. Јас СУМ лидер на сите оние кои застанаа да ја бранат Македонија во 2001-та. Како што реков, до денес. Од денес па натаму повеќе не сум. Ќе бидам лидер само на оние бранители кои ме прифаќаат како лидер!!! Па колку и да се!!!

    Сабота, 13 април 2013 година, 03.32 часот

    Генерал Стојанче Ангелов
    Претседател на “Достоинство“
    Поранешен лидер на македонските бранители
    Сегашен лидер само на оние бранители кои ме прифаќаат како лидер:)
     
    На Tiki-lolipop, Edie.S, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Сите вие што му се восхитувате на човеков, ве молам дајте му шанса да собере 10.000 потписи. Во подрачните канцеларии на ДИК од 8.30 до 19 часот секој ден до 2 март. На Македонија и требаат вакви луѓе, инаку ако продолжи распропдавањето на македонска територија и интереси, за брзо ќе не нема на карта. Дајте ваш потпис за да влезе Ангелов во трката за претседател.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Читам денеска шиптарите скршиле плочи од гробови во Брњарци. Луѓе не спијте, само морална поддршка не е доволна. Отидете до ДИК во вашата општина и дајте потпис за спас од ова лудило.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сфатив како постојат личности кои се восхитуваат на Стојанче и на Љубе. Секое обраќање во јавност на некој од двајцата, е трагикомичен чин.
    На пример, овој конкретно е директор на Центар за управување со кризи, и при актуелнава состојба во светот, на реакциите зошто се скривниците во земјава запуштени, даде изјава дека нам скривници не ни се потребни, зашто НАТО ќе не брани. You can't make this stuff up.
     
    На etoile му/ѝ се допаѓа ова.
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    10.575
    Пол:
    Женски
    Еднаш го видов во автобус, колку е низок леле.. Иначе многу ми е смешен кога зборува, не знам зашто, ама смешен ми е..
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Јас па кога ќе прочитам дека некој се смее на изјава на Стојанче или Љубе, се чудам дали истите лица некогаш дале изјава некаде, па имаат кредибилитет? Дали биле министри или генерали во време на војна, па нивниот став е универзално точен? Дали на избори добиле повеќе гласови од Стојанче или Љубе? Дали имаат подобар бизнис од тој на Љубе во Хрватска? Дали подобро баратаат со оружје, боречки вештини од Стојанче? Дали се пообразовани од двајцата? Сосема е добар Стојанче како директор на ЦУК, а тие пред некого само префрлаа одговорност од една на друга институција. Љубе и Стојанче се плус семејни луѓе со прекрасни фамилии и двајцата имаат по 3 деца. Стојанче работеше како обезбедување на бродови и објавуваше огласи за вработување на лекари во странство и друг кадар, за фантастична сума на пари, а 90% од Македонците од злоба и од што се ситна душа никогаш не би го сториле тоа.

    Инаку за висината, Стојанче е некаде 172 цм. Ова моја проценка, го имам видено во живо 3 пати.
     
    Последна измена: 14 мај 2023
  16. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    8.126
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl:
    Тањо уште планираш да не' забавуваш со хуморов твој?
    Имаш многу интелигентни луѓе, што ни на крај памет не им е да се кандидираат за било што, па да е мерило дали некој собрал повеќе гласови од него, па тоа да одлучува дали треба да му се смееме на Стојанче или не. И тоа шо знае да клепа деца не го прави којзна каков човек за пример во општествово или незнам шо. (facepalm)
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Ама за тоа Мерко ти е супер.
     
  18. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    8.126
    Пол:
    Женски
    Кај прочита такво нешто?
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Сакам да ти кажам дека Стојанче си има воени вештини и придонес во поновата македонска историја кој никој не може да го оспори. Има оштетување на белодробното крило од војната. Има убаво семејство. Неговата сопруга е дама. 90% од форумските членови не придонеле ни 2% од тоа што го направил Стојанче, ама барем знаат да критикуваат и тоа е нешто. И човекот за разлика од други политичари ама никогаш не сум го чула да навреди некого. И тоа го сметам за плус.
     
  20. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    8.126
    Пол:
    Женски
    Не ја сфаќам поврзаноста на се ова, со Мерко.