По неуспешната бременост што заврши со спонтан, поголема недела од твојата, 3ца трансфузиолози, докторот од имунобиологија каде испитував мутации, и неколку гинеколози ми кажаа, следна бременост од прв ден клексан, а аспирин 3 месеци пред планирана бременост пиев и прпдолжив до 32ра недела. Со мирни д димери ми се случи спонтаниот, двапати испитував и во ред беа, причина за спонтаниот е тромб на постелка. Не се плаши од комбинацијата, колку сум само благодарна што заради неа истерав успешна бременост
Kako znaea deka e tromb na postelka, go ispituvavte plodot nekade, se vide od pregled, krvna slika, eho, kako se gleda toa, jas imav no kaj mene ispadna sindrom i znaev bidejki go nosev vo manu, a ova so trombovi deka se slucuva spontn nemav info i me interesira kako se dokazuva?
Проф. Јани ми кажа според извештајот од аутопсија на бебето што го изгубив, односно од она што го пишуваше за постелката
Razbiram, ovde stanuva zbor za poodminata bremenost i spored autopsijata znaat, ova ne sum go znaela no dobro e shto go doznav kako varijanta, jas sum isto so fraxiparine 0.6 od prv den menzis se do sega i mi rekoa zdravje boze 6 nedeli posle poragaj da prodolzam taka da so ova razbiram kolku vrsat rabota tie antikoagulanti, a mislev deka se samo poradi toa shto ni se kacuvaat ddimerite mnogu, na primer mene so prvoto ivf ako trebase 500 mene 3500 posle nekolku dena od transfer, no sega gledam deka i kaj pacienti so niski ddimeri sepak go davaat i ete imalo zosto. Blagodaram!
Д димерите можат и многу брзо да се зголемат, така што тешко е само по нив да се суди таму каде што има лоша историја на бремености, а некогаш и превентивно ги даваат. Мене терапијата ми даде многу мир, а и нифти тестот, не мислам дека сите треба да го прават ама по спонтан во поодмината бременост, го препорачувам дефинитивно
Mene I pokraj therapijata so fraksiparin mi se kacija ddimerite po carskiot rez a cela bremenost merev ddimeri i bea ok I radi factor v heterozygote primav fraksiparin I ja isterav bremenosta dokraj
Штом ти кажал така почни и со клексан аспиринот наутро пр.во 8 а клексанот наве4ер во 20ч... обично таква е терапијата,некаде фраксипарини зависи од мутациите и состојбата а и дрЈани исто ми има кажано и бидејки сум со мутации по позитивен тест одма клексании... секако консултирај се со него и твојот доктор но не е страшно воопшто ...Со лесно
Mi go zakazaa i nego za 2 nedeli, ne sum izguglala seuste shto pokazuva, shto da ocekuvam, kako moze da mi pomogne itn. Ako mozes nesto zbor dva poveke za nego pisi mi.
Јани е еден од најдобрите кај нас, особено за бремености со тромбофилија. Едноставно су ја знае работата, смирем сталожен.Влагодарение на него и останав трудна и еве ме терам 12 недела, иначе без него 2 пати имав спонтани. Ти посакувам среќа
После царски веќе и од други причини можно е да се зголемат, мислам стандардна процедура се клексан/фраксипарин после операција. И јас испитував после царски што е многу посигурно за да одредат поточно терапија За Нифти зборуваш? Има тема за пренатални тестови, некој ако може да остави со линк
https://forum.femina.mk/threads/Неинвазивни-пренатални-тестови.23908/page-31#post-5558723 Еве читни, и потпрашај, има многу трудници што имаат искуства
Znaci I pokraj toa sto fraksiparin primav dokrajta na bremenosta po carskiot rez odma po poragajot pak se zgolemija ddimerite
Обичноо поодмината недела се гледана ехо протокот од постелката до бебето ако е намален протокот има ризик од тромбоза.Не знам кај си ја водела бременоста али за оваа бременост избери си приватен доктор да те води, клексан одма од прв позитивен тест преку урина и не чекај само имај размак 12 саати од аспирин и клексан.Што ти кажал Јани тоа прави он е најдобар
Успеав уште денес да се видам со др Јани , не ми беше раат така да седам. фала ви на сите за одговорите, од утре почнувам со клексани. Инаку матичната не успеа ништо да види во минатата бременост, јас ја терав упат да ми даде 4 месец трудна за да провееам една крвна слика затоа што цел живот имам проблем со ниско железо. инаку пред да ми констатираат во приватна клиники дека нема срцева реакција веќе недела дена предходно имав кафеав исцедок и се јавив на матичната не сакаше ни да ме прегледа ми рече не е ништо ќе си дојдеш кога сум ти закажала термин следно. не знаев ништо прва бременост ми беше и ја слушав се, сега си викам требаше одма да отидам затоа што јас бев 18 недела точно а бебето одговараше на една недела две порано си мислам може тогаш кога се појавил исцедокот нешто се случило:/ инаку сега после лутање имам нова докторка на приватно на која што и верувам и се надевам дека оваа бременост ќе биде успешна. ви посакувам на сите исто
Дај боже да си го добиеш посакуваното сите иста грешка правиме со прва бременост али добро е што си нашла соодветен доктор на приватно. Само успеси!!
истото и јас го мислев дека аспирин и клексан се даваат само при високи д димери, затоа бев во збунка