1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Генетски предиспозиции

Дискусија во 'Психологија' започната од mimiiiii, 29 јули 2016.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Што мислите за тоа дека можеби не наследуваме само болести и физички карактеристики од родителите и претците? Дали можеби и некои девијации во однесувањето да бидат наследни па дури и животни избори? Можеби пак едно новороденче не е баш празен лист туку некои работи се запишани во неговата ДНК па и предодредени што би се рекло? Некоја трама која останала запишана во нашата ДНК и има влијание врз животот и на генерации после.. можеби и склоност кон насилство? сериски убијци?

    Многу истражувања посочуваат дека децата на жртвите на Холокаустот имаат генетски наследена траума.

    Темава е многу широка и можеби недифинирана ама мислам дека може да се развие дискусија.

    @Lilit често спомнува за ова и најмногу ме заинтригира да ја почнам темава

    http://discovermagazine.com/2013/may/13-grandmas-experiences-leave-epigenetic-mark-on-your-genes
     
    На sofijanoka и Daydream им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.892
    Допаѓања:
    12.526
    Трауми не знам дали наследуваме, ама наследуваме многу особини, болести, пороци...Како што викаше една колешка, кога бираме партнер гледаме да ни се допаѓа физички, а не мислиме дали е алкохоличар и дека детето утре ќе биде исто.
     
    На Naked Gun, Ицолгудбејбе и evangelina.ina им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.333
    Допаѓања:
    164.022
    Пол:
    Женски
    (Nemozam da najdam mkd poddrska na tel pa koga ke se vratam doma za nekoj den ke odgovoram poopsirno)
    Moram da kazam, mnogu interesna tema, genetikata mi e edna od omilenite temi i se so mozam da kazam vaka na brzina za da ne bidam off topik e deka edno dete e se osven pazen list hartija koga ke se rodi. Da, sredinskiot faktor go pravi svoeto i nekogash izgleda kako da e posilen od samata genetika i genetskite predizpozicii, ama sepak ako se analizira detalno mnogu karakteristiki se cisto genetski.
    Da ne navleguvam sega da krsam prsti, definitivno ke pisam podobro mislenje stom dojdam doma.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. darko clash

    darko clash Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2016
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    191
    Али ова не е ништо ново,сме го учеле у средно.Теорија на генетска предиспозиција вс теорија на емпиризмот.Пред да се појави Џон Лок луѓето мислеле дека детето е генетски отпад ако таткото е пијаница или мајката проститутка.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Точно не е ништо ново, порано многу се пазело на генетското наследство што би се рекло народски од што сој е или крушка под крушка паѓа.
    Сепак денес повеќе прифатено е дека карактерот и каков човек ќе е зависи од одгледувањето и опкружувањето, дека едно новороденче е табула раса и што правел дедо ти или баба ти не е релевантно каква личност ќе бидеш ти. Односно дека физичките карактериските зависат од гените но не и карактерот.

    А многу случаи кажуваат дека и како и да е одгледан некој човек сепак подоцна изразува некои девијантни однесувања иако на пример не го ни запознал тој предок за да може тој да има влијание врз нив.
     
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Генетски предиспозиции дефинитивно постојат, но постои голема разлика помеѓу предиспозиција и детерминираност.

    Новороденче може да биде tabula rasa, у смисла што не се знае со сигурност дали одредена предиспозиција ќе биде исполнета или не. Сите носиме одредени генетски предиспозиции за карактерни и физиолошки особености, но токму од влијанието на средината зависи дали дадена предиспозиција ќе се реализира.

    На пример, ако збориме за карактерни особини - дете кое има генетска предиспозиција, т.е. склоност кон насилство, ако е воспитано во средина со семејно насилство, шансите се многу големи дека неговата предиспозиција порано или подоцна ќе биде реализирана - и тоа, кога ќе порасне најверојатно ќе биде насилно.

    Човек кој има генетски предиспозиции за рак, од друга страна, има многу поголеми шанси да го добие, ако е пушач или работи со канцерогени материи.

    Докажано е дека гените играат многу поголема улога во нашето оформување во однос на факторите на околината (nature >> nurture), дури и кога се работи за карактерни особини. Сепак, индивидуалните особини на одредена личност зависат во голем дел и од воспитувањето.

    Но, поентата е што предиспозиција означува само зголемена шанса (>50%) дека нешто може да се случи; во никој случај не значи дека истото мора да се случи.


    Во однос на наследувањето на трауми - докажано е дека трауматични искуства (како примерот со Холокаустот погоре) навистина оставаат епигенетски белег во ДНК-та на личноста. Но, епигенетската промена не значи и мутација на самата ДНК, а токму мутациите се она што се пренесува и наследува генерациски.

    Од друга страна, најновите истражувања покажуваат дека дури и епигенетските промени можеби можат да се пренесат од родител на дете. Но, искрено не верувам дека ова е од којзнае колку големо значење, поради следново:

    [​IMG]

    Иако и мајката и таткото носат свои епигенетски белези, при оплодувањето на јајце-клетката со сперматозоид, се случува процес наречен репрограмирање, така што речиси сите епигенетски белези се бришат. Кај цицачите отприлика само 1% од гените успеваат да го „избегнат“ репрограмирањето, што значи дека само тие имаат потенцијал да се пренесат од родителите на детето.

    Ова е многу мал процент и поради ова е многу тешко да се докаже дека епигенетските промени навистина се наследуваат - затоа што, дури и да е така, тешко е да се определи дека некоја особина на детето се должи баш на тој 1% наследена епигенетска промена од родителот.


    Во однос на наследноста на одредено однесување - сите примати, вклучувајќи ги и луѓето, генерално имаат страв од змии. Иако сите не можат да се сложат по ова прашање, доста истражувања покажале дека кај приматите фобијата од змии е вродена, што најверојатно значи дека негативните искуства на нашите претци со змиите се врежале во нивната ДНК и низ генерациите се пренеле на нас. Од друга страна, други истражувања тврдат дека иако ваквата фобија не е вродена, кај приматите постои предиспозиција за развивање на фобија од змии и, во секој случај, децата можат многу полесно да препознаат змија на слика во однос на било кое друго животно. И само ако видат (слика или видео) од змија како повредува друго животно (дури и да не е мајмун или човек), ова е доволно за да се развие фобијата.

    Интересно, нели?
     
    На imelda, Naked Gun, referentka и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.581
    Допаѓања:
    40.010
    Пол:
    Женски
    Што биле во право до некаде. Детето сепак не се раѓа како tabula rasa, туку секогаш постојат генетски предиспозиции кои ќе се развијат или не зависно од воспитувањето и околината (но не мора да биде пресудно).
     
  8. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до ова прашање, педагогијата има доста одговори во себе како наука. Можеби надополнета со психологијата...

    Гентеските предиспозиции постојат како такви и имаат 50 % влијание во тоа како и во кој правец ќе се одвива нашата личност, како што спомна и @Bender Rodriguez со кој целосно се согласувам.

    Она што сакав да го поентирам и да бидам кратка е дека човекот како tabula rasa е создаден за да се креира сам себе на начин на кој што сам избира. Општеството и воспитанието имаат голема улога во она што ќе стане тој, и можеби тие се главните предиспозиции а не оние ,,генетските,,.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Тешко е да се одговори на прашањето што има поголемо влијание во развојот на човекот – генетските предиспозиции или воспитувањето, односно средината во која живее.

    Наједноставниот одговор е дека се работи за комбинација од двете. Но, вистината е многу покомплицирана.

    Некои карактеристики, како на пример, бојата на очите и крвната група, се директно и исклучиво зависни само од генетските предиспозиции, додека други, како јазикот и обичаите се исклучиво зависни од средината – секое новороденче е целосно способно да го научи јазикот кој го зборуваат оние што го одгледуваат, дури и ако е целосно различен од мајчиниот јазик на неговите биолошки родители.

    Што значи, постојат одредени карактеристики кои се високо зависни од гените и други, кои силно зависат од средината.

    Стивен Пинкер ова го има одлично срочено со следниов пример:

    „Одредени карактерни особини кои воглавно зависат од семејството или средината – кој јазик го зборуваме, кон која религија припаѓаме, која политичка партија ја поддржуваме – воопшто не се наследни. Но, карактеристиките со чија помош ги изразуваме нашите склоности – колку добро го владееме јазикот, колку сме религиозни, колку сме либерални или конзервативни – се делумно наследни.

    Најдобар начин за утврдување на влијанието на гените и средина се студиите направени со еднојајчани близнаци – израснати во исто семејство или дадени на посвојување и израснати во различни семејства и средини. Ваквите студии дале интересни резултати.

    На пример, за интелигенцијата – иако е покажано дека средината, односно семејството игра улога во IQ на децата, ова влијание се губи додека тие станат возрасни и станува речиси незначително во споредба со генетските предиспозиции. Еднојајчани близнаци израснати во различни семејства имаат многу слична меѓусебна интелигенција – 74%, за разлика од двојајчаните близнаци, кои имаат 60%. Од друга страна, посвоени деца кои немаат заеднички родители, а живеат во исто семејство, имаат корелација од 0%, што само покажува колку е всушност мало влијанието на средината кога се работи за IQ.

    Исто така, покажано е дека и голем дел од нашата личност, односно одредени карактерни особини, познати како The Big Five (openness, conscientiousness, extraversion, agreeableness, neuroticism) се исто така силно зависни од гените и се многу послични кај близнаците, дури и кога се одгледувани во различни семејства.

    Генетските предиспозиции се поврзани и со тоа колку „среќен“ се чувствува човек во животот – според една студија, среќата зависи од гените од 44 до 52%, а според друга, дури и до 80%. Исто така, покажано е дека и депресијата има генетска повразност.

    Така да, очигледно е дека гените не контролираат многу повеќе отколку што ние би сакале да си признаеме. Има нешто наивно и романтично во замислата дека секој од нас е tabula rasa – празен лист хартија на кој ние можеме да испишеме каква приказна и да посакаме. Дека секој може да направи се што ќе посака, само ако се потруди доволно.

    Ама за жал, ова не е вистина. Нашиот живот не е tabula rasa – повеќе наликува на веќе напишан текст во кој ние ги пополнуваме само празните зборови или делови од реченици. И да, сите можеме да направиме се што ќе посакаме, доколку тоа не ги надминува ограничувањата наметнати од нашите гени.

    Но, ова не е така трагично како што звучи и апсолутно не значи дека уште со раѓањето ни е одреден карактерот и животниот пат. Напротив. Како што и претходно реков, предиспозиција е нешто многу поразлично од детерминираност, а и покрај тоа што многу работи кај нас се предодредени од страна на гените или воспитувањето, последниот збор за тоа какви луѓе ќе бидеме го имаме токму ние.
     
    На theowndemon, Babushka, danichap и 4 други им се допаѓа ова.