Географски јазик

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од nemir, 8 октомври 2010.

  1. nemir

    nemir Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Како се лекува? некое искуство???

    незнам дали имам бактерија. имам некои промени на јазикот. од она сто успеав да истразам на интернет-си дијагностицирав географски јазик....
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.730
    Допаѓања:
    74.019
    Пол:
    Женски
    Еве типичен пример за тоа како изгледа географски јазик
    [​IMG]

    Не се знае што е конкретна причина за неговата појава, може да биде од алергија, од несоодветни протетски помагала, но најверојатно е од некој јак стрес (значи како психосоматско нарушување). Се појавуваат кругови црвени во средината, жолтеникави кон бели на краевите - и нивната местоположба се менува. Знам дека на сликава баш и не личат на кругови, ама не можев друга подобра да најдам. Лек? Отстранување на причината. Евентуално, испирање на устата со 3% хидроген колку за дезинфекција (да не се голта хидрогенот!!!). Обично поминува само од себе со отстранувањето на причината, а ако не се открие што е, тогаш да се земе брис од јазикот и да се утврди да не има некој патоген причинител (бактерија или габичка).
    Мој совет: оди на стоматолог, па да ти каже тој точно, од многу читање по интернет нема секогаш фајде. Многу е лесно да си умислиш дека имаш некои промени кои не се толку страшни колку што си замислуваш.
     
  3. XXX666

    XXX666 Нов член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    34
    Како мислиш си дијагностицира географски јазик, истражувајќи на интернет,не ми е јасно? Не смее за никакви симптоми да си даваме дијагноза сурфајќи по нет. Би те замолил да ми пишеш какви ти се промените на јазикот,подетално да опишеш и јас ќе ти одговорам дали се работи за географски јазик или нешто друго... ;) Еве јас ќе си нагаѓам-ако имаш бели навлаки по јазикот,кои му даваат релјефна форма можно е станува збор за кандидијаза, која се јавува како резултат на драстично наммален имунитет или долготрајна антибиотска терапија,која ја нарушила природната флора на јазикот...
    Ако имаш обични бели линии по јазикот, тоа е нормална појава и си исчезнува сама без лекови.
    Е на географски јазик се забележуваат црвени папили со различна форма, а околу нив бели гранични линии. Во овој случај право на доктор или прво пробај со земање на фолна киселина и витамин Б12...
    За што и да е од горенаведеново, ако пушиш цигари, веднаш да прекинеш... А,можно е па од силен стрес да ти се јават промени на јазикот. Затоа пиши подетално, какви промени имаш, а не да си даваш дијагноза сурфајќи по интернет.
     
  4. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.532
    Географски јазик, познат е и како бениген миграторен глосит и се карактеризира со црвени точки кои потоа добиваат бела граница околу нив.
    [​IMG]

    http://zazdravje.com.mk/upload/content. ... 0%BE%D1%82
     
    На XXX666 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nemir

    nemir Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    slikive sto gi stavivte s emalku predrasticni. mojot jazik nalikuva malce na ova no vo poblaga forma. ne mi ecel so vakvi beli krugovi, tuku imam nekolku. cigari ne pusam, stresovi-kolku sakas :x antibiotik se nemam napieno povise od 10 godini, niti pa bilo sto drugo do lekovi. znaci od lekovi ne e. od namalen imunitet-mozno e.
    znaci. na vrvovite imam nekolku mali beli krugovi, koi ne se postojani. eden den imam 2, utredenta nieden, tretiot den 7 i se na razlicno mesto. se setaat. na korenot na jazikot ( znaci isplazen jazik maksimalno) imam edna crvenkasta linija ne posiroka od eden santimetar i koja zafaka edna tretina mozebi od jazikot. neznam dali objasniv dobro....

    kazete mi sto da pravam? pocnav da zemam vitamini..treba da zemam nesto lekovi? da stavam nesto.... :|
     

    Прикачени фајлови:

    • cancer46.jpg
      cancer46.jpg
      Големина на фајлот:
      13,8 KB
      Прегледи:
      2.088
  6. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.532
    Географски јазик е болест со непозната етиологија, почеста кај деца и двапати почеста кај женските отколку кај машките. Како можни причини на болеста се: алергија, генетика, анемија, несоодветна стоматолошки работа и некои психосоматски фактори (силен стрес ).
    Клиничката слика се карактеризира со кружни промени што се случуваат на горната површина на јазикот. Во центарот се забележува интензивна црвена боја, исто така се јавуваат и жолти рабови. Овие промени се шират кон периферијата.
    Третманот се состои од отстранување на причините кои довеле до оваа болест..
    Еве уште нешто што најдов на нет , да не го преведувам и ова ..се надевам ќе ти помогне
    Po potrebi to su protivzapaljenski lekovi, lokalni anestetici, kortikosteroidi, suplimenti cinka...


    I par saveta sto se tiche ishrane:

    Izbacivanjem iz ishrane ili smanjenjem kolichine sledecih supstanci mozete smnanjiti simptome geografskog jezika:

    alkohol, cigarete, vruca i zachinjena hrana, kiseli napitci i hrana, neke paste za zube (tartar-control aditivi, efekti beljenja ili paste sa jakim ukusima, kao sto su skoro sve dechije), slano i suvo koshtunjavo voce.

    Еве ти линк кој може да ти помогне :)
    http://www.mayoclinic.com/health/geogra ... N=symptoms
     
    На XXX666 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nemir

    nemir Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    fala ti karina8 ;)
     
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.532
    Нема проблем , ти држам среќа брзо да ти помине :)
    ..и ќе бидам офф топик , ама ПИШУВАЈ КИРИЛИЦА!!!
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.730
    Допаѓања:
    74.019
    Пол:
    Женски
    Лекови тука не се користат, освен отстранување на причината, затоа што кај тебе веројатно е стресот. Гледај помалку да се нервираш, да не се оптоваруваш со ситници, и да научиш да се опушташ, медитација и слично. Ако нема воспаление, ниту пак болки, нема потреба за џабе да пиеш антибиотици или кортикостероиди, затоа што причинителот не е бактерија, ниту вирус, ниту пак е кандида, а не верувам дека е алергија или слично заболување.
    Во однос на храната, можеш да ограничиш внес на зачинета и кисела храна, а секако ако си пушач, да ги намалиш цигарите, ако можеш и да се откажеш. Треба да помине одреден период, па да видиш дали ќе има подобрување. Ако нема, веднаш да одиш на стоматолог.
     
  10. Mila92

    Mila92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    луѓе моево не е до толку драстицно како класичен географски јазик,туку ми искачаат бели точки,на пример сега имам само една бела точка на врв на јазик, али многу ме болат и немозам да се воздржам па дури и ги гризам од што ме нервираат...што би можело да е?
    А инаку пушам цигари и можно е да е од тоа...
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.730
    Допаѓања:
    74.019
    Пол:
    Женски
    Афти да не ти се? Инаку, можно е да се од пушењето ;)
     
  12. Mila92

    Mila92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    Не знам што се, ама боли многу :worried:
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.730
    Допаѓања:
    74.019
    Пол:
    Женски
    Голема е веројатноста да се работи за афти, ама вака не можам да ти кажам точно што е. Се јавуваат како резултат на стресови, намален имунитет, хиповитаминоза, алкохол, цигари. На стоматолог најточно ќе ти кажат за што се работи.
     
  14. 123456789

    123456789 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    после долго време, меѓутоа пребарував на интернет за вакви проблеми..те молам кажи со што го излекува јазикот..јас еве веќе два месеци го имам истиот проблем и никако да најдам решение..:(((
     
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.343
    и јас го имам истиот проблем баш ја прашував анат за тоа и потоа бев на клиника таму ми рекоа дека имам географски јазик и како што е напоменато од стрес најверојатно се јавува, јас подолго време го имам не користам ништо избегнувам само мн солено луто или кисело нормално оти печи многу.

    и забележувам кога сум преизморена и под стрес ми се влошува состојбата а потоа се смирува и навикнав да живеам со тоа. инаку ми препорачаа да сатвам и метиленско сино но немам до сега користено многу фарба и немам време за тоа. не се секирајте ништо страшно и нема лек за тоа може да се убчажи само
     
  16. 123456789

    123456789 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    јас ставав метиленско плаво ама не помогна...а дали се пренесува?
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.730
    Допаѓања:
    74.019
    Пол:
    Женски
    Не се пренесува - потребно е да се отстрани причинителот на појавата, ако се знае за што се работи.
     
  18. bapa

    bapa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    i jas imama problemi so jazikot...mn loso izgleda celiot mi e so beli krugovi i me boli... a vo posledno vreme me pece grloto dali e mozno da ima povrzanost so jazikot...ima li nekoj slicno iskustvi..fala pozz
     
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    114
    @Annath ајде докторке помагај :D
    Гледам се разбираш од орална хигиена,па да додека отидам на доктор,ти да ми кажеш некој совет.
    Се сомневам и јас на географски јазик,само не сум баш сигурна.Имам бели наслаги и црвени точки,како мозолчиња,тие мозолчињата како да ме грепкаат по грлото,и ужасно ми е чуството.инаку пред 2 недели бев на гинеколог,онака од голо око ми рече дека имам инфекција и ми препиша антибиотик таблети кои ги пиев 1 недела. Според симптомите што ги имав мислам дека имав кандида.Ама мислам,бидејќи она не ми кажа име :devil: а ова со јазиков ми се појави уште пред да почнам со таблетите. :worried:
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.730
    Допаѓања:
    74.019
    Пол:
    Женски
    Да не имаш орална кандидијаза? Ти се појавила независно од антибиотикот што си го пиела. Што можам да ти кажам вака освен да одиш да те видат на стоматолог и да ти земат брис ако се сомневаат на бактериска инфекција или кандидијаза. Можеш да земеш Нистатин капки од аптека или да ја чистиш устата и јазикот со сода бикарбона на мокра газичка, па види дали ќе има подобрување. Ако има, значи дефинитивно е кандидијаза, ако нема, ќе мора да направиш подетални испитувања.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.