Германија ќе стави вето за Шенген за Бугарија и Романија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fairy88, 4 март 2013.

  1. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    6.615
    Германија ќе го спречи влезот на Бугарија и Романија во режимот на шенгенската зона кога на седми и осми март ќе се сретнат европските министри за внатрешни работи и правда да расправаат за тоа прашање, изјавил германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих.

    “Доколку Романија и Бугарија инсистираат на гласање, обидот ќе пропадне поради германското вето“, рекол Фридрих.

    Според зборовите на германскиот министер, дури ниту идејата за делумна согласност, на пример влез по воздушен или морски пат, не подлежи на разговори.

    Фридирх рекол дека Бугарија и Романија, кои се придружиле на Европската унија во 2007 година, би требало да се занимаваат многу поодлучно со корупцијата и дека германските граѓани ќе го прифатат ширењето на “зоната без граници“ доколку бидат исполнети суштинските барања, што според него, во овој момент не е случај.

    Што мислите за ова?
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    3.081
    Мислам дека Бугарија и Романија не ни беа зрели за ЕУ во 2007 кога беа примени - (иако за многумина македонци со бугарски, односно власи со романски пасоши беше добредојдено), а камо ли за шенген-зона. Според мене проширувањето требаше да запре откако влегоа Словачка, Унгарија, Чешка, Естонија, Летонија и тн. во 2004 год. Исклучок можеа да бидат Хрватска и Исланд.

    А Бугарија и Романија во безграничната шенген-зона мислам дека ни по 10 год. не би требале да бидат примени. Едноставно друг менталитет е балканот... веројатно ќе треба подолго време тоа да се промени.
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.