Како расте бројот на геронтофили, како ти го заклучи тоа? За такво нешто да се заклучи треба да се направи истражување, од каде тоа дека растел бројот? Што е причина да расте бројот? А девојката ако сака некако да си помогне, треба сама. Штом реагира на обиди од страна значи не сака да и се помогне. Некои луѓе едноставно живеат со тоа пошо како што реков, нејзе ја привлекуваат луѓе што се возрасни, полнолетни и нема ништо нелегално во таквите врски. Единствено би требало нешто од страна да се превзема доколку девојката силува некого или го нападне. Ако тие кои ја привлекуваат, се согласуваат и сакаат да се гледат со нејзе, ништо не треба да се прави. Мислам дека си субјективен затоа што тебе ти се допаѓа таа девојка.
Психологот што и ја кажал болеста, треба да и каже и терапија... Доколку навистина сака помош. Ние тука не можеме да ти помогнеме, ни тебе, ни на девојката, освен да се обратите на психолог повторно.
Мене ми кажа, психологот е жена, една од најдобрите во Македонија. Единствена ефикасна терапија била хипноза, ми рече да ја побарам после октомври. Не знам...ова ми напраи да се чувствувам како да влегов во пеколот, сретнав девојче кое е "заробено" од нешто мрачно и имам амбиции да ја "ослободам"
Една од најдобрите психолози во Македонија тебе ти ја кажала дијагнозата. Ако била една од најдобрите немало тебе да ти ја кажува, број 1 правило е чување на тајни на клиенти. Може тужба да добие за тоа. Како сакаш да ја ослободиш ако девојчето не сака помош. Дури језиво е ова.
Убаво е што сакаш да помогнеш, но прашањето е дали девојката навистина сака помош. Ова што го пиша за геронтофилија, според мене, нема лек. И да пробаш да ја смениш, пак ќе и недостига нешто, ќе има некоја празнина.
А девојчево всушност била на психолог или ти си разговараше со психологот па според нејзе има геронтофилија на непрегледано? Пошо сигурна сум дека не е толку глупава таа што е психолог да ризикува да добие тужба кажувајќи информации од клиенти и потенцијална терапија. Тоа се разговара само со клиентот, не со други.
Само мене ми се сомнителни постовиве? Хипнози, психологот раскажува дијагнози по луѓе, ти вика ти да ја побараш после октомври за туѓ проблем....втф? А да не си ти девојчето и си замислуваш дијагнози или филмови?
Девојката има као демек проблем кој не сака да го реши ама дечково и психологов се среќаваат во октомври.
Жената беше до толку професионална шо јас ги запознав, бидејќи девојчето се срамеше. Остатокот од нивните разговори не ми го кажа иако инсистирав. А сега љубезно ќе те замолам да не ми пишуваш одговори на оваа тема. Посебно не да влегуваш како трето лице.
Првите две средби со психологот ги имав јас, со знаење на девојчето. Третата средба беше на почетокот заедничка, по што мене "ми заѕвони телефонот" и си отидов. После четири часа, девојчето (22+) ме побара за на кафе, знаев дека следните ден два ќе биде под убаво влијание на советите од психологот. Што разговарале, не дознав, а и не е мое да дознаам, сакам само да биде сѐ во ред. Сакам да ја привлекуваат млади момци наместо пензионери. Сакам да не страда од геронтофилија.
Каква 'терапија' за сексуална префернција, какви црни камења! Не постои такво нешто. Пробајте со 'терапија' да ја смените вашата сексуална преференција. м? @Dimi_ 'психологот', да земи да си го избриши газот со дипломата. Надрилекари, Боже сачувај.
И јас мислам дека не е нормално млад дечко или девојка да го привлекува баба од 70 години, не е логично да имаш страст према стар човек незнам можеби грешам.
Хипноза. Шо е еден од официјални третмани ама често се избегнува ради низа причини. Ама ... Нагон е. Не е преференца само, не можи се да се препиши на преференца и обично не се третира освен ако тој кој има геронтофилија не бара помош за то. Ама секогаш има опција за бихевиорална терапија. Ама пак ќе речам, нагон е. Нагон тешко се контролира и најчесто резултатот е фрустрации. Така да, нема шо ти да можиш да напрајш, доколку сака помош, сем да ја носиш на терапија и да го охрабруваш тој чекор.