Гешталт психотерапија

Дискусија во 'Психологија' започната од mcokolada, 2 јуни 2020.

  1. mcokolada

    mcokolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2015
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    127
    Zdravo! Prvo izvinite Poradi fondov no nemam kirilica. Dali nekoj odel na vakov tip na terapija? Iskustva? Vremetraenje? Dali vi pomognala da go nadminite problemot?
     
  2. Ecka1999

    Ecka1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас посетувам Гешталт терапија и плус едукација за овој вид терапија, бидејќи студирам Психологија. Патувањето со Гешталтот ми започна лани во Септември и се уште ми трае. Самата терапија не може да се пренесе преку зборови, туку е навистина нешто што мора да се искуси, бидејќи промените се навистина големи. Времетраењето зависи од секоја личност, не може однапред да се определи, но промените се покажуваат после неколку сеанси во зависност од тоа колку си спремна да работиш на себеси, а фактот што си заинтересирана, ми кажува дека навистина си спремна за работа на себеси и големи промени. Мене терапијата ми помага, то ест си помагам одејќи и промените се ОГРОМНИ, можам да ти наведам неколку (ќе научиш како да кажеш НЕ и да имаш подобри граници за себеси, како да се грижиш за себеси и да знаеш што е навистина за тебе, а што не, потоа ќе научиш како да се справуваш со секоја емоција подобро и ќе увидиш дека не е лошо некогаш да се изнесе гневот или тагата надвор, туку напротив, потребно . Ппотоа, ќе научиш како да имаш подобра комуникација во партнерските односи и да го изнесеш своето мислење и своите чувства не плашејќи се од одговорот на другата личност....). Навистина не може да се долови во неколку реченици, но те охрабрувам да почнеш, бидејќи сум сигурна дека навистина нема да згрешиш, туку ќе имаш едно многу убаво себеоткривање!
     
    На tambelina, simoncelicius, Nightwish11 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Здраво @mcokolada :)
    Првин, фала што ја отвори темата зошто верувам дека на многумина би им била од корист.
    Гешталт терапија е мој омилен правец во психотерапија.

    Пред да продолжам да пишувам за мое искуство со истата би сакала да дадам цитат за функционална целина на Гешталт терапија од една гешталт психотерапевта:

    Јас имав слушано за Гешталт од многу одамна, имено, мој најдобар другар поради сплет на околности му беше препорачана терапија па се имаше обратено кај една гешталт терапевтка. Гледајќи ги промените што се случуваат кај него а воедно и воодешувајќи се од целото здобиено знаење и техники што ги научил и ги владее решив да дадам шанса на овој правец од психотерапија.

    За мое искуство со овој вид терапија имам да зборам многу но, ќе гледам да скратам за да не биде досадно :lol:

    Конкретно јас си имав/м проблеми со мое детство и многу нерешени дилеми во врска со истото, главен проблем ми беше мојот однос со мајка ми. Прва сеанса што ја почнав беше решавање на овој мој однос.
    Сеансата се состоеше од тоа што си кажав зошто сум дојдена, во кратки црти објаснив што како, на што следуваа некои прашања во врска со односот мој и нејзин. Имаш уште една вишок столица во просторијата. Терапевтката ти покажува вежба каде што ете во мојот случај ја замислив мајка ми дека седи на таа столица и и кажав многу работи кои до тогаш немав храброст да ги кажам.

    Да не должам многу, јас уште од првата сеанса почуствував промена кај мене, тој ист ден уште додека привршуваше сеансата имав тешка главоболка на што добив одговор дека мојот потсвесен ум всушност се бори со новите промени што ги воведувам.

    Како што продолжував да одам така слоеви од мое его паѓаа, буквално замисли како се што е старо отпаѓаше од мене.

    Овој правец те носи кон себеспознавање, тука ќе ги разбереш и другите, ќе разбереш зошто некој се однесува така како што се однесува со тебе, ќе научиш да станеш повеќе одговорна за свои постапки, ќе научиш да се слушаш самата себе си, ќе научиш да одбиваш работи кога мислиш дека треба да одбиеш и еден куп придобивки кои се поволни за твоето битие.

    Понатаму, ќе научиш еден куп техники како да се носиш со секојдневни предизвици, работите ќе ги гледаш на многу подруг начин, љубовта кон самата себе ќе се зголемува (јас се сеќавам првата сеанса ме праша терапевтката од 0-100 колку се сакам себеси на што мојот одговор беше само 20%:x на предпоследнава до 90% стигнав 8) :lol:

    Е сега, времетраење, од искуство од другите знам дека времетраење на една сеанса е некаде од 45-60минути, моиве сеанси кај моиве терапевти траат 2 часа со тоа што јас работам со нејзе еден час а подоцна со сопругот нејзин уште еден час.

    На твое прашање дали би помогнале во решавање на одреден проблем, одговорот ми е ДА :nod:а и да знаеш дека ке бидеш изненадена како на крај ке го гледаш тој проблем. :emo:

    Пробај, па пиши искуство тука :makeup:

    П.с. во врска со оваа тема секогаш сум отворена за разговор така да кој сака слободно нека ме исконтактира ке си споделуваме искуства и мислења. :hug:
     
    На Dentina, thequeen95, GirlLove и 5 други им се допаѓа ова.
  4. mcokolada

    mcokolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2015
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    127
    Pa pocnav so terapijava, dosega samo Edna seansa. Ne mozam mn da kazam zatoa sto e premnogu rano, no mnogu olesneto se cuvstvuvav posle seansata. Zatoa I ja otvoriv temava, da procitam iskustva. Jas slucajno razbrav za vakov tip na psihoterapija,pa ova neka e nacin poke luge da se informiraat za istata I da si najdat care za problemot...

    Kolku vreme ja praktikuvase terapijava?
     
    Последна измена од модератор: 2 јуни 2020
  5. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Почнав во 2017- но, сеуште идам, искрено ми стана интересно и убаво, секогаш има нешто поради кое идам.
     
    На mcokolada му/ѝ се допаѓа ова.
  6. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    3.544
    Пол:
    Женски
    Ај некој да објасни за што станува збор. Некако не сте ми јасни за што станува збор.
    ако не е проблем секако
     
  7. mcokolada

    mcokolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2015
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    127
    Jas konkretno ke odam za da nadminam anksioznost(ako uspeam). Terapevkata mi rece deka imalo dobar uspeh kaj luge so vakvi problemi. Vo Tek na samata terapija treba da otkries skrieni misli sto ti tezat I ti predizvikuvaat drugi problemi(barem jas taka svativ). Ama mislam deka I'ma postrucni of mene po temava na forumov pa pa ocekuvam od niv da dobies poopsiren odgovori.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    3.589
    Каде посетувате вакви терапии?Која е цената?
    Заинтересирана сум, еден период одев на психолог и многу ми помогна, сега би сакала повторно
     
  9. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Имаш еден куп Гешталт терапевти, види на фејсбук побарај Гешталт Институт Синергија тука можеш да ги исконтактираш, знам дека институтот е од неколку гешталт терапевти. Понатаму, ја имате и Ивана Хаџи-Иванова, Јасминка Наумовска од Куманово,

    За жал, не знам многу терапевти низ Македонија иако ги има многу, јас сум само фокусирана кај таа јас кај што одам.
    Доколку дознам и други имиња ќе ви пишам тука.

    Само храбро, се што може да изгубите е само тоа што не ви треба веќе во животот. :hug:
     
    На jasbi и daylight им се допаѓа ова.
  10. mcokolada

    mcokolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2015
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    127
    Za vo koj grad se interesirate
     
  11. Dentina

    Dentina Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    1.372
    Допаѓања:
    15.719
    Интересна тема. Поттикната, се расчитав нешто за гешталт психологијата и терапијата. @Ecka1999 дали може да препорачаш литература за гешталт ако ви препорачале на факс или си наишла на нешто корисно?
    Имам читано за ( а и посетувано) когнитивно-бихејвиорална т. ,претпоставувам нема многу сличности.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.231
    Допаѓања:
    4.812
    Пол:
    Женски
    Звучи супер, баш тоа што ми треба.
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Тебе баш би ти помагнало ова. Пробај :l:
     
  14. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    I jas bi sakala da probam ? Nz vo koj gradovi ima .?
     
  15. Na.talia 24

    Na.talia 24 Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Знам дека дека за секој човек е индивидуално... Ама после колку време отприлика осетивте промена вие што одите на гешталт терапија.
     
  16. Ѕвездички

    Ѕвездички Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.829
    Пол:
    Женски
    Јас многу брзо... За неколку месеци, за мене тоа е брзо. Но многу е лично, мислам дека не може да се споредува...
     
    На Na.talia 24 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  17. Ѕвездички

    Ѕвездички Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.829
    Пол:
    Женски
    Сега секако е он лине, така што било каде може...
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    И јас исто многу брзо, дури имаше некои работи кои ги работевме на сеанса да ги применам/сменам веднаш следниот ден.
     
    На Na.talia 24 му/ѝ се допаѓа ова.