Девојки кога е најдобро да се оди на преглед? Пред менструација, после....? Планирам неделава да закажам, а ќе бидам во овулација...Не паметам првиот пат кога отидов одамна беше. Има некаква врска кога да се оди или нема гајле?
Има како не. Овулација е добар период за да се провери функцијата на јајниците, иначе за различни прегледи, различни термини од циклусот се пожелни
Па целосен преглед ќе правам. Пап тест, колпоскопија и ехо епа оди со овулација, па ако треба нешто не одговара гинеколог ќе те врати да идеш уште еднаш, барем мене мојов така ми прави
Девојки јас бев денес на гинеколошки преглед кај Д-р. Оливера Арнаудова. Докторката е многу фина, со насмевка те пречекува се ти објаснува, ти одговара убаво на поставените прашања.... Пап тест со вагинален преглед ме кошташе 1100 денари, значи не е ни скапо. Ви ја препорачувам, стварно е супер. http://zk.com.mk/Страници/Деметра медикал др Оливера Арнаудова/251719
мојата докторка ми рече дека најубаво за пап тест е да одиш на трети ден после завршување на менструација,тогаш најточен бил резултатот
Јас сакам да прашам колку девојки од форумов имаат ранички на грло на матка од било каква причина, вирусна или бакт. инфекција??? Денес бев на гинеколог и тоа ми го најдоа, а докторката ми вика не се плаши, секоја втора жена тоа го има. Па ме интересираше кај колку од вас нашле ранички и дали и држи вода муабетов на докторката... или е само измислување на дијагнози со цел земање повеќе пари од пациенти?? Кажете и слични искуства на темава стручност на различни гинеколози. Иначе јас бев во Гинекомедика, по препорака на другарка.
Верувај нема да поминеш само со 1450 ден. Кога ке те види на колпоскопија ке ти рече.. ааа ти имаш раничка, најверојатно е ХПВ, а може и бактерија некоја, најубаво да направиме и брис за бактерии и брис за ХПВ, и кога ке отидес кај сестрата ке ти рече 3000 денари девојко.... ама јас.... нема ама толку е!
МОРАМ веднаш да направам една антиреклама на Гинекомедика. Мајка ми одеше таму до пред 4 години и (МИСЛАМ Билјана дека се вика д-рката) и замислете иако и` беше матичен лекар и мајка ми заради остеопороза, проблеми со хормони и така натака одеше најмалку на 4 месеци на лекар женава не и ,,виде,, тумор за кој докторите од Клинички центар твреа дека бил ,,стар,, најмалку 3-4 години. Додуша туморот прв го виде д-р Митановски од Ѓорче (поради огромни болки баравме второ мислење од д-р) ја препрати веднаш во Клинички и се беше јасно.....Така што за дотичната немам коментар! Единствено и бев лута на мајка ми што не и` стегна пријава, ама сепак нејзино право е.....
lele se naeziv od site prikazni sto gi procitav tuka..jas sum 4 godini seksualno aktivna i ne sum bila na ginekolog...imam odeno prethodno,pred da imam odnosi,no od togas strav u koski mi vleze i uste nemam hrabrost da otidam...ama sea od site vas sobiram hrabrost i se nadevam deka drugata nedela ke posetam nekoj ginekolog..posle 4 godini... [mod-kirilica:23kf24rb][/mod-kirilica:23kf24rb]
За гинекомедика има слушнато доста поплаки и на факултет и од другарки А попустов што наводно го даваат стои во теа-модерна веќе 3 години. Мене некако ми е доста неверојатно пола од жените да имаат раничка. Речиси 90% од жените некогаш во животот имаат некаква вирусна или бактериска инфекција, ама не сите предизвикуваат раничка.
Во Битола Васко Трајков супер доктор , приватната незнам кај му е а на болница е можиш да го најдиш јас случајно појдов на болница пошто матичниот гинеколог беше на боловање .Супер докторот фин културен многу ми се бендиса понашањето како кон пациентка .Насмеан расположен кој од докторите на болница се такви иначе син и бил на Иванка исто гинеколог познат во битола па ќе дознам кај има приватна ординација ке известам...јас лично одма се префрлам кај него поздравииии
е супер, ама ке ти биддам уште поблагодарна ако успееш да најдиш каде му се наоѓа ординацијата инаку јас сега се мажив бт па сакам да имам матичен нормално тука ама се мислам каде, мн имам слушано за др лили мн ја фалат <3
Мораш на прегледи бреее. Секоја втора жена е носител на цин вирусот. Тоа е бре рак на матка, нема играчки со тоа. Пази ги сеа Гениколозиве. Зимаат 500 евра за третирање на цин 1 и 2, а бе ја кажуваат другата опција која е мн поевтина и поефикасна. Алоето е најдоброто нешто за овие проблеми. Ама како пак ке заработи 500 евра препорачувајки Алое?
CIN не е вирус, вирусот е HPV. И алоето не помага секогаш. Не е на одмет да се користи, ама не помага во сите случаи.
Јас правев ПАП тест и вчера ми се јавија од ординацијата да одам на разговор стигнале резултатите имало проблем околу некоја бактерија требало да вршиме уште испитувања...сега треба да одам во Понеделник и малку сум вознемирена!!!
Уф гледајќи ја темава уште сега одма си ветив себеси дека штом ќе ми заврши ќе одам на преглед. Јас имав лошо прво искуство, бев третирана како стока а првиот преглед ми беше 2 месеци од губењето на мојата невиност. Од тогаш имам фобија, немам толку срам колку што имам страв од преглед. Првиот преглед си го платив приватно сеуште немав матичен гинеколог, потоа си отворив картон кај еден прекрасен пред се психолог а потоа и гинеколог. Човекот е злато, со добра комуникација толку ме опушти што заборавив дека сум на преглед. Резултатите од пап тестот беа одлични јас пресреќна си се опуштив и еве жива брука 4 години не сум отишла на преглед Мојот дечко инсистира, планираме брак па семејство во многу скора иднина а јас си играм играчки Минатиов месец сигурно имав и кандида, а таа по навика сама си ја лекувам, но несмеам вака да продолжам. Ми ги отвори очите дечко ми со еден муабет: Чекаш недај боже да почнеш да трчаш по лекари кога ќе биде доцна? Подобро со време фати си го редот, сакаш дете или не? Мене ми требаш жива и здрава! Овој пат ќе си стојам на зборот кога ќе ми заврши оваа менструација одам ЗАДОЛЖИТЕЛНО на еден детален преглед ехо, пап ма се што е потребно!