По правило некое, веднаш после регулирање на менструацијата (чисто за ехо преглед). А потоа кога ќе станеш сексуално активна-е тогаш прегледот би требало да е задолжителен за секоја девојка.
Јас пак кога одев на гинеколок додека бев уште невина не ме прегледуваа долу. Мислам ме прегледуваше онака надворешно, ама ехо на стомакот ми правеа. Ми рече дека нема да ми брка во вагината додека не почнам да имам односи. И сеа коа почнав, нормално вагинално ехо едит: еј извни, грешка сум сфатила Јас мислев прво си идела на гинеколог, па после односи и затоа ми беше чудно. Ги збркав годините
Јас денеска за прв пат направив пап тест,редно беше после 3 год да отидам кај гинеколог сум правела вагинално ехо ама на брис никогаш.Сум слушала секакви муабети вака било онака болело.мозе да те раскрвари......и тн нема врска прегледот беше супер (не ни осетив што правесе внатре)хахахахах само ми каза готово е.и матката и јајниците ми кажа дека се добри е сеа ке видиме сто ке кажат резултатите за 2 недели
Е е нема потреба до толку, не ги плашете девојчињава. 4 пати годишнo ако имаш некоја инфекција, цин....мада и тоа е многу. 3 пати е доволно во таков случај. Иначе ако е се во ред се оди еднаш годишно. Јас би била радосна и толку да одат нашиве девојки, ама слабо некако.
е да лацримоса ама ако си сексуално активен добро е да се оди на секој трети месец ..........како што читам на тоа дали сум бремена ептен неискусни и се едно исто затоа да одат барем по 4 пати годишно ќе им станат јасни некој работи и нема да прашуват некој работи што немат логика
Eх искуството се стекнува со годините, никој паметен не се родил. Јес да прашуваат некои глупи прашања, а се сексуално активни, ама сепак 4 пати годишно на гинеколог е беспотребно. Гинекологот не е професор па да ти да одиш на предавања неколку пати во годината Гинекологот си го прашуваш се што те интересира секако кога си на прегледот, ама па денес 21ви век сме, се има на интернет, ќе си отвориш ќе си прочиташ за подетално за основни работи. Повеќе прегледи по потреба се прават, ако има девојката проблеми или некоја бактрија се појави. Ама редовен гинеколошки преглед се прави еднаш годишно.
Па кај нас малку и државата заостанува во поглед на таа тема, можеби ако тое е спроведено со закон, да стигнува покана барем еднаш годишно да се посети гинеколог и да се направи пап тест како што е тоа случај во Европа, сите девојки ќе престанат со предрасудите од типот дека им било срам, па не сакале кај машки доктор и тн.
Каде во Европа ти стигнува покана дома да одиш на гинеколог??? Не е тоа до државата, туку до образование и информираност. А дражвата се труди за ова прашање, искрено. Ете сите девојки/жени имаме годишно по еден бесплатен пап, има еден куп реклами и пропаганди за тоа. А тоа со предрасудите нема никаква врска со државата туку со самиот народ и заостанатоста. Со оглед на фактот колкав процент на неписмено население имаме....понатаму се е јасно. Неможе тоа преку ноќ да се смени, и наеднаш сите на гинеколог. Али писма и покани и закони за одење на гинеколог - не верувам да има некаде
^Во Австралија ти стигнува писмо за годишен преглед истотака ти стигнува писмо за на пап кој се прави на 2 години,е сега дали ќе одиш или не тоа е веќе твоја одлука матичниот гинеколог е должен да те потсети ако случајно си заборавила
Има во Англија. Братучетка ми живее неколку години таму. Живеат под кирија и ако се преселат во друга населба им доаѓа дома покана да одат во амбулантата во таа населба. Им прават секаков можен преглед, до тежина, висина и пропорции им зимаат. Се е тоа бесплатно. Неможам да сфатам како девојка од 25 години ќе пише на форумов, срам ми е да одам на гинеколог... а ќе ме боли??? И после некое време ете ја пак, еј абе јас имам кламидија (пример) и сега што да правам??? Е тоа не!!! Аман, девојки со по 25 год уште на гинеколог не биле??? Не ми е јасно, најискрено! Има многу болести. Слушав на бебе магазин дека за 10% е зголемена неплодноста оваа година, за разлика од (мислам) 2005 година. Така да, мора сите да внимаваме МНОГУ!
Редовно еднаш годишно одам на гинеколог-така ми препорачува мојот матичен гинеколог,бидејки освен кандида до сега и дај боже и понатака не сум имала ништо посериозно на Пап тестот,инаку пред да останам бремена правев и микробиолошки брисеви и се беше ок.Затоа девојки кои сте сексуално активни,одете на гинеколог,не е срамно да се грижите за вашето здравје и како што викаат подобро да се спречи одошто да се лечи
Само што се вратив од гинеколог, си направив еден општ преглед и пап тест и резултатите се одлични, само од пап ќе почекам 1 недела ако не дај Бозе нешто има сомнително мада докторот ми кажа нема потреба од паника штом на прегледот беше се супер Така да, девојки одете редовно на гинеколог и ќе видите колку е убаво чувството кога ќе ве прегледа докторот и ќе ви каже дека се е одлично со вас
јас не одев на преглед само поради муабетите што ги слушав од другарки, како тоа било болно искуство, страшно, бла, бла, блааа.... нема си благе везе тоа! Првиот преглед ми беше лани летото. Препотував додека бев на боксот, ми земаше брис, па после тоа вагинално ехо, НО се исплати и срамот и потењето. стварно чувството е мнооогу убаво кога ќе заврши и ќе слушнеш се е во ред, нема за што да се грижите! Муабетот ми е, ако има некоја што веќе е активна на сексуално поле, а сеуште нема ниту еден гинеколошки преглед направено, да не слуша никого, никакви муабети и крај краева што има тука што толку би болело тој канал е веќе разработен, па не е тоа губење невиност!
ДАЛИ НЕКОЈ ИМА ИНФОРМАЦИЈА КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ НАЈДАТ ЕТЕИЧНИ МАСЛА? ИМА МНОГУ ДОБРИ РЕЦЕПТИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ИНТИМНАТА ХИГИЕНА СО ПРИРОДНИ ПРЕПАРАТИ И МАСЛА. САМО КАДЕ МОЖЕ ДА ГИ НАЈДЕМЕ?
Одржување на интимна хигиена е доволно само со вода. Никакви препарати и етерични масла не ти требаат, тие можат да ја нарушат природната киселост на вагината.
За интимна нега е убаво да се користи сода бикарбона растворена во млака вода и со тоа да се врши одмивање, бидејќи содата била најблиску до природната Пх на вагината- 4,4 , така ми објасни мојот гинеколог. Никако земање различни препарати, па потоа купување креми и тотално нарушување на Пх вредноста, па чешање, иритации што тој на смеење го формулира како „и потоа се прави цела наука од чешање „, а од друга страна вагината е слузница, па оттаму таа иритантна потреба за чешање, беше коментарот потоа.
Пред месец и нешто станав сексуално активна, и сакам да одам на гинеколог во најкратко време. Ќе ми биде срам, тоа сигурно, ама морам, едноставно не се осеќам сигурно вака сама на своја рака да правам се. Хипохондрик сум, се мислам дека некоја болест ќе фатам или не знам што, и морам да отидам. Прашањето ми е, ќе може ли некоја во ЛП да ми пише телефон или нешто од некој добар приватен гинеколог? По можност женско, не сакам некој старец да ми гледа таму доле, без разлика дали видел 1000 исти како моите до сега. И да ми каже отприлика колку пари е преглед кај приватен? Тенк ју
natty немој да се грижиш за тоа дека пред 1 месец си сексуално активна и дека треа да одиш на гинеколог( мислам ако си сигурна дека партнерот ти е чист нема потреба веднаш)Јас сум 3 години актвина и еве пред 2 недели отидов за 1 пат кај гинеколог и пред некој ден ми стигнаа резлутатите и се беше супер,нема никаков проблем.а мене прегледот ме чинеше 450 ден со плаво картонче без него е дупло поскапо поззззз и без негативни мисли
Колку погрешно размислување значи, од такт ме вади! И неинформираност! Затоа све инфекции и болести на сите страни, зошто не одиме според тоа подобро да го спречиш отколку да го лечиш. Еве вака, многу ме интересира, како ти ќе знаеш дека партнерот нема ништ? Те молам одговори ми на ова. Од каде таа сигурност? Или на гравчиња гледате? Машките се преносители на сексуалните болести, а нема ти никаде да приметиш ни по изглед, ни по пенисот нема некој знак за тоа дали тој има нешто што ќе ти го пренесе!! Денес секоја втора девојка има Цин 1 , кој што е без симптоми, се дознава само преку преглед, затоа што нема симптоми! По што си ти сигурна дека партнерот нема некоја сексуална болест? м? По изглед? По чистота? Фала богу кога имаш партнер, нормално е дека води хигиена, но пред тоа имал девојка , па таа била со некој пред него, па тој некој со друга...итн инт....Па и со еден сексуален партнер да си, прв да ти е, може да фатиш цин. Еве пример јас. Чисто онака си отидов на преглед, немав никакви симптоми за ништо. И оп, цин 1. Да не сум одела на преглед, ќе дошло можеби до цин 2.....можело и до цин 3 недај боже...а после него , може да дојде рак на матката. Честитки. natty браво , ме радува што има вакви девојки што се грижат за своето здравје, поготово за ова бидејќи еден ден ќе треба да раѓаме и да сме потполно здрави. Направи си еден пап тест и вагинален преглед, чисто да си знаеш на што си.