женски да не чекате да ви дојде менструација тоа не е никаква сигурност дека не сте бремени,јас познавам повеќе девојки кои што биле веќе 2 или 3 месеци бремени а имале редовна менструација.
За да се види на ехо треба да бидеш 4,5-5 недели бремена,за детекција на рана бременост направи си дома тест или направи проверка на крв
Ај некоја да ми препорача добар гинеколог, тука низ Скопјево наше. Имам 16 години, за 1 месец 17ка, и не сум била се уште. hock: Не ми е срам, страв или што ја знам, меѓутоа сакам да отидам кај некој добар, проверен.
Иди кај ке идеш , само немој да се зезнеш во Гинекомедика да отидеш Прочитај ги постарите мислења на темава,има многу што се добри.Мојава не можам да ти ја препорачам, не сум задоволна од неа.
значи и ако не сум активна, можам да одам? чисто да ми направат преглед, дали се ми е во ред.. едит. за сефора, со систина нема грешка..се што се прави внатре е врвен квалитет!
јас колку што имам слушнато за да одиш на преглед треба да си сексуално активна..ии да си имал односи.. или нема везе тоа? исто така дали мора после првиот однос.. сеа не баш после првиот аама така иде зборот дали треба.. мора да се отиде на преглед? или не мора да значи? поззз ))
Јас отидов после првиот однос на гинеколог, сакав чисто да проверам дали е се во ред. И ми вика докторката, И што сега? Не и беше јасно што ако сум се скинала, па сум дошла на преглед. Ама нема везе, ме прегледа, рече дека супер ме скинал и ме прати дома Па сега не знам колку треба да се оди на лекар.
значи ако не си сексуално активна може да се отиде на гинеколог да се проверат јајници, матка сето тоа со ехо на начин како што гледаат бебиња, затоа што не си скината неможе да продре преку вагинално ехо така да се гледа површно. На гинеколог се оди најдобро еднаш до два пати годишно пред се заради вас да се проверите да не сте фатиле нешто некоја бактериичка или хпв. Немора да се скинете и другиот ден веднаш на гинеколог, туку нека помине некое време и посетете си го, изберете си соодветен гинеколог кој ќе ве прати секогаш.
Утре ке одам на гинеколог за прв пат ама ми рекоа дека моментално немаат апарат за колпоскопија?Дали и тоа е битен дел од прегледот или пак да закажам само колпоскопија на друго место?Ила да ги почекам резултатите од пап тестот?Се изначитав за Цин1,2,3 и се извадив од памет
( nemam kirilica ) vidi ako imas problem pred toa normalno deka ke otides, na pr jas vo 8mo odd normalno ne bev seksualno aktivna ama imav problemi so jajnicite i bev, so taa razlika sto me gledaa samo na eho, obicno. e sega koga vekje ke bides sekasualno aktivna TREBA da odis redovno na kontroli, cim se resavas da imas sex so toa si sledat i tie pregledi. znaci ne vikam MORA, zatoa sto nisto ne mora, tuku TREBA.
Прв пат бев на гинеколог многу пред да имам секс - на 15 години, имав некои проблеми со нередовна менстуација итн. Кога прв пат асално отидов на гинеколог, тоа беше 1 недела откако прв пат имав секс. Јас со мајка ми сум многу блиска и знаеше дека ми е во план секс да имам, и чекаше кој ден ќе ја известам дека биднало Како и да е, таа ми закажа јас си отидов. Гинекологот што ми е не гледам зошто би се срамела од него, сепак е тој првиот маж што ме видел гола (ја има породено мајка ми, и ја има пратено нејзината бременост со мене). Немав срамење, едно друго, напротив си се распрашав се што ме интересираше, плус и докторот си збореше со мене и немав гајле. Ми беше језив пап тестот, ехото ми беше малце чудно, ама во глобала ок беше. Сега одам на контроли секои 6 месеци, зошто иако имам постојан партнер и имам секс исклучиво со кондом, не значи дека нема да закачам нешто или пак нема нешто само да се развие заради ослабнат имунитет, на пример. Не знам зошто ви е срам. Јас тоа го доживувам како да одам на рутински преглед на да речеме, кај матичната диши-диши докторка Доктор си е доктор, со исклучок на забари, од кои се плашам малце
Значи и да немаш односи морално е да посетуваш гинеколог бидејќи и кога немаш односи може да ти се случи нешто како инфекција и ред други работи како и некои тешки пореметувања. Не е ништо страшно ниту па болно ако отидеш, а ќе си имаш раат глава.
Јас пошо немав матичен гинеколог другарка ми ми кажа за еден младински центар што се наоѓа во амбуланта Водно се вика Сакам да знам и баш е фино пошо имаат и ехо, а даваат и бесплатна терапија. Мене ми открија кандида и одма ми дадоа вагиналети, така да не требаше да трчам по аптеки. Идната недела ќе идам и на преглед. И баш се сите фини, не те гледаат попреку ко шо знаат кај нас по болнициве.
е да и ако сака некој да си закаже може да се јави на 3176-950 мислам дека гинеколог имаат во четврток, ама за секој случај јавете си се