Јас на 13 години бев на гинеколог.. но само на ехо а требаше и брис да ми земе ама јас за жива глава не дадов хаахах x)
На невините им зимаат брис на друг начин, само од влезот на вагината, не и од цервиксот. Мене ми зимале ептен кога сум била мала, се сеќавам ко низ магла, бев 5-6 години, незнам зошто.
не можам стварно да ги сфатам девојките на кои им е страм или страв нема потреба Гиникологот колку што гледа вагини во денот ние толку дневно не коментираме на форумот ха ха ха Не е во ред да имаш односи а да не одиш,зашто е глупаво нема причина ни за страм ни за страв. Јас одам редовно секој месец онака затоа што е ок за да знаеш се што то се случува во вагината,затоа што имаа некои инфенкции кои немат чешење ни печење
Девојки сакам да ве прашам, со дечкоми имаме редовен секс 1година и 4месеци, тој ми е прв сексуален партнер ( никогас нема да го сменам ), па дали треба да отидам на гинеколог ? Навистина ми е многу страм, а уште немам ни матичен гинеколог ... Што мислите вие ? Дајте некој совет ...
Да, треба да одиш на гинеколог. Има посебна тема со предлози за гинеколози па прочепкај ќе најдеш. А срам нема зошто да ти биде. И плус нема врска што ти е постојан сексуалниот партнер, ова се рутински прегледи што секоја девојка/жена мора да ги прави.
И јас немам одено на гинеколог,страм ми е многу а сакам да одам да си проверам се,дајте некој совет...инаку и јас имам редовен секс со дечкоми 1година и 5месеци...поз
А да ве прашам девојки...имам потреба од гинеколошки преглед поради бело прање.. кога би отишла ќе се дознае ли дека сум имала односи ? просто прашање али барам совет?
Гинекологот ќе знае, затоа што ќе ти поставува прашања. Но не се секирај не смее да каже на никој друг.
леле како те држи место да не отидеш, јас 2 недели откако ја изгубив невиноста одма отидов си проверив се, и тоа пред да имаме односи дечко ми правеше некои анализи за ППБ по мое барање, се беше ок, знаев дека нема да има ништо сега кај мене, но сепак ништо не ме чинеше да отидам да направам еден пап и хпв тест обавезно да идеш што побрзо
Па доколку ти е матичен гинекологот пап тестот е бесплатен(првиот само) , за хпв е 200 денари, за вагиналното ехо не ми зема пари а микробиолошките испитувања ( брис и уринокултура) мене ми зема тогаш 300 ама не ме држи за збор, јас мислам дека е малце поскапо, но докторов е пријател со мајка ми па мислам дека ми зема само за партиципацијата што ја бараат на микробиологија, не ми наплаќа што се вели за услугата
Па и овој гинеколог кај што планирам да одам е фамилијарен пријател, сите другарки ги однесов кај него за да не плаќаат многу, секој пат ми вика: Ти која Слатка? .. Ајде ќе видам, прво ќе му се јавам да се договориме
на гинеколог не се оди само ако ти е нешто срцка...девојка си мораш да одис редовно тоа значи барем два пати во годината....не чекај да биде нешто па да одиш