мислам дека можеш во ХЕРА тоа е некаде околу главниот влез на државна... незнам точно каде али така пишуваше на кондомите што ги делеа на 1ви декември
Кога ќе дознае некој нешто поише за ова, ќе може да пише? Затоа што и мене ме интересира, дека моите не знаат ништо и сеуште не треба да дознаат, а немам вишок пари за фрлање.. Сепак не може да не приметат ако јас фрлам 1000 туку така.. Иначе више година дена имам односи и не сум била на гинеколог.. Од срам, страв да не ми најдат нешто.. Не знам дали да чекам уште година дена па да и кажам на мајка ми и да идам со неа или да идам сама.. Хелп.. ops:
Женска јас најискерно незнам како си можела да чекаш една година и уште се мислиш дали да идеш или не.Не се зафркавај чим веке една година си сексуално активна мораш да појдеш да направиш контрола нема потреба од страв итн.Зашо ако имаш нешто не дај боже најубаво е на време да се отркие тоа.Иначе незнам која од вас праша на приватно ако идете на гинеколог не ви пишува во книшка туку на лист што они ти го даваат и јас за тоа многу се плашев.Значи мој совет иди побрзо и провери се пред да ти биде касно.
Јас прашав дали се пишува во книшка на приватно. Значи воопшто не треба ни да носам книшка?? И ако сакаш пиши кај беше ти на приватно. Однапред многу ти благодарам.
leleeeeeeeeee help ...se zacleniv na forumov bash zaradi ova tema.....imam 18godini...seksualno sum aktivna edna godina...so deckomi sme zaedno skoro 3godini...i sram mi e da kazam...ama cestopati imame nezastiten seks...ne sum bila na ginekolog...i vo posledno vreme mn razmisluvam kako da go izvedam toa odenjeto prv pat...so koj da odam kako sho....so majka mi imam mn blizok odnos...ama kako da i kazam deka imam seks so deckomi??? kako da i recam odnesime na ginekolog...iako znam deka moram da odam,duri ne e kasno :roll: pomagajte ....
Па зашто не отидеш со некоја другарка? И не е ништо стварно, ама стварно е потребно да се отиде од време на време за секој случај.
Нема што да се плашиш. Или оди со некоја другарка како што ти кажа девојчево, или пак, отиди сама и кажи му на гинекологот дека ти е првпат на таков преглед и воопшто нема да има проблем, иако сигурно ќе те искара зошто не си отишла порано, а си сексуално активна
Редовно права прегледи, веќе 4години. А за овие 4години нема што не поминав, од инекции до 100врсти апчиња. Не е многу ќе каже некој, но за млада особа сметам дека е премногу. Затоа девојки не се срамете и не го одложувајте гинеколошкиот преглед.
Од тој срам и страв не одев и јас на гинеколког...ама за прв пат во животов ми доцнеше повеќе од недела дена и МОРАВ да отидам. Пред тоа бев цело време под притисок дека или сум бремена или може нешто сериозно се случува таму 'долу' ops: Докторот, (намерно одбрав машко, некако полесно ми е да се разберам) кој забележа дека сум под стрес и дека се срамам и едно 15 минути разговараше со мене за се и сешто и кога виде дека се чувствувам послободно ми објасни се и верувајте после тоа го доживевав како најнормален преглед (ми правеше ПАП тест и ЕХО) За среќа се е во ред, се ми било од стрес и нервоза. Од сега си ветив себеси дека редовно ќе одам на преглед, сепак треба во иднина и деца да имам Затоа девојки без срам и страв одете, не е ништо страшно :up: Само храбро
Девојки јас дојдов до информација дека во амбулантата 'Водно' карши клинички центар(државна болница) работи некоја добра докторка Панговска која дава совети и прави прегледи и дека може да се отиде на преглед само со плаво картонче и нема да биде запишан прегледот во книшка. Се надевам на некого ќе му послужи информацијава додека јас соберам храброст да отидам на мојот прв гинеколошки преглед.
Лелее... Ај те молам ако можеш дознај нешто поише за докторката, како тоа со плаво картонче а не се запишуе у книшка, колку чини комплетен преглед..?? Ако дознаеш нешто или уште подобро ако веќе си отишла ПИШИ..! Вечно ќе ти бидам благодарна..
Јас сеуште не сум била. Инаку докторката работи мислам во понеделник и четврток, дава совети и прави прегледи. Одиш само со едно плаво картонче (не знам колку се плаќа и дали се плаќа воопшто) а за во книшката не запишува дека си била на преглед такада само ти и таа би знаеле за прегледот. Можеш прво онака чисто информативно да отидеш да прашаш кога работи и дали се плаќа ( иако мислам дека понеделник и четврток работи ) Ако дознаам нешто повеќе ќе ти пишам. позз
Jas bev na ginekolog za prv pat pred 10 meseci kaj doktor Tase Cvetanovski vo K.Voda karsi bilnata apteka , za ehoto plativ 500 denari
Јас пред 2 год завршив средно во медицина и сите 4год додека учев постојано имаше кампања за кај Панговска, работи само со млади до 25год. Нема зошто да се плашите слободно одете, многу е фина и баш поради тој страв и срам од гинеколог, работи исклучиво со млади и нас постојано ни збореа да одиме само кај неа и да им кажуваме на сите останати. Не знам колку чини прегледот, но работи со плави картончиња значи не е изгор скапо како во приватниве клиники, туку цените можеби се како во државна. поздрав
Јас бев на гинеколог скоро и тоа ми беше прв пат, умрев од страв правев ехо и пап, кај др. Жаклина кај билна аптека. Не беше толку многу страшно колку што е стресно и некако непријатно. ехото се издржува колку толку ама тоа пап леле ужас...не сакам да го правам пак :?
Немам некој проблем, но сакам да се прегледам (не треба веќе нешто да ми е па да трчам по гинеколози!) Ама како што имам разбрано ако немаш проблем и ако не си сексуално активно нема потреба да се оди. Ова некое табу е или?