Дечки јас отидов на 19 ипол години на гинеколог.Сега ке ви опишам..хаха, многууу ми беше страв, ама морав затоа што многу ми течеше бело прање и ме чешаше.Гинекологот беше маж и ми рече КОЈ УМИРА ОД СТРАВ ГИ КОПАМЕ ПОЗАДИ ЗДРАДАВА аххаха и ме опушти ептен.За среќа на време отидов и ми препиша само едни вагиналетки сум имала некоја мала инфекција и сега ми е многу убаво, пак ке одам по 5 месеци, ,И мој совет да отиде ништоо не е страшно.
пап 500 денари, микробиолошките брисеви ако ги правиш приватно уф ќе му дојде тоа накај 4000илјади некаде, хпв тестот мислам 1500-2000 дека е исто приватно. Не се исплати, со картончиња ќе платиш се на се 500-600денари.
Јас до сега сум била 3-4 пати на гинеколог Но поради тоа што не сум имала сексуални односи, секако неможе оној преглед да ми го прави Сум се информирала околу тоа, ништо страшно не е, што си е сигурно со тоа, сигурно си е
срцко јас баш вчера бев на гениколог обичен преглед .. ми направија обично ехо .. ми направија паптест и ми зедоа брис .. ме чинеше се приватно 1500 денари .. Поздрав и девојкии немојте да се срамите ... се работи за вашето здравје тука нема ништо срамно и страшно !
Ти земале толку пошто очигледно ти испитувале само обичен брис од вагина не ти земале брисеви за останатите ППБ затоа е толку ефтино
Девојки имам 18 години и сум сексуално активна. Досега сум немала проблеми и не сум посетила гинеколог, но во последно време многу ме чеша интимниот дел а прочитав дека тоа е еден од симптомите за " candida ". Сакам да посетам гинеколог но многу ми е срам. Мајка ми знае дека имам односи бидејки се и кажувам тој ми е прв и единствен дечко досега, одиме 3 години а имаме односи последниве неколку месеци. Сега ми е срам од реакцијата на гинеколот. Што ако тој ме критикува дека сум започнала многу мала со тие работи и слично ???
Девојче, тој гинеколог правел абортуси на 15 -16годишни девојчиња, верувај нема да те осудува. Впрочем би ти кажал браво што си имала на 17-18 години односи, денес некако тоа реткост. Воопшто не помислувај на такви работи и биди со него отворена за се, неговата работа е да ти помогне, а не да те осудува.
Девојки ај препорачајте ми некој гинеколог во Прилеп, приватно (и ако знаете да ми кажите цена )и по можност жена не сум била до сега на преглед никогаш но во последно време само таа мисла ми се врти дека морам да појдам.... не сум сексуално активна но сакам да проверам за секој случај,,,,И се разбира не сакам да ме разберат од дома
Зошто да ти е срам??? Па и да си имала односи. Оди си кај легален гинеколог, ем е бесплатно, ем ќе ти биде матичен. И не се секирај дали е маж или жена, нема да те гледа на сексуален начин туку како пациент. Поздрав!!
Не е проблемот од страм , не мора да биди жена,,, то така ако мози оти да не... Инаку барам приватен за да незнаат од кај мене дома.... не ми е згодно да кажам.... и + незнам ни кај кого...
Не знам колку години имаш, не ми се верува дека имаш 28 како што имаш напишано. Не можам да сфатам, зошто да не те знаат од дома???? Јас сум татко, имам ќерка и не сметам дека е лошо да се оди на гинеколог. Напротив, кога ќе порасни, јас ќе ја однесам ако треба. Прегледот кај гинеколог е чување на здравјето. Така да, јас да сум на твое место, би ја консултирал мајка ти и најдобро е двете заедно да одите.
зависно дали ке го правиш кај матичен или приватен. Приватните се поскапи и ќе ти требаат добра сума на пари. Кај матичен првиот пап-тест во годината е бесплатен, секој плус брис ако треба се наплаќа 50-100 ден мислам, пак зависно кај која докторка
И јас кога отидов за прв пат ми беше мнооогу срам (иако бев кај жена-гинеколог),но откако ќе отидете повеќе нема да ви е срам. не се срамете,нема ништо страшно околу тоа pozz
Ја сум нова на форумов,ме интересира да ве прашаммммм како ви беше првиот патт на гинеколог..не сум нешо сексулано активна,сум имала односи 2 пати до сеа и тоа лани..Ама морам да идам затоа што имам некои јаки болки..Ве молам помогнете ми како да се одлучам на тој чекор Фала однапред
^Нема тука ништо страшно и срамно, ако треба да одиш, ако имаш проблем-ќе одиш. Ако ти е незгодно кај доктор, оди кај докторка.. тоа е обичен лекарски преглед, неопходен.. Како што одиш кај матичен лекар или кај забар кога имаш потреба, така мораш и таму