Што е тоа Папаниколау тест и колку често е тој позитивен? Папаниколау тестот се користи за проверка на здравјето на грлото на матката. Тој открива скриени предракови промени и не се користи за дијагноза на рак на грлото на матката. Најголем број жени (околу 90%) имаат негативен брис. Кај преостантите (околу 10%) се откриваат промени во клетките кои носат мал или висок ризик за појава рак на грлото на матката. Мал број од овие 10% позитивни жени, ако не се лекуваат ќе добијат рак на грлото на матката. Статистичките податоци укажуваат дека една на сто пациентки има промени во клетките на грлото на матката од среден стпен додека една на секои двеста пациентки има клеточни промени од голем степен. Ваквите пациентки ќе имаат понатамошни испитувања. Помалце од еден, на секои илјада Пап брисеви, покажуваат инвазивен рак. Овие пациентки веднаш се испраќаат во болничка установа. Како се изведува тестот? Тестот подразбира обичен гинеколошки преглед. Со нежна дрвена шпатула се зема брис од грлото на матката и се нанесува на стакленце кое понатаму се бои и на крајот се прегледува под микроскоп. Целата процедура трае неколку минути и наполно е безболна. мислам дека малку ти одговорив
Кога би можеле, за кого би го дале својот живот? ЗНАЕ ЛИ НЕКОЈ ДА МИ КАЖЕ ДАЛИ КАЈ МАТИЧЕН ГЕНИКОЛОГ СЕ НАПЛАЌА ЕХО, ВЕ МОЛАМ ИТНО МИ Е.........МИ РЕКОА ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ НАПЛАЌА АМА МОЈАТА ГО НАПЛАЌА , ПА ДА ЈА СМЕНАМ, ФАЛА ВИ
Мене матичната ми го наплаќаше секој преглед со ехо. Ми наплати дури и кога отидов боледување да ми отвори, а не ме ни прегледа тогаш. Затоа сега си одам кај привтен гинеколог, плаќам, ама барем има современа опрема и многу, многу почовечен однос.
Ај едно прашање. Неделава одам на преглед, на ланскиот преглед имав во пап тестот и сама видов ХПВ и прашалник до него. Значи можно е да има присуство на вирусот. И ми рече гинекологот на следното доаѓање ќе направиме типизација и ќе видиме дали го имаш сигурно. Е сега јас не бев запознаена со вирусот многу, кога дојдов читав дека единствено преку сексуален однос се пренесува, вирус е, не е бактерија. Е сега да не речам 100% да не испадне нешто од што глава ќе ме боли ама со партнерот сме долго време и сме си единствени партнери значи реално нема кој да ни го пренесе вирусот. Дали неделава на преглед да барам типизација да ми направи, да не речам плус 400 денари колку што помнам иако не е многу како цена или да си го видам новиов пап тест па после да правам. Се мислам зашто не гледам причина да го имам вирусот али имам и едно прашалниче во глава
Види го прво новиот тест, не избрзувај веднаш... Типизација можеш да побараш и подоцна П.С.Јас не сум гинеколог,меѓутоа бев во слична ситуација,па испадна дека вториот тест беше о.к. Поздрав...
Постоеле типови на вирусот кои не значело дека се пренесуваат преку сексуален однос. Некои од нив потекнувале од некакви инфекции и бактерии, некои од загадена средина (како јавен тоалет) итн. Не знам подробно, но се може да се најде по интернет.
за кламидија, уреаплазма/микоплазма треба посебен брис и тест. На папот може само да се види нешто дека не е ок, ама за да се утврди тоа треба микробиолошки брисеви од цервикс, вагина и ако смета гинекологот тогаш и за овие бактерии што ги споменав. За да се утврди кој тип на хпв е присутен потребна е хпв типизација. Не се потпирај многу на пап тестот често пати дава лажно позитивни резултати, на многу девојки има покажано присуство на хпв, а потоа типизацијата покажала дека нема никакво присуство на вирусот
Јас воопшто не се потпирам на пап тестот, од гинекологот си побарав брис за детекција и карактеризација на хпв, ми зема го однесов во ману, за две недели го земав резултатот и тоа е тоа Тој тест ќе ти покаже дали имаш било каков тип од оние стотина познати.Тоа ти е најсигурно за пренесување не знам баш, имам читано дека на некои девојки им бил пренесен преку депилација со нечист топол восок, колку е ова точно не знам
а за микробиолошки тестколку се наплаќа со плави картони? и се гледаат повеќето инфекции така?освен за овие што ми ги наброја дека треба посебен тест )
Може со плави картони ако имаш матичен гинеколог, и ќе платиш некаде околу 200-300 денари зависи каде ќе ги носиш дали на микробиологија или институт за јавно здравје(институтот е мн поефтин мене ми зимаа 200 денари за сите 4 бриса кламидија,уреаплазма/микоплазма,вагинален и цервикален, за вагинален и цервикален може 100 денари ќе ти земат само на микробиологија е малце поскапо) и може да се види ако има некоја габичка,бактерија, но ако има сомневање за овие посериозните бактерии мора посебен брис
Значи за здравје пари не се штедат.Треба човек се д испита сепак одиме на генеколог еднаш годишно.Се што на време ќе се открие (не дај боже) се лечи.Моја препорака од мое искуство е да се оди редовно на гинеколог и да се вршат сите испитувања препорачани од гинеколот.А секогаш кога е потребно да се побара и друго мислење.
Имам братучетка во Битола и баш правевме муабет пред некоја недела на оваа тема, имало некоја нова клиника и во неа работеле најдобрите гинеколози во градот. Било малку поскапо, ама услугата била феноменална.
Ајде едно прашање. Со дечко ми идеме 1 година, и имаме сексуални односи веќе некое време. За ова немам разговарано сеуште со мајка ми,а досега не сум била на гинеколог.Не сум менувала секс партнери, прв ми е, меѓутоа сигурно имам некоја инфекција закачено.Сакав да прашам, постои ли можност да одам на гинеколог на преглед, без да биде тоа заведено некаде, и без ничие знаење? И ако постои, каде би можела да се прегледам и колку би чинело? Фала однапред
порано можеше да се одит така на приватно ама и прегледот мислам е околу 1000 ден плус лекарствата пак приватно ке ги платиш ! ако можиш од џепарац да си го дозволиш тоа повели слободно ! еве можеби е подобро на мајка ти да и се довериш ?!?!?!