Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гинеколошки преглед

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од SLATKA23, 17 јануари 2010.

  1. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.046
    Пол:
    Женски
    И јас пред некој месец имав таква бубуличка, ми помина за два дена, ја миев со чај од камилица и ја мачкав со кантарионово масло и се изгуби. Нема потреба за тоа да идеш на гинеколог, пробај прво вака :) Но ако веќе сакаш да одиш , за прв пат најубаво да си одиш во некоја приватна ординација каде што работат со сини картони, на државна гинекологија е луда куќа, ептен гужва има. А обичен преглед во приватните клиники ти е ремедика -1000, систина 1500 :)
     
  2. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Нема потреба од страв и страм , за вашето здравје се работи.
    ЗА да се чуствуваш попријатно гледај избери си женски докотор и проблемот е решен ;)
    Ке си одиш, прво информативен разговор.Ке те прегледа преку ехо, ке ти земи брис за пап тест.
    Ако имаш појачано белопрање со сепцифичен мирис и боја и други брисеви ке ти земи и тоа е тоа.Ако недај боже имаш некоја инфеција ке ти даде соодветна терапија и душичката ке ти биде мирна. ;)
    Таму ниту луге колат ниту јадат, така да женски само храбро не срамете се пазете си го здравјето и таа доле зашто еден ден бебче треба да излези од таму. ;)

    Ке си пишеш матичен гинеколог ако имаш плави картони, и обичен преглед без брисеви ти е безплатен.Параво на безплатен пап тест имаш еднаш годишно.
    Кај приватните клиники е скапичко секаде различно, за 900 прв пат слушам , знам Систина е 2000.
     
  3. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    748
    900 е таму јас утре каде што ќе одам, различно е во зависностод градот...
     
  4. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    748
    Денес прв пат бев на гиниколог, ми пронајде некаква раничка, докторот вели дека може да биде предизвкина од некоја инфекција , само по себе ...од се и сешто тој вели да го почекаме пап тестот.. Ме интересира ваше мислење и искуство....
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    се додека не се готови резултатите неможе да се претпоставува. Понекогаш кажуваат дека се работи за раничка меѓутоа баш поради лежиштето на бактеријата. Треба да направиш пап па ако имаш нешто да се излечиш и дури потоа да направиш уште еден тест
     
  6. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25

    a имаше ли некакви симптми..или така отиде на гинеколог ,превентивен преглед?...искрено мене страв ми е да отидам,,знам една комшивка,имаше бактерија,па требаше да ја лечи бидејќи не можеше да забремени,,си викам што ако и кај мене има такво нешто,леле ќе умрам.плашлива сум....а пред неколку месеци целка се нафрлав со мозолки,околу вагината,околу анусот,цела мозолки,не можев ни да седам,а пред тоа без многу настината..желудник,.јајници,,и имав секс со дечкоми,,после тоа ми се случи..се миев секоја вечер со топла вода и сапун,,матичната ми даде апчиња за желудник,кога ги пиев ми беше подобро али сепак мислам тоа беше од јајниците...ми рече повејќе да мокрам,,почнав повејке чај да пијам,да мокрам почесто,,,,и се уште не знам што беше тоа...а можно е дека имав секс а бев настината.цел дел од желудник до јајници ме болеше,а и местото каде што имавме не беше баш чисто..со прашина хехе
    Нема потреба од страв и страм , за вашето здравје се работи.
    ЗА да се чуствуваш попријатно гледај избери си женски докотор и проблемот е решен ;)
    Ке си одиш, прво информативен разговор.Ке те прегледа преку ехо, ке ти земи брис за пап тест.
    Ако имаш појачано белопрање со сепцифичен мирис и боја и други брисеви ке ти земи и тоа е тоа.Ако недај боже имаш некоја инфеција ке ти даде соодветна терапија и душичката ке ти биде мирна. ;)
    Таму ниту луге колат ниту јадат, така да женски само храбро не срамете се пазете си го здравјето и таа доле зашто еден ден бебче треба да излези од таму. ;)[/quлеле мора да соберам храброст да отидам,,но каде да најдам женски гинеколог..барем во мојот град сите се мажи хехе
     
  7. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    748
    Јас нема, никакви симптоми ниту пак промени отидов на рутински преглед и сега се плашам за раничката, ми каза дека ми се воспалени и јајниците но тоа е од пролада и не е страсно...
    Би требало да одиш и ти не е ништо страшно, може ќе бидеш малку напната дека е прв пат ама се е минливо ;)
     
  8. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    леле како ќе соберам храброст да отидам не знам......а колку време си сексуално активна?ако не етајна хех...дали таа раничка е од секс или сама настанала?леле многу комплицирани сме ние девојките блазе машките...а што ти кажа за таа раничка?
     
  9. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Лелеее првиот пат е многу срамно :lol: ти сема брисеви за на микробиологија,за пап и ти прави колпоскопија за да се види дали има неккои клеточни промени,и ехо.Ова ти е целосен гинеколошки преглед,ке си се соблечеш и ке те отвори со таа штипката(најгадното нешто) ке те прегледа и толку.Првиот пат е така после се навикнуваш и не е страшно,не е ни болно само срамно е :D
     
    На crnamacka01 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Црно маче, нема причина толку да бидеш уплашена од првиот преглед, но освен што е малце непријатен, не е воопшто болен. И не читај повеќе за болести, нема потреба! Само повеќе ќе ти се уврти во глава дека си од нешто болна. Пример јас сум од тие девојки кога ќе отидам не ми наоѓа ништо, а имам односи понекогаш и без заштита па тотално се е во ред со мене. Така да, мисли си дека и ти си една од нив, не биди хипохондрик.
    Е сега, ја имам и јас таа раничка, која ако се контролира, не предизвикува ништо, само си стои. Јас ја добив поради ХПВ вирусот кој моментално го немам (го имав пред 6 год.) Таа раничка се гледа со голо око, се вика раничка но изгледа само како мало зацрвенување на ткивото. Тоа се всушност раскинати клетки од површинскиот слој од епителот на матката. Оваа раничка најчесто ја поврзуваат со ХПВ, ради него се појавува, и ако во пап-наодот има присуство на ХПВ се прават уште неколку процедури, односно таа колпоскопија и брис кој се носи на типизација на вирусот. Ни тука нема ништо страшно.

    За твое добро, не гледај дали докторот е жена или маж, туку гледај да најдеш некоја што оди кај неа/него и да е со позитивно искуство. Од мое иксуство, мажите-доктори ми се некако по-посветени и повнимателни. Така да си одбрав за матичен маж гинеколог.

    Како за прв преглед, ако од око докторот процени дека нема ништо невообичаено, ќе ти земе само пап, кој btw додека го зима ти нема ништо да осетиш. Цела процедура трае една минутка. Мисли позиивно, ќе видиш дека џабе си се плашела :)
     
  11. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25

    ти благодарам многу...ќе пробам да мислам позитивно....и веќе не читам таквио статии на интернет.уплав добив читајќи хехе....ќе видам во најскоро време да отидам на гинеколог,мора да се опуштам и да отидам..тоа е тоа,што да се прави кога сме женски
     
  12. Sunshine0

    Sunshine0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    12
    Ме интересира дали некој имал сличен проблем, од периодот на овулација некаде пред 3-4 дена крварам, малку не како добиено... Бев на гинеколог и ми посочи да не е од стрес. Некој имал ли сличен проблем, други дијагнози? Навистина сум премногу загрижена, никогаш ми се нема случено нешто слично, имам редовен циклус, а и баш не верувам во тоа дека би можело да биде предизвикано од стрес. Паметот кај не ми отиде :) Помош?
     
  13. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Можеби не е ништо страшно,некоја настинка и сл.Но,чудно ми е твојот гинеколог така само да нагаѓа.Ти направи ли детален преглед?Ако не ти направил, мој совет е да побараш мислење (и преглед) од друг гинеколог.
    Ние тука може да си дискутираме за се и сешто,ама кога се работи за здравје, САМО стручно мислење на лице место му е мајката!
     
  14. Sunshine0

    Sunshine0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    12
    Направив ПАП тест, а пред тоа направив детална крвна слика пред да одам на гинеколог, кај матичниот лекар - не покажаа ништо. Никогаш не сум имала сличен проблем, и токму заради тоа претпоставката беше стрес. Фала на мислењето!
     
  15. mamamia00

    mamamia00 Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    devojki ajde dadete mi malce hrabrost i na mene da posetam ginekolg.veke nekolku godini sum seksualno aktivna no premnogu mi e strav da otidam znaci ne mi e sram tuku strav da ne mi najdat nekakava bolestija pu pu ne daj boze hipohondrik sum si jas ogromen :) a vo posledno vreme imam i nekakvi problemi i pak mi e strav da otidam no nekako sobiram sila za slednata nedela...
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Ако барем малку мислиш на себе и на своето здравје, ќе собереш храброст и ќе отидеш. :!: Не е ништо страшно.
    И ако има нешто, подобро е да се открие на време, нели?
     
  17. Nenasitni

    Nenasitni Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    36
    Колку се плаќа за микробиолошките тестови?
     
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.046
    Пол:
    Женски
    200 денари со сини картони за 4 бриса оние основните. Цената е иста и на микробиологија и на институт за јавно здравје, додека на приватно цените се различни и нормално поскапи :D
     
  19. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.046
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла дека си хипохондрик ;) оној што е хипохондрик при најмало сомневање за некоја болест одма оди на лекар, и не само што оди туку и бара повеќе мислења. Ова со сигурност ти го велам, си знам за себе. Јас отидов на преглед 2 недели после првиот однос е тоа е хипохондрик најголем :lol: :$
     
  20. maculef

    maculef Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    vaka devojki 3 goni sum seksualno aktivna,no nemozam da se odlucam da odam na ginekolog,strav mi e mnogu,bidejki drygarka mi mi rece deka koga bila mnogu ja bolelo i celo vreme placela i mu velela na ginekologot deka ja boli pregledot,no toj i rekol deka e normalno,devojki kazete mi posle ova kako da se nateram sebe si da otidam,ako ima nekoj nekoe klipce od na net neka mi prati da vidam kako toa izgleda,sto ti stava vo vaginata i kako izgleda toa vo koja forma i taka nataka ve molam pomognete mi.......