Ајде пак јас ти става спекулум најверојатно тоа ја болело бидејќи е железен( ако сакаш да видиш како изгледа пиши на гугл спекулум ќе ти искочат безброј слики од него, има различни но од прилика така изгледа), мене никогаш не ме болело ама се дешава понекогаш, најдобро за тебе да си купиш спекулум за еднократна употреба, пластичен е, некои 30тина денари во Зегин, многу подобро е со тој и похигиенски кај кај , зашто само на тебе се употребува. Она што е есенцијално за секоја жена е пап тест + колпоскопија, потоа можеш ако сакаш да си направиш и микробиолошки брисеви, нема врска дали имаш или немаш некои симптоми, многу опасни бактерии може да се скриени а да не даваат симптоми , а да прават проблеми таму долу потоа може да те види и со вагинално ехо. Тоа е тоа, друго што да ти прави нема ништо страшно и кратко трае се на се нема ни 10 минути
имам веќе прашано колку се микробиолошките тестови,околу 250 300 ,зависи ми кажаа дека се..е сеа ме интересира колку се плаќа кај гинекологот се на се за направени 2 теста без ехо и пап.,плус се плаќа и сама ли треба да ги однесам тестовите? матична ми е докторката од гинеколошка ординација мама
Значи не се 250-300 туку се 200 со сигурно ти кажувам. 4 бриса( цервикс, вагина и брис за кламидија и брис за уреаплазма), овие 4 ти се 200 ако направиш 1,2 сигурно ќе е помала цената, толку се плаќа како партиципација. Гинекологот може да ти земе пари за зимањето на брисеви сега зависи колку 100-200 денари кој како сака толку ќе ти земе искрено кажано обично брисевите сама си ги носиш, освен ако не ги носи самиот гинеколог кој секако и за тоа ќе ти земе додатно пари најубаво сама да си ги однесеш , нема гужва на микробиологија како порано
Девојки ај ве молам препорачајте ми некој добар гинеколог во систина, и дали снаете колку коште еден комплетен преглед во систина
Имаш ценовник на страната на систина таму можеш да си видиш се уствари еве ти http://www.sistina.com.mk/images/cenovn ... stina1.pdf . Добар гинеколог сите освен Иванов тој не ми остави добар впечаток ич.
Девојки во форумов прочитав неколку коментари слични на мојот проблем но не успеав да прочитам конкретен одговор эа девојка која била на гинеколог после ова....јас пап направив пред 5 месеци и беше во ред. Минатиот циклус, а еве и сега многу по обемно ми се случува да пред и по циклус имам кафена боја..темно кафена боја и овој месец крварев само 1 ден ( инаку крварам 3 - 4 дена ). Сакам эа 3 до 4 дена да одам на гинеколог, но многу сум испалешена эаради тоа ова ми се нема никогаш случено имам 23 години и редовно посетувам гинеколог!Датумот ми е редовен немам никакво доцнење само што крварев многу малку, а целиот исцедок еве 3та дена по ред ми е темно кафен и многу малку мислам само по 3-4 капки слично како вагинален секрет . Ако го имал некој истиот проблем Ве молам кажете ми эа што се работи бидејки не можам да иэдржам. А, во мегувреме немам односи со дечко ми додека не си го решам проблемот! Ве поэдравувам! **
девојки ај ве молам доколку има некоја од битола да ми препорача добар гинеколог жена...ве молам,,која може да ми биде матичен...
девојки,јас веке закажав на гинеколог,да си имам матичен,и да направам комплетен преглед.многу ми е страв и срам,како ли ќе отидам?изгледа зборував со докторот на телефон,срцето ми застана.....охрабрете ме малку,многу ми е страв......и срам.леле како ли ќе го издржам тоа?
Девојки дај ве молам пишете какво искуство имате со др Јован Костадинов од Систина, гледајќи тука на страната на систина се решив кај тој да закажам, или кај снежана тимчева, и слободан дракуловски од тие тројца се двоумам дај помогнете ве молам
правев брисеви сите четири и уринокултура.уринокултурата беше ок ,али ми открија бактерија на брисот од уреоплазма (микроплазма) доктораката ми препиша лекоклар(clarithromycinum)два пати на ден ,7 дена.е сеа ме интересира дали треба дечко ми да прима некаква терапија или ова нема врска со него?и дали треба наредните 7 дена да немам односи??
Јас одам во систина за гениколошки прегледи кај Гордана ( мислам дека се презиваше Петровска ) И многу сум задоволна, овие што ги наброја- не ги знам...
Kostadinocv е одличен доктор врвен професионален секогаш искрен многу реален и многу харизматичен човек а и многу е фин,ми се допаѓа дека не е арогантен туку човек на место
Полово пренослива бактерија е, која најверојатно ти е пренесена од него, или пак ти на нему затоа треба и двајцата да примате терапија за да не се постигне јојо ефект, кај тебе да се излечи а кај него не и на крај пак да ја добиеш ти, и додека се лечиш не треба да имаш односи
Јас кога бев бремена ја имав уреоплазма,пред да се породам пиев еритромицин една доза(мм не пиеше)откако се породив после 6 месеци отидов пак ги правев брисевите и искочија негативни.
девојкиа,ми треба вашата помош..ќе ви бидам бескрајно благодарна.....мојот гинеколог е на одмор,а јас денес ги зедов резултатите од пап тест..во паника сум,,не знам што значат одбележаните..ве молам кажете ми вие што веќе сте направиле таков тест.. 1.адекватност на размазот заокружено е второто---задоволителен за анализа но ограничен со оласта воспал. 2.епителни клеточни абнормалности-атипични плочести клетки 3.габични инфекции-кандида.и кокоидни бактерии реактивни промени-инфламација 4.хормосни статус-компатибилен со возраста ве молам,вие што веќе сте направиле пап тест,се рабзирате од ова..кажете ми што мислите според вас...гледамд ека имам кандида...но што значи атипични плочести клетки ASCUs ве молам,помогнете ми,ако сакате,однапред ви благодарам
Гинеколошки преглед 1 годишно обавезно! без разлика дали се има проблем или не. Јас па неам никаков проблем ни срам со прегледов (у природа сум мн зборлеста) па и докторот ми е таков, човеков цела анатомија ќе ви ја објасни, ќе си имате час по биологија без пари, а ќе си дознаете се, ја прашувам, он раскажува, во една прилика мислам и матката ми ја црташе мн е закон Иначе имам слушнато дека на клиника каде се носат примероците од преглед баш и не ги испитувале ко што треба, кој како, зашто си имале мн работа луѓето . Дали е точно или не, незнам...
Јас до сега не сум била на гинеколог. Имам 17 а сексуално сум активна 3-4 месеци... Бидејќи не сакам мајка ми да знае, морам да одам на приватен гинеколог, па ме интересира како изгледа и колку чини еден обичен преглед? Немам никаков проблем но кога ке сметам дека треба да одам сакам да бидам однапред информирана. Благодарам