Се јавуваш закажуваш преглед, таму кажуваш дека сакаш да направиш пап тест и ехо... ќе те праша прво колку време ти трае циклусот, дали ти е редовна, бла бла... ја прашуваш ако нешто те интересира... Па седнуваш се шириш ти зема брис и готовоооо. Па следува ехото. Би те чинело околу 2000 денари, ќе си прашаш тоа по телефон.
Со сличен проблем како претходните девојки. Јас сум сексуално активна веќе две години со истиот партнер Спојлер кој ми е и прв и до сега сум била само еднаш на гинеколог. Имав добар feedback од докторката која ме прегледа но бев за ситница, имав бело прање и не знаев како да се справам бидејќи првпат ми се беше појавило и ме извади од памет. Сега мајка ми знае дека сум имам секс, и ја замолив следниот пат да идеме заедно и да направиме се комплет Пап-тест, ехо, брис. А таа само ме изнаплаши со тоа како во нашата фамилија генетски сме навлекле рак на матка и како она, баба ми и пра баба ми прво имале тешкотии во раѓањето а потоа и навлекле првишна фаза на рак па морале да ги остранат своите матки. До сега се имам пазено, но помислата дека ако отидам повторно на гинеколог и дознаам дека можеби сум потенцијален носител на тие проклети клетки или уште полошо неможам да раѓам ме вади од такт. Јас го одложувам ова идење со тоа што се правдам со немање пари а мајка ми се прави наудрена мислам и дека на нејзе не и е сеедно за да ме носи. Освем тоа на мои години и кажале дека и следуваат вакви проблеми. Што да правам? :'(
А зошто го одложуваш? Бегаш од самата себеси. Што и да е, подобро е да се открие порано, така да јас најтопло ти препорачувам да одиш и да се провериш, се надевам ќе поминеш добро
Девојки ме интересира следново. До сега бев на приватен гинеколог и сега сакам да одам некаде со плави картончиња. Ме интересира дали доколку докторот кај што ќе отидам го назначам за матичен, првиот преглед, пап тестот и се остало ќе ми наплати како да сум на приватно, а тек од наредни прегледи ќе си плаќам како кај матичен со плавите картончиња или? Се надевам ме сфаќате што сакам да прашам
Arriety ако твојте имале немој да се оптоваруваш дека и ти можеш да го наследиш, само оди си редовно на контроли тоа е нормална работа да посетуваме гиниколог, еве кај мене мајками пред 8 год ја правеа рак на градите се помина во најдобар ред и знаеш што?? никој од нашата фамилија ја нема оваа болест, овде многу фактори влијаат исхрана, стрес ... имаме разговарано со неколку доктори баш поради тоа и најновите истражувања покажуваат дека генот има се помалку значење за болестите пред се најважно е правилниот начин на живот, немој да се секираш и да мислиш на најлошото и јас како помала сешто слушав во лице ми кажуваа дека можам рак да добијам ама сега воопшто не се замарам, грижи се за себе али отргни ги најлошите мисли и пред се оди си на редовни контроли не за да чекаш лоша вест него една инфекциичка да добиеме најдобро е побрзо да ја отстраниме па нели треба да рагаме мамички ке бидеме поздравче и немој да се грижиш
Доколу имаш плави картончиња,одиш кај гинекологот да ти стави печат за матичен и веднаш влегуваш во процедура што во превод значи дека нема да ти биде наплатен приватно прегледот,туку ке си платиш само партиципација
И што ќе направи со ехото само? Кога папот е побитно што се вика. Сексуално активна е, и кога веќе се решила да отиде нека ги провери најосновните работи. Ехо и пап тест.
Матична ми е Др надица Ѓеровска,мегута прочитав дека веке не работи со фондот,па пишав на 2-3 феминки во инбокс за препорака мегута сеуште не најдов соодветна нова матична.ве молам за препорака бидејки ми е хитно,пред месец и нешто и правев сите 4 микро тестови плус урино култура,сите беа во ред мегутоа на уреоплазма и миколплазма ми најдоа нешто па пиеф антибиотик.мегутоа како да не поминало ме пече,иам секрет и ме чеша.ми е страв да не сум фатила нешто по сериозно?и дали освен овие тестови има и други кои можат да покажат некое забнолувње кои овие 5 не го покажуваат?ве молам да ми препорачате добра жена гинеколог,да е некаде околу центар,да не е многу скапа да е приватно но да работи со плави картони.Ве молам побрзо
здраво..сакам да отидам на гинеколог така на преглед чисто информативно ..но незнам дали ќе може да отидам сама без родител бидејќи сум сеуште малолетна... дали може сама на приватно..?или државно..?ве молам пишете тие што знаете како одат работите за да се оди на преглед на гинеколог.. фала ви однапрет...
Можеш да одиш сама, Си одлучуваш кој гинеколог ќе ти биде матичен, ќе си тропнеш на врата и ќе си направиш чист информативен разговор. Не ти треба ништо освен здравствена книшка и плаво картонче е се разбира сигурно си осигуреник на некој од родителите. Во случај да не сакаш да дознаат само приватно но приватното каде каде е поскапо.
првиот пап тест во годината на се наплаќа тоа е гратис од влада. Секој нареден во текот на годината се плаќа минимално. А земање на брисови за испитување на бактерии се наплаќа и тоа е минимално дали 100 ден. од брис да не те лажам доколку си со матичен лекар
девојки сакам да прашам дали боли правењето на тој ПАП тест .. ?? што всушнот ти прават ?? фала ви ...
Па, да ти кажам боли малку.ке легнеш на столот,со раширени нозе,а др ти става еден инструмент,баааајги длабоко,стега малце и со инструмент си зема сосем мало парче за испитување.треба да си олабавена,а јас не можам.мене искрено ме болеше.позз и не мисли на тоа,опуштиси се
Не боли, освен ако не си валјда многу стегната. Јас секоја година одам на контрола, ниеднаш ме нема здоболено