Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гинеколошки преглед

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од SLATKA23, 17 јануари 2010.

  1. mila.66

    mila.66 Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Девојки, ај еден совет :)
    Не сум сексуално активна, но матичниот лекар ми рече дека мора да појдам на гинеколог.
    Може ли да ме посоветувате за првиот гинеколошки преглед?
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Не се плаши, ништо страшно, најверојатно ќе ти направи едно ехо, постави некои прашања и толку. Ако си невина не верувам дека ќе ти зема брис.
     
  3. mila.66

    mila.66 Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    ти благодарам slavica999 :*
     
  4. Suzi-Q

    Suzi-Q Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    не се секирај не боли тоа е добро да се провериш.
     
  5. Pandoraa

    Pandoraa Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Гинеколошкиот преглед е потребен за секоја девојка без разлика на нејзината сексуална активност. Препорачливо е после добивањето на првиот циклус секоја девојка да отиде на преглед, за да се види работата на органите.
    Понатаму прегледите ќе ги дефинира вашиот лекар, во завиасност од потребите. Јас одам на секои 6-7 месеци. Но се разбира, доколку забележам некоја промена, ќе посетам гинеколог.
     
  6. enamorena

    enamorena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    e aj pomognete mi mene...:) mojata majka pocina od rak na matkata i bese mnooogu loso..jas sega imam 22 god i nemam napraveno pap se od strav..nemate pojma kolku imam nabieno strav od rezultatite a mazena sum 3 meseca a bebe pravime veke 7 meseca i nisto...mi se place od nervoza koga ke se nacne temava dali doma ili bilo kade...sto da pravam ocajna sum.znam deka mora da odam ama ima nekoi sekavanja sto nemozam da gi zaboravam
     
  7. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Денес ке одам на гинеколог на контрола ке видам дали е се добро пиев хормонални апченца за цистата на левиот јајник па имав мензис и сега ке треба да ја нема.Ке ви пишам.
     
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    енаморена навистина ми е жал за твојата мајка но сега треба да внимаваш на себе. страв би требало да имаш од неодење на гинеколог а не од самите резултати, бидејќи и недај боже да се најде нешто што порано толку полесно ќе се излечи а ако одложуваме само проблемот ќе стане се поголем и поголем. со негово игнорирање тој не исчезнува туку се зголемува. и на мојата мајка и беше пронајден тумур и отстранета цела матка но е жива и здрава. јас од страв пак одам на контрола на секои 6 месеци.

    собери сила сопругот под рака и грижи се себе. мора да бидеш појака од самиот твој страв.

    поздрав и ти посакувам се најдобро
     
  9. enamorena

    enamorena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    fala ti mnogu joelle, moram da se ohrabram veke ednas...mislam deka posle prviot pregled nema da go imam ovoj strav
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Pandoraa

    Pandoraa Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    ЕнаМорена, сите ние имаме некој страв кој го носиме во себе и треба да се трудиме да го поминеме. Баш поради тоа што ти си го поминала, ти мораш да собереш храброст и да отидеш на гинеколог. Тој преглед е како и секој друг, ништо страшно и срамно.
    А кога веќе си мажена и сакаш да имаш дете, тоа веќе не е дали сакаш, туку мораш. И да затрудниш, од каде си сигурна дека не носиш никаква бактерија во тебе што нема да се одрази на здравјето на бебето??? Крај краева, не идеш на гилотина, идеш на лекар за твое добро и добро на твојата фамилија !
     
  11. liily

    liily Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    5
    ме интересира дали може ако утре отидам на гинеколог а денес сум имала секс да ми каже за забременување и такви работи или не?
     
  12. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Јас за прв пат отидов на 19 години од кога почнав да бидам сексуално активна! Бев со надобрата другарка и језиво ми беше, ама после станува како секој нормален преглед :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.075
    Допаѓања:
    66.893
    Пол:
    Женски
    Дали има врска сексот со микробиолошките брисеви? На пример дали не треба да се има секс ден-два пред да се оди на преглед или нема врска тоа?
     
  14. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    ^ Знам дека за колпоскопија има врска, а за ова мислам дека нема врска :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ej-bi

    Ej-bi Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    16
    Добар гинеколог?

    Сакам да прашам од колку до колку пари одат прегледите кај гинеколог? Прашувам за обичен рутински преглед
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Добар гинеколог?

    кај матичен гинеколог еднаш годишно имаш бесплатен пап-тест, кај приватните секој си има своја тарифа
     
  17. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Добар гинеколог?

    За обичен рутински преглед мојата докторка не зема воопшто пари.
     
  18. anu666ka

    anu666ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    najprvin se izvinuvam sto pisam latinica,no nemozam kirilica. Bi sakala nekoj sto znae da me informira za ginekoloski pregled za seksualno neiskusni,nevini. Koi i kakvi testovi se pravat,kako se pravat. Kako se otkriva deka se ima kandida,preku kakov test. I dali mozi da se odkrie nekakvo vaginalno zaboluvanje ili infekcija,virus, preku analiza na krv i mokraca od maticen opst lekar,dali ke se pokazi na analizata nekakvo vaginalno narusuvanje i nekakvi zaboluvanja na jajnicite.cista i sl. Blagodaram od napred.
     
  19. anu666ka

    anu666ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    najprvin se izvinuvam sto pisam latinica,no nemozam kirilica. Bi sakala nekoj sto znae da me informira za ginekoloski pregled za seksualno neiskusni,nevini. Koi i kakvi testovi se pravat,kako se pravat. Kako se otkriva deka se ima kandida,preku kakov test. I dali mozi da se odkrie nekakvo vaginalno zaboluvanje ili infekcija,virus, preku analiza na krv i mokraca od maticen opst lekar,dali ke se pokazi na analizata nekakvo vaginalno narusuvanje i nekakvi zaboluvanja na jajnicite.cista i sl. Blagodaram od napred.
     
  20. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Хехе, и јас треба да одам конечно, само не знам што фризура да правам :D
    Искрено, не знам што е понезгодно, да одиш бразилска или само препони. :?: