како сакаш таква фризурка направи и мислам дека никој нема да ти замери за фризурката па нема ни да те примети среди се и оди важно е да отидеш
Јас сум за минивал! -Никакви фризури немој да правиш, одиш на преглед не одиш на изложба. Не му е важна на твојот гинеколог фризурата, тој те гледа како пациент и битно му е да те прегледа. Фризура планирај си и прави си за некоја друга прилика. Најважно е да си чиста и средена за време на прегледот.
сте ме изнасмеале со ова фризуриве.... А јас неможам ни да замислам каква е мојата фризурка (сигурно е како тифус нешто) само се бричам и ништо неможам да видам од стомаков (крај на 6от месец од бременоста)
Епа вака би сакала да одам на гинеколошки преглед..но ме интересира како би изгледал целиот тој прелед за една невина девојка и какви се прашања би поставил докторот...Бидејќи свесна сум дека гинеколошкиот преглед треба да биде редовен за една девојка и за нејзиното понатамошно здравје ама пусти срам и страв само одложува...како ке биде што ке се случува какви прашања ке ми поставува....
Јас за темава мислам дека ,гинекологозите сега бидејки се приватни претеруваат со "добронамерните " препораки ,па на 6 месеци преглед па на 3 ке измислат може и секоја недела што И од рак може да се разболиш па не одиш секој месец да видиш да не имаш не дај боже . Нормално треба да се направи преглед еднаш годишно , или пак доколку забележите промена или имате проблем нема место тука за туфкање срам ми е веднаш на преглед ! Ама и се претерува на една другарка цистичка имаш, девојчево 100 пати доаѓаше демек ја лечи , отиде на кај друга докторка и се смеше од што ја лечеле и колку пари и трауми поминала за циста што пука пред менструација.
LoveIsAllAround Епа вака би сакала да одам на гинеколошки преглед..но ме интересира како би изгледал целиот тој прелед за една невина девојка и какви се прашања би поставил докторот...Бидејќи свесна сум дека гинеколошкиот преглед треба да биде редовен за една девојка и за нејзиното понатамошно здравје ама пусти срам и страв само одложува...како ке биде што ке се случува какви прашања ке ми поставува.... Штом немаш односи немаш ни потреба од гинеколошки преглед. Но штом си запнала ке ти направи ехо на матка и јајници. Ке те праша дали имаш редовна менструација. И толку!!!
Имам едно прашање. Сексуално сум активна од пред 4 месеци и сакам да појдам на гинеколошки преглед бидејќи во последно време имам пообилно бело прање и да не имам некоја инфекција, но другарка моја ми рече да одам после 6 месеци од сексуалниот чин. Дали има врска времето?
Имам 18 години и сум веќе 6 месеци сексуално активна. Немам никакви проблеми до сега, но после колку време треба да се отиде на преглед? (вака според некое непишано правило) Знам дека можам да отидам кога сакам, ама би отишла само ако морам. Што мислите?
Јас првпат отидов на 20години Не го земајте ова за совет,сум читала дека е убаво е да се оди од добививањето на првата менструација онака чисто за себе за здравје. Јас имав 1 сексуален партнер,се пазевме,користевме заштита,и освен бело прање пу...пу...пу...друга мака сум немала...Па и затоа не сум била предходно...освен кога почнавме да живееме заедно и престанавме да користиме заштита...
Nema nisto strasno od idenje na ginekolog bez razlika dali e masko ili zensko ginekologot,profesionalnosta e na prvo mesto sto jas licno imam otideno i kaj zena i kaj masko (iako mislev deka ke mi e sram i sl) sepak doktorot bese tolku ok sto mislam podobro pominav togas na pregledot otkolku kaj zenski ginekolog! zatoa site na pregled...podobro spreci otkolku leci
I jas otidov mn.docna na prviot gin.pregled,duri na 23 godini! Pricina zosto ne otidov porano:1.Se sramev 2.Nemav zdravstven problem. Duri otkako dojde jajceto na dupe sto se veli,se pojaviv na gin. I da...mnogu poubavo sum si pominuvala kaj maski,otkolku kaj zenski gin.
Дали некоја од вас имала преглед (со пап тест и колп.) кај доктор Боро, позади кинг бургер во центар?
Јас прв пат отидов на гинеколошки преглед на 18 години, и за сите девојки кои се двоумат и на кои им е незгодно да одат,се срамат и се плашат, да им кажам дека воопшто не е така страшно како што сега си седиме дома и си замислуваме, како прво ни боли ни ништо, нема од што да ви е страм,тоа му е работа на гинеколозите а и кога веќе ќе ви биди прв пат закажете кај женски гинеколог и така помалце ќе ви биди срам!
Сеуште не сум отишла на гинеколог,а сум активна на сексуално поле. Причини зашто не сум отишла ми се: 1.Срам 2.Страв 3. Страв од тоа да отидам со мајка ми ,бидејќи таа незнае дека сум активна на сексуално поле,а рано ми е да и кажам,башка не сум воопшто блиска со нејзе...:/ *Сега дојде до таква ситуација каде што морам да ги проверам хормоните и да идам на гинеколог и тоа таа што ја прегледува и мајка ми..Совет некој? Дали Гинекологот би ме послушал доколку ја замолам да не и кажува ништо на мајка ми? Незнам што да правам..:/
да тоа му е обврска на гинекологот да си ги штити пациентите ти сепак напомени и дека мајкати незнае дека си сексуално активна и дека одиш само за хормони а успат нека ти земе и пап тест и ехо прегледнека ти направи
Дали тоа се плаќа?? Бидејки секако мајка ми ќе сака да дојде,а доколку се плаќа како би го извела јас сето тоа? И резултатите од тоа како би ги видела само јас :/
Девојки, веке можеби 2-3 години имам чешање на вагината, користам канестен и повремено престанува но по извесно време повторно ми се појавува тоа чешање. Сега скоро 1 год. сум сексуално активна а досега немам одено на гинеколог (додека тоа чешање повторно се јавува од време навреме дури некогаш мн ме боли дури и кога ке се туширам ме пецка ) исто така непријатно ми е да седам,одам во вц или да пешачам кога го имам тоа чешање ве молам за совет
Совет нема освен да си одиш на гинеколог да не е некоја инфекција тебе ова ти трае со години што чекаш едноставно оди и реши си го проблемот , ние овде може само да нагаѓаме што е и кажа си користела канастен но не помогнал тогаш се знае решението кај треба да го бараш. Едноставно за да ти го смири чешањето земи изми се со чај од камилица.