Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гинеколошки преглед

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од SLATKA23, 17 јануари 2010.

  1. Pufce27

    Pufce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    88
    не знам дали ова е вистинското место каде треба да го постовам ова прашање али сепак ... се породив пред 2месеци со царски рез крварев ама не она некое крварење негде две недели... но сега пред една недела повторно почнав да крварам си помислив дека може да е циклусот крварев 5 дена но, по два дена почнав повторно да крварам се плашам да одам на гинеколог што мислите се работи за нешто сериозно имала ли некоја ваков проблем ???????????
     
  2. Smaragdna

    Smaragdna Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    Јас колку што знам ,во ред е да се крвари до 40 дена од породувањето,а не по два месеци..Оди на гинеколог недај боже да не е нешто страшно..на братучедка ми и заборвија дел од плацентата и еден од знаците и беше крварење..да не те плашам,ама не си играј :!: :!:
     
    На Pufce27 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    се уште немам отидено на гиниколог од срам а одамна требаше да го направам тоа но во нај скоро време ке морам
     
  4. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    5.892
    хммм...се знае во некој помал град кој ти е матичен или си го бираш? (да не ве "зимаат " самите гинеколози..како нивни пациенти :$ :$ :$ )
     
  5. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Одам редовно на гинеколог на секој 3-4 месеци, чисто онака проверка.Многу ми е страв од инфекции оти знам колку се болни и затоа редовно си се проверувам
     
  6. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Ако во местото каде што живееш има само еден гинеколог тој ти е матичен. Јас живеам во мало место каде што има само еден и никогаш немам отидено кај него, но ете матичен ми е. Па кога сакам да одам на преглед си земам упат од него и си одам во друг град, или пак си одам на приватно. Подобро да си платам отколку да одам кај овој нашиот што е.
     
  7. ina09

    ina09 Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    јас бев денес за прв пат во ПЗУ мама кај Надица Героска, и жената е навистина супер. Се ми објасни, ме прегледа, добро поминав за паниката што ја имав :rofl: :D
     
  8. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Сексуално сум активна веќе со месеци(можеби има околу една година) и би сакала да отидам на гинеколог. Не сум имала до сега никаков проблем во врска со тоа, ни инфекции, ни ништо. Е сега бидејќи ќе одам прв пат на гинеколог,би сакала да ми каже некоја феминка како би изгледал тој преглед? Колку би ме чинел приватно? И дали ќе ми треба здравствената книшка?
    Прашувам бидејќи планирам да одам со другарка бидејќи мајка ми не знае сеуште дека сум активна, па не ни сакам да дознае сега.
    Значи прашувам само за приватно. И може и да ми препорачате некој гинеколог приватен во Скопје. :)
    Ви благодарам однапред. :*
     
  9. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Без разлика на тоа што ќе одиш на приватно, здравствената книшка земи си ја со себе. Не знам да ти кажам колку точно би те чинело, сепак приватно си е приватно па имај си со тебе повеќе парички за секој случај.
    Не е ништо страшно, обичен преглед со вагинално ехо.
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    88
    Пред една недела за прв пат бев на гинеколог.Се изненадив од самата себе пред да флезам ми беше мн страв и срам и имав трема ко влегов како нишо си се опуштив и се си помина нормално.
     
  11. Pegavata

    Pegavata Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    6
    Феминиски ќе ве молам за помош ... Имам 18 год. и со дечко ми одиме веќе скоро 2 год ( :inlove: ) и сум сексуално активна неколку месеци ... но срам ми е многу да отидам на гинеколог, а дечкото ме тера ( да се проверам - за мое добро ). Кои се стандардните прашања кои ги поставува и да не сум '' мала '' со години да одам. :( :sweat:
     
  12. Smaragdna

    Smaragdna Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    Не си мала воопшто,и има право дечкоти за твое добро е.
    Ке ти направи пап тест(кој е бесплатен 1 во годината,кај матичен гинеколог),може и вагинално ехо да ти направи доколку ти сакаш,микробиолошки тестови(јас ти препорачувам да ги направиш да провериш случајно да не имаш некоја инфекција или бактерија) И тоа е тоа.Не е нешто комплицирано
     
  13. Pegavata

    Pegavata Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    6
    Ти благодарам многу ... ќе ги направам сите тестови ... ^_^
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.141
    Допаѓања:
    36.458
    Пол:
    Женски
    Обавезно да одиш на гинеколог. Моја другарка има 24 години и е сексуално активна скоро 3 години, а уште не отишла на гинеколог. Срам и е. Како може да и е срам да се грижи за сопственото здравје? Не можам да го сфатам тоа.
     
  15. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Ке одам и јас прв пат на гинеколог,сакам да прашам колку би ме чинел целиот преглед.Одам прв пат и планирам таа докторка да си ја земам за матична.Се на се колки би ме чинело?
     
  16. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.961
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Се зависи каде ке одиш и дали прегледот ке е приватен бидејки уште не ти е матичен гинеколог но постојат пакети по 1500-2000ден
     
  17. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Собрав некако храброст и јас да отидам на преглед , после првиот однос кој неодамна го имав. Сеуште имам страв (поише срам :D ) ама ќе морам очигледно и тоа ќе биде во текот на наредната недела заедно со дечко ми.
    Се одлучивме кај Кацарски, он има многу позитивни мислења за него, ја водел бреместа на 2 негови братучетки кои имале потешкотии но со неговите совети се протекло ок.Се јавив денес да прашам што треба да ми биде матичен,но ми рекоа прво да отидам на преглед кој ќе се наплати приватно :( Сакам да ве прашам колку отприлика чини еден приватен преглед ,пошто знам дека е поскапо секако и дали некој успат има некое искуство со Кацарски или слушнал нешто.. Ви бладодарам однапред. :*
     
  18. Lilly3

    Lilly3 Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Имам 20 години и сум сексуално активна но не сум отишлна на преглед....незнам ни дали ке соберам храброст да отидам сега скоро... :(
     
  19. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Моево прашање е малце грдо :$ но се надевам некој ќе ми одговори.Пред 2 недели имав однос за прв пат,ми потече крв,( и цел нареден ден,)ме болеше што е знак дека не сум повеќе невина. Наредниот ден немавме,дечко ми не сакаше да ме боли,бидејќи ме болеше така повеќе.. Закажав на гинеколог за во четврток но сега ме мачи тоа ,нели сепак вагинално ехо, се плашам дека не сум доволно отворена и слични работи, да не се посрамотам,бидејќи од тогаш не пробавме веќе, што поради болка,што поради услови..Се надевам некој ќе ми одговори..
    Иначе по инсистирање на дечко ми ја убрзав посетата на гинеколог. Фала однапред :)
     
  20. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Бидејќи не добив никаков совет и подршка од вас,си отидов на гинеколог со голем страв,но подршка од дечко ми кој беше со мене,секако не и за време на прегледот но многу ми значеше неговото присувство. Поминав добро здрава,права со непотребни стравови и топло препорачувам на секоја девојка(особено сексуално активна) да оди на гинеколог,страв и срам секако дека ќе бидат присутни но најважна е грижата за своето здравје ,особено интимното за да не дојде по проблеми понатаму и каења што не се отишло на време.
    Иначе ние како народ немаме култура за посетување на гинеколог,што е жално :(
    И кажувам на другарка постара 2 години дека сум отишла на преглед..ми се изнасмеа и ми рече никогаш не би отишла |( а со дечко и 5 години се заедно..од него не и е срам?
    За сите што се двоумите дали да отидете или имате страв,срам ја имате мојата подршка а и добар гинеколог на кој му треба може да ми пише..ако јас што се сметам за срамежлива сум отишла кај него тогаш може секој :)
     
    На Anci.A му/ѝ се допаѓа ова.