здраво девојки. Ми треба ваша помош Решив конечно за прв пат да посетам гинеколог. Само ако може да ми кажете, по колку дена од кога ќе ми заврши менструацијата е најдобро да одам на преглед?
Луѓе имам закажано преглед утре во 8 сабајле,но ми дојде менструација вчера.Не ми се смејте,прв пат ми е да одам и многу ми е срам Дали да се јавам да презакажам или тоа што го имам не е проблем??
епа како ќе те гледа со менструација ако имаш односи ке те види и со вагинално ехо и така ке те прегледа, си требала да почекаш да ти заврши па да закажеш откажи го нема друго чаре
Гениколог Дали за преглед кај гениколог треба упат од општ матичен лекар? или можеш дирекно на гениколог да отидеш?
Гениколог Јас кога прашував ми рекоа дека не треба упат. Него имам и јас едно прашање доколу прв пат отидеме на гинеколог дали тој ни станува матичен гинеколог автоматски или ?
јас за прв пат бев на гинеколог пред 1 недела ,тој е гинеколог на мајка ми и го прашав дали ке може и на мене да ми биде,ми кажа дека нема проблем,ме прегледа тогаш и за прегледот ми зеде 450 ден бидејќи сеуште не ми беше матичен,ме прегледа вагинално и на ехо и ме мачкаше со една маст ,после 4 дена од кога ми ја препиша терапијата отидов на контрола и дами се пише матичен,ме прегледа и ми зеде само 100 ден,бидејки ме премачкуваше со една маст пак
Moram da odam na ginekoloshki pregled so majka mi da me gledaat na eho dali ginekologot ke za eho bi me prashal dali sum imala seksualni odnosi i dali ako primeti bi kazal na majka mi
па на ехо нема да познае 100 % дали си имала или не , но за вагинално најверојатно да ! инаку секако ке те праша дали си имала однсои мислам дека сите прашуваат
Секој гинеколог ќе те праша дали си имала односи. Нормално нема зашто да лажеш, тоа е за твое добро. Ако си невина ќе те прегледа само со ехо, ако си имала односи можеби ќе биде потребно и вагинално, зависи зошто одиш. И аман бе со тие мајки Нема зошто мајка ти да влегува со тебе внатре, нека те чека надвор. Гинекологот нема зашто да и каже, сеедно што ти е мајка (докторска етика). Твое е дали ќе и кажеш или не, ама стварно не разбирам што се криете и срамите од мајките
Имам другарка која што има 24 години и заради истата причина како и teodorka123 не сака да оди на гинеколог. Страв и е мајка и да не и види во книшката дека има печат од гинеколог.
Не,не не можам да сфатам некоја 20+ да не отиде на гинеколог,а оправдание да и биде СРАМ И не е срамно,жално е да не се грижиш за твоето интимно здравје кој е најбитно за секоја жена. А пред дечкото не ги срам да се соблечат..? За мама да не дознае па немора да иде зошто комплицирате кога е едноставно земете другарка и трк на гинеколог! Ако одиш на гинеколог не значи дека си бремена, само тие што се позаостанати ќе помислат така. На крај краева ако толку не им работи свеста да отидат неможеме ние никој со сила да тераме..тие што сакаат имаат подршка тука на форумов од добар дел од нас и верувам тоа дополнително би ги охрабрило.
хаха јас пак со мајками бев , и мајками знае дека сум имала односи и не ми се одеше сама со неа бев онака да си направам контрола нема ништо срамно тука се работи за наше здравје ! подобро срам одколку болест ! секоја 2ра жена заболува денеска од лоши болести кои доаѓаат баш од таму , а се што се одкрите на време се лечи па така да девојки после 17 години обавезно редовна посета на гиниколог !
Сериозно ли девојките кои од таа причина не одат на гинеколог мислат дека мајките нивни нафта пијат? Па и да веруваат дека се уште се невини, помало „зло“ е да дознаат дека се сексуално активни, отколку не дај Боже да им се јави некој проблем затоа што не вршеле прегледи на време. Кога е здравје во прашање, нема простор за срам.
И јас и се чудам на другаркава. На тие години мора да оди на гинеколог. Особено затоа што е сексуално активна. Постојано и велам дека нема ништо страшно ако отиде на гинеколог.
Добро, само кај нас у Македонија се дешава девојките да имаат срам од гинеколог. Не им е срам на 13/14/15 години да имаат односи, срам им е мајка им да не дознае... Не ги интересира колку девојки и жени годишно заболуваат од карциноми и тумори, туку се интересираат за глупости. Лошо е што на децава у школо се им „средија“, дури и за религии им предаваат, ама еден предмет за вакви работи не им воведоа, а како што можам да видам и да прочитам многу им е потребна сексуална едукација, а и основна здравствена. Сепак, не можам да ги сфатам и тие мајки кои не разговараат отворено со своите деца, особено за болестите кои не ретко се со фатални последици.