Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гинеколошки преглед

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од SLATKA23, 17 јануари 2010.

  1. matea27

    matea27 Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    да..и во врска со овие гинеколошки прегледи ништо не знам :envy:
     
  2. Quetsya

    Quetsya Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    9
    Мене најискрено паника ме фаќа кога ќе почнам да читам вакви коментари на форуми, колку малку младите девојчиња знаат за секс, гинеколог и ред редици...

    СТРАШНО, во Македонија под итно мора да се воведе сексуално образование!!!

    Како можеш девојче да прашаш дали ќе познае гинекологот дали си имала односи и дека ЖЕНИ на 23-4 години немаат отидено на гинеколог. А да не зборувам па за они што имаат врски по 2-3 години и дома мајка им незнае дека имаат односи.. вашите мајки не пијат нафта!

    Одете проверете се, може сешто да ви се случи, вие сте доволно "возрасни" да легнете во кревет со некој, а страв ви е и се срамите да отидете на гинеколог. Тоа не оди така драги мои млади дами!

    Образувајте се, одите на гинеколог заради ВАС не заради тоа што ќе каже мајка ви или другарките или незнам кој..
     
    На UnknownLadyDi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Quetsya

    Quetsya Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    9
    А што треба да знаеш?

    Под 1:
    Избери си гинеколог и јави се закажи си преглед, на телефон кажи вака
    - Добар ден може ли да закажам контрола?
    И тие ќе те прашаат дали сакаш само ехо или и пап - тест. Тебе ако ти е страв уште страв за пап кажи само ехо.
    Под 2:
    И откако ќе ти закажат, ќе отидеш на гинеколог и ќе влезеш ќе оставиш книшка. Ќе те повика гинеколог внатре и ќе те праша дали си имала односи до сега ќе му кажеш ДА нема да лажеш. Ќе ти каже гинекологот да се соблечеш во соблекувална и ќе си врзеш сукњичка околу струк и ќе легнеш на една столица до која има апарат за ехо и полека лекарот се ќе ти објасни.
    Под 3:
    За твое лично добро би ти препорачала да направиш пап - тест, тоа не е ништо страшно, ќе ги рашириш нозете и во вагината ќе ти стават метална направа и ќе ти земат брис. (не е толку страшно како што изгледа).
    Под 4:
    Ќе се облечеш и ќе почекаш резултати од пап некоја недела.
    Под 5:
    И дај боже ништо да не ти, ќе знаеш како е и што е. И недај боже да имаш нешто (бактерии, инфекции или што и да е) ќе си примаш терапија, а не да се дотераш до стадиум каде што веќе ништо неможеш да превземеш.

    Денешново време не е зафркаванција.

    ЧУВАЈ СЕ!
     
  4. peperutka84

    peperutka84 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Feminki vi pisuvam za prv pat....i bas na ovaa tema :)
    Licno imav mnogu neprijatno iskustvo pri prviot ginekoloski pregled i toa vo uglednata privatnata bolnica Sistina. Doktorkata bese mnogu drska, me prasa kolku godini imam, dali imam sksualni odnosi i od koga, ne me prasa dali imam problem ili samo pravam kontrola. Taka se iznasmea i bukvalno me osudi sto do togas ne sum otisla na ginekolog i duri ne dobiv moznost da i kazam sto e problemot zosto sum tamu. Aj sto mi bese prv pat sto celata bev stegnata, taa celo vreme mi povtoruvase kako mozes da si seksualno aktivna a da ne otides na pregled i mesto da se opustam mi napravi da se cuvstvuvam mnogu neprijatno. Pregledot mi go napravi taka grubo da ne mi tekne uste ednas da otidam na ginekolog.. za pap testot celata se tresev od strav a za vaginalnoto exo ne sakam ni da se potsetam kako bese..celo vreme povtoruvase ajde opustise nemozam da rabotam, sto si taka stegnata, kako da zaboravi deka mi e prv pat :envy:
    Celi dve godini posle toa ne otidov na pregled od strav... no za sreka ne se site luge isti pa taka da sega odam 2 pati godisno na pregled ama nikogas poveke vo sistina...
    Najvazno e kogo birate za maticen ginekolog pred se toa treba da bide covek so koj slobodno ke razgovarate a ne toa da bide edonasocna komunikacija.
     
  5. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Кажете ми добар гинеколог од Прилеп?
     
    На ilijana27 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Па да ти кажам на 33 годишна жена треба некој да и се тресе што прв пат отишла на гинеколог.
    Не сте мали па да ви е страв и да ве опуштаат затоа што ви е прв пат. |(
    За арно ве караат.

    Сериозно, ако мислате да ве мазат, платете си масажа.
    Јас разбирам коректен однос, не викам не.
    Но мене ми е сто пати поважно да е добар дијагностичар и доктор отколклу со мене лизни мазни.
     
  7. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Штипјанки, некое искуство со Рамбабова? Добра е женава? Како работи, со упат, со картончиња, приватно? Прима пациенти за матична?
     
  8. Strumfeta17

    Strumfeta17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    132
    Секако дека гинекологот при рутинска контрола може да утврди дали сте невиви или не, доволно е само да ги рашири срамните усни за да ве прегледа, без пикање било што во вагината за да свати дали сте или несте. Или да појаснам, на пимер одите на гинеколог и тој ве прашува, дали сте имале односи? А вие излажете дека не сте имале. Тој ви вика ок , легни да те прегледам визуелно да не имаш воспалителни процеси на усните, потоа на влезот на вагината.... Нормално е дека тој од пристојност нема да ви каже дека сте го излажале, но секако дека ќе свати. Е, сега настанува проблем доколку вашата мајка е со вас а таа незнае дека сте имале односи, може докторот да ве издаде или доколку евентуално таа го праша.
    Значи за да утврди гинеколог дали сте невини или не, доволно е само рутински визуелен преглед, хименот не е на длабочина од 20 сантими туку на 1-1,5 cm од влезот на вагината.
    Но според тоа неможе да биде причина да не одите на гинеколог, особено ако сте полнолетни и немора да ја носите и вашата мајка со вас. На крајот на краиштата вашата мајка не ни мора да знае дека сте биле на гинеколог. Ако сте сокриле дека сте имале односи, тогаш зошто би морале да и кажете дека сте биле на гинеколог. Според мене девојки кои не се плашеле да имаат односи, а се плашат да одат на гинеколог е тотална глупост. Ако јас сум си дозволила себеси некој нестручен да пика нешто таму долу, тогаш зошто би ми било страв од стручно лице?
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zbunetaaa

    zbunetaaa Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    ако може некој да ми помогне со неговото мислење... месец ипол од незаштитениот однос(и последен од тогаш) бев на гинеколог и ме гледаше на ехо (обичноо не вагинално), рече дека се е во ред со матка и со јајници...(јас не кажав дека се сомневам на бременост) менструацијата последните 3месеци ми е намалена имам направено 3 теста покажаа негативни... последниве 2-3 дена осеќам подуен стомак ноон стоп и на сабајле и преку цел ден(буквално ко бремена, но навистина не јадам на диета сум) ... дали мислите дека доколку имало бременост гинекологот ке го видише тоа на ехо?
     
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Девојки а да олабавите малку со зборовите нема да биде лошо. Сигурно на повеќето од вас ви е страв на стоматолог да одите, а тука трчате да прекорите некого.
    Секако не е за пофалба тоа што некој не посетува гинеколог редовно, ама деликатен преглед е и тоа е тоа, не секој се убедува туку така да отиде, освен ако не е веќе нож до коска, за жал. Пак ќе речам, не поддржувам непосетување, ама не поддржувам и осудување.

    Гинекологот освен за хигиената, за друго ништо не смее да ви замери, уште помалку да ве омаловажува како што имаше пример малку погоре, не е негова работа дали и колку пати сте биде на преглед, негова работа е прегледот. Може да ве советува, да ве лекува, но не смее да ве омаловажува. Исто така, не е негова работа да ве опушта, и не очекувајте дека ќе добиете посебен третман бидејќи ви е прв пат, на гинеколог сте, не на психијатар.
     
    На Daydream и Lovely93 им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.975
    Допаѓања:
    133.530
    Прегледот не е деликатен, ниту болен, ниту страшен. Секоја жена мора да оди, не само за нејзиното здравје, туку и за нејзиното потомство. АКо некој се плаши од стоматолог, ќе има расипани заби и лош здов, а ако се плаши од гинеколог, ке си остане со ХПВ и ке добие рак, или ке има инфекција која ке предизвика стерилност...Затоа, докторот треба да ги искара за негрижата за себе.
    Се сложувам за тоа дека не е работа на гинекологот да ги опушта пациентките, ама па и толку паничење и стрес за еден гинеколог, не можам да сфатам.
     
  12. Ivana215

    Ivana215 Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Некоја да не има искуство со Радмила Зафировска?
    Mе интересира дали е добар гинeколог. :)
     
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.528
    Допаѓања:
    5.887
    кога отидов прв пат на гинеколог таа ми зема само брис и толку....
    што , какви испитувања треба да направам... т.е. ехо не ме прегледа (имало некое вагинално и нез каков друго..)
    сигурно има и некој др. вид или нз . преглед ....
    :$
    вас какви/кои испитувања ви ги прават
     
  14. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    пап тест 1-2 годишно и ехо -ама не вагинално...ако е се во ред гинекологот нема сигурно да те праќа на други дополнителни исптувања, доклолку има потреба тој си ја знае неговата работа....нареден пат нека те погледне на ехо па и вагинално за да не мислиш и плашиш дека ти е нешто и хормонски статус побарај тоа преку крвна анализа и толку е работата.
     
  15. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Здраво девојки! Се надевам некој ќе одвои време да ми објасни и да ми даде одговор на прашањата!
    Вака, досега немам појдено на гинеколог, ептен одамна само на ехо но кај доктор кој тогаш ми се пиша како матичен (мислам) но со години не работи во истата клиника, сега има приватна ординација. Е сега бидејќи веќе сум сексуално активна некое време (тогаш не бев) сакам да отидам на целосен преглед, но особено на ехо бидејќи мислам дека можно е да имам цисти на јајниците, имам некои симптоми. Е сега, на приватен не можам да си дозволам, па ме интересира доколку најдам гинеколог кој сеуште може да прими матични пациенти дали првото одење и преглед и се што ќе ми направи ќе го наплати приватно или доколку веднаш ме пише како матичен ќе ми наплати со плави картончиња? И дали треба да ми закаже матичниот со ова новово закажување преку компјутер или јас лично си наоѓам гинеколог? Исто така ме интересира при првото одење дали прават вагинален преглед, пап тест, ехо се во едно или тоа е по желба на пациентот и според симптомите кои ги има? Колку вообичаено чини, ехо (вагинално и абдоменално) и пап тест со плави картончиња? И дали при закажување треба да нагласам што сакам или тоа може и отпосле по консултација со докторот? И кога е најдобро време за преглед, пред менструација, после менструација? Благодарам!
     
  16. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Не би требало да ти наплати приватно.И јас кога бев на гинеколог за прв пат,му кажав на докторот дека сакам да ми биде матичен и не ми наплати приватно.Му кажав дека ми е прв преглед,и ми направи веднаш пап тест и вагинално ехо.Ми наплати 500 ден,веднаш ми кажа од њхо дека нема ништо,а резултатите од пап ми беа готови за 2 недели.За упат од матичен или закажување мислам дека ти треба само ако одиш во државно,а за во приватни кои работат со сини картони не треба закажување.Најдобро да се оди на преглед е по менсструација.Кога се јавував да закажам реков дека ќе одам за прв пат на преглед,не нагласував за што,бидејќи таа ме праша дали ми е прв преглед најверојатно знае.
     
    На IvanovskaM му/ѝ се допаѓа ова.
  17. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    ако одиш во државна болница на преглед со сини картони тогаш прегледот кај избраниот матичен доктор се плаќа само партиципација иако пишува дека прегледото кај избраниот матичен лекар не се наплатува. мене ми земаат по 100 денари и толку ништо повеќе. првиот преглед се состои од ехо и докторот ке те провери и ке ја види состојбата на јајниците и матката....е сега ако нешто забележи што нетреба или по свое барање ке ти направи вагинално ехо, пап тест сигурно ке ти направи и ке чекаш резултатите да ти стигнат, после резултатот го читат твојот доктор и знаеш понатаму, ако има потреба и др испитувања ти дава да направиш, ако е се во ред тоа би требало да е тоа.....најдобар период е после менстрауција ама можеш буквално кога сакаш да си појдеш на преглед... ти само закажуваш преглед а после докторот си ја знае својата работа... ако одиш во приватна ординација кке ти наплат по нивен ценовник
     
    На IvanovskaM му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 12masima

    12masima Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    29
    Дали некој бил на преглед во Прилеп кај Александра Еклер Нов Живот гинекол. орди ?
     
  19. ilijana27

    ilijana27 Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Aleksandra Ekler. :) Ginekolog - Akusher vo ginekoloshka ordinacija " NOV ZIVOT " - Prilep
     
  20. scriptgirl

    scriptgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Може ли на преглед да видат ако сум скината,дали сум скината..