Вака јас сум нова овдека и сакам да ве прашам за совет веќе два месеци сум сексуално активна so заштита имам 19 години и ужасно и неподносливо ме чеша ќе одам на гинеколог ама сакам да ве прашам дали е нешто опасно ( како искусни ) бидејќи сум многу испаничена
Ако секогаш си користела заштита веројатно не е некоја СПБ , јас сметам дека е кандида бидејќи скоро кај сите жени се активира доколку се намали имунитет,се пијат лекарства и сл.Се карактеризира со чешање,мирис непријатен и секрет кој што е жолтеникав.Веројатно е ова,и не е опасно но сепак посети гинеколог најбрзо што можеш Спојлер Исто така да не те чеша случајно од депилација?Баш се сетив дека еднаш фатив некој вид на инфекција од депилација и ми траеше неколку дена со чешање и црвенило( но не беше блиску до вагината )
Не е тоа инфекција, туку само иритација од депилација, бидејќи сепак е нежно местото. Инаку за феминките погоре, дали мислите на др. Гоце Блажевски?
сакам да прасам дали за време на гинеколошкиот преглед сте насамо со гинекологот или се вртат се мотаат сестрите наколу ?
Зависи,кај некои доктори помага и сестрата за земање на брисовите,на папот и слично.Зависи од докторот.
Не смееш да бидеш сама со гинекологот, треба да има секогаш сестра. Но сестрата помага, а може и да излезе надвор за да заврши некоја работа со картони, книшки и слично. Јас сум имала и насамо прегледи, но и со 5-6 студенти на пракса. Сите се ѕверат Ми беше непријатно, ама со оглед дека докторот е најдобар во таа област и професор на факултет по тој предмет, не можев да галамам, само гледав у таван. Побитно ми беше здравјето отколку кој ме видел. Секако, истиот ден имаат преглед над 50 жена, така што...на никој не му е галје ни која си ни што си.
другарка,ја осудуваш жената шо има 33 години и што била стегната? А замисли тебе така да ти се испонаша таа гуската од систина,зар вака ќе коментираш....бог да чува ај бе затнете ги муцките малку,не се палете толку не глумете лудило демек сте строги и слично,вас некој да ви се испозанесе ќе изедете жив,а за други нема фрка знаеш
Може ли некој да ми објасни какви видови прегледи/тестови постојат и кој за што се однесува? Гинеколошки преглед, пап тест, брис, ехо..... и кои други? И што се проверува со нив? Јас сакам да направам обичен преглед чисто да проверам дали се е во ред и дали имам некоја инфекција? Каков преглед е потребно за тоа? Спојлер и колку чини на приватно, без осигурување(сини картони)
Приватно ќе те фати ѓавол ипол,ако планираш се да провериш мислам дека 5-6 илјади ќе те фати сигурно. Папот е околу 1000рка(толку ми наплаќа мене матичната а го носи во систина за резултати)а со картони е бесплатно ама резултати се чекаат +6 месеци. Тој служи за да се видат некои промени на матката и секоја жена треба да го прави 1 годишно за да се спречат болести како ракот односно рано откривање на некои заболувања или про,ени на грлото на матката. Микробиолошките тестови се 2500 приватно а со картони се околу 800.Овие служат за откривање на кандида,кламидија,микоплазма,уреоплазма итн.И секоја жена треба да ги прави,затоа што некои од овие не покажуваат симптоми а се опасни. Ехото е 500,и со него може да се види како на пример циста,или да се открие нешто повеќе за јајниците. Цените се отприлика,секој гинеколог различно наплаќа тоа зависи од него.Овие работи се најбитни и според мене се основни работи за преглед.
Девојки бев на преглед кај приватна докторка, ок беше ништо посебно, ама сакам да продолжам на државно бидејќи немам никакви проблеми моментално, не сакам да се расфрлам со пари, а и мислам дека приватните доктори се можеби и понестручни од државниве. Само стварно не ми е јасно, дали на пример за Државна болница, Јане Сандански, Букурешт итн ми треба упат од матичниот т.е. електронско закажување или што и да е? Или треба директно да најдам број и да си закажам?
Гинекологија е посебна специјалност. Како што имаш матичен стоматолог, така се бира и матичен гинеколог. Значи од општиот матичен лекар не ти треба ништо. Си одиш кај кој гинеколог сакаш и му кажуваш да те запише како матичен. Има некои приватни ординации што не работат со сини картони и таму не можеш да се пријавиш за матичен, ама во болниците што ги наброја дефинитивно може.
Значи можам директно да отидам, на пример во понеделник сабајле, оставам книшка и чекам да ме викнат кога ќе дојдам на ред? И ако има можност, ако не е пополнет, и ако мене ми е ок можам да го пишам како матичен? И дали случајно знаеш дали работат и втора смена на државно или се претежно од сабајле гинеколозите? Благодарам многу на одговорот
Би требало да има и втора смена. Обично се двајца лекари во една ординација и така држат две смени. Ако има закажано за теј период може да почекаш повеќе, или да те презакажат за друг ден (мене тоа ми се случи кога првпат отидов на гинеколог) зошто сигурно си има редовни пациенти кои доаѓаат. Ама бидејќи сега со електронските картици на лице место одма можеш да се запишеш кај матичен гинеколог/стоматолог/општ лекар, не верувам дека ќе те одбијат одма да влезеш, ама ако не сакаш одма да се запишеш можно е првиот преглед да го наплатат приватно.