http://www.fzo.org.mk/?section=lekaripzz&tipDog=3 Девојки дали гинеколозите што се на листава тука значи дека работат со плави картони??
Пред година отприлика морав да најдам матичен гинеколог по препорака на таа каде што одам приватно. Но воопшто не ми се допадна женава, па не сакам да одам кај неа. Кога последен пат на приватно ми земаа само за ехо 800 денари решив дека морам да најдам фин гинеколог за матичен. Дали во социјално треба да ја одјавам оваа што ми е матичен или со самото пријавување кај друг гинеколог автоматски таа престанува да ми биде? И колку чини кај матичен ехо, брисеви или тоа зависи од доктор до доктор?
Нема потреба од процедури и одјави, денес е сменето тоа. Со самите електронски картички и новиот систем избраниот лекар сам ке направи измена и нема потреба да одиш по шалтери. Пап тестот е беспалтен знеш 1-2 годишно не сум сигурна, а ехото ке те чини одолу 100 денари. Не верувам повеке.
слушнав имало некој добар гинеколог кај апче слаткарницата натаму таа улица спроти универзална,дали знае некој како се вика и како да го најдам??
Ако мислиш на Хистера, приватната клиника. Јас живеам во близина, само таа ординација сум ја забележала карши Универзална, ако добро објаснуваш.
Ваљда ти кажале за Д-р Снежана Органџиска. Тука е карши Апче во големата жолта зграда на приземје, помеѓу Кам и Кино Карпош Јас сум кај неа и одлична е )
Комплетен преглед приватно се движи од 1500 до 2000. Државно, со плави картончиња мислам дека е околу 300-400 денари. Не ме држи за збор, не сум била државно ама толку ќе да беше.
Приватно, со ехо и брисеви може и до 4 и нешто да дојде -толку и земаа на другарка во Систина за преглед.
^ Охоо, не мислев јас на Систина, страв ми е и да помислам. Јас си одам во приватна ординација кај многу фина и стручна женичка.
Што подразбираш под обичен преглед, само да те ѕирне таму доле? Мислам дека таков преглед нема, и да има се врши ако имаш нешто надворешно во тој дел и сигурно не се вика гинеколошки преглед. А ако мислеше на земање брисеви, секако дека се наплаќа.
Па некаде прочитав или слушнав дека во годината задолжително било барем два пати да се отиде на гениколог за секој случај. А јас немам одено. Тоа ми беше прашањето.
^ Мила, тоа е за мене претеризам, тоа важи за повозрасните жени. И не го зборам ова на своја рака, баш минатиот пат кога бев мојот гинеколог (која е патем многу совесна и стручна жена), ми кажа дека со тоа што сум млада и здрава, немам никакви проблеми ни бело прање, ни цисти, ни бактерии, ни инфекции, ни проблем со менструација и имам само еден сексуален партнер, доволно е еднаш годишно пап брисеви колку за превенција од не дај боже лоши болести на репродуктивниот систем. Ти не знам дали си сексуално активна, но и да си ако имаш само еден партнер или пак си добро заштитена, не гледам зашто истово не би важело и за тебе. Доколку не си била ниеднаш ако чувствуваш потреба оди, мада јас почнав да одам тек кога почнав со сексуални односи и тоа не баш во скоро време. Т.е. на 18 ипол години. Некои гинеколози викаат после 18 да се одело, некои после првиот однос, сепак сметам дека вториве имаат повеќе право, сепак се во врска со прегледот произлегува од односите, ни пап ни ништо не можат да ти земат ако си невина. Само обичното ехо може, но со тоа се гледа само состојбата на матката и јајниците, и тоа површно. Тоа не се менува баш два пати во годината за да одиш редовно, ако ме разбираш.
Eloves, jas pod obicen gin.pregled podrazbiram eho pregled i razgovor so ginekologot.Mislam deka i ti na toa mislese toj pregled ne se naplaka,barem kaj poveketo gin.I mislam deka ako nemas nekoi dr.problemi,deka e dovolen.E sega pozelno e ako si sex.aktivna,da si napravis pap test i brisevi barem ednas godisno(cisto preventivno).Papot e besplaten kaj maticniot gin.ednas godisno,a brisevite se plakaat.
Гинеколошки преглед беплатен ретко веќе кај има, многу ретко. Консултациите да, се бесплатни, но Ехо, Пап и Брисеви се наплаќаат. Задолжително е еднаш годишно гинеколог, ама знаете што е задолжително, мора, а што се мора не е тешко. Јас одам од мојот прв однос, но претходно на консултации сум била, на ехо на јајници, имав некои проблеми, на прв ПАП и Ехо бев на 19, после првиот однос. Немојте да спиете на тоа уво ако не сте сексуално активни дека не треба да идете на лекар, нажалост лошотилото не бара години, девојче има дојдено кај мојот гинеколог на 16 со рак на матка, ни односи ни бутур, затоа со време одете си на лекар, не за џабе е тој таму.
Јас приватно целосен преглед (со пап) платив 1500 резултатите ми стигнаа за нешто помалку од 3 недели. Искрено јас секогаш сум повеќе за приватно. Боље ќе платам малку повеќе, ама барем знам дека ќе добијам третман што вреди за тие пари, во поглед на се, точноста на закажаниот термин, стручноста на гинекологот, начинот на кој се однесува итн. Инаку, ај препорачајте некој гинеколог од систина? и преглед таму чини 1000, така?
Јас одам кај мојот гинеколог, еднаш до два пати годишно, плаќам некоја ситна сума од 200-300 денари, а брисот сама го носам во државна, и ме чини 60 денари. Ако го носи докторката е 1000 денари. А само преку улица треба да се однесе заштеда од 940 денари. Другарка ми, оди во Систина. Истиот преглед е 2500 денари. Скоро секоја година „нешто“ им се појавило, па пак ги прават тестовите. Уште 2500 земаат. Колку да се сигурни дека е здрава. На крај, она со сите прегледи преплатени, јас со минимум пари, добиваме исти резултати. Разликата е што нејзе и се јавуваат по телефон, а јас поминувам да си ги земам резултатите. Епа 2500 не ми кошта пешачењето.