Дечки, во сабота планирам да одам на гинеколог, во меѓувреме настинав и пијам антибиотик, кажете ми, дали тоа ќе смени нешто на резултатите од пап-от, треба да почекам да ја завршам терапијата или...сигурно менува, но пак да прашам Благодарам
влијае да , ако има бактерија некоја нема да покажи ради антибиотикот, заврши го па после 10 дена прај пап
Мене денес мојата матична докторка ми ја препорача д-р. Мимоза од Св. Пантелејмон болницата и ми закажаа за утре. Болницата се наоѓа кога се врти од солидност на кај патот за Скопје.
Здраво. Сакам да прашам од кога треба да се почне со гинеколошки прегледи... досега немам појдено на гинеколог, но знам дека треба после првиот сексуален однос, или нема врска тоа ... Па ме интересира, што се вклучува првиот преглед, колку чини, и доколку сакате да ми кажете повеќе за понатамошните прегледи. Благодарам однапред.
Откако ќе стане девојката сексуално активна треба да си има матичен гинеколог и редовно да го посетува.Првиот преглед вклучуваше пап тест и вагинално ехо и ме чинеше 500 ден.
леле женски дајте совет како да се опиштам на гинеколог, тоа спекулумот кога ќе ми го стават ми се плаче . ми се чини дека не се чувствував така и кога ме проверуваа колку прсти сум отворена. Треба да правам пап и колпоскопија и само одлагам заради тој спекулум
За жена која се има породено ова не би требало да е проблем, искрено помислив дека некое девојче од 13 - 14 години прашува. Ако навистина непријатноста е голема или болна, кажи ми на докторот дека имаш проблем со спекулумот може ако сака да ти постави помал спекулум и непријатноста треба да се намали. со лесно
купи си пластичен од аптека 40 денари за еднократна употреба, ем не боли со него, ем далеку похигиенски е
Pretpostavuvam deka zavisi od doktorot. Mojata doktorka e mnogu vnimatelna. Navistina nisto ne osekam. Mi kazuva malku da dadam napon da se otvori vaginata i stvarno nema bolka. Ama zatoa koga pravev hsg gospod go vidov!! Prvpat vo zivotov da me boli od spekulumot, a doktorot vika ova e kako na ginekoloski pregled. E ne e!
vaka izvinete za lat od tel sum a i nz dali e za ovde prasanjevo znaci imam mn jaki bolki vo celost na levata grada i bolki vo rezot i odozdola celosno me boli osobeno koga treba da dobijam.utre imam zakazno pregled nz sto i kakp e no doktorot mi rece deka e mozna prelada.dali nekoja imala vakvo iskuztvo.pozz
ете и тоа пројде направив тест после цели 4 години, и се надевам се ќе биде во ред. А инаку земав пластичен спекулум од зегин и стварно е попријатен.
лесно јас со години си купувам таков спекулум и кај матичната и систина кода идам само му го давам и он веќе си знае што како. 100 % знам е стерилен а и навистина е попријатен
Јас денеска земав резултати од пап и ја прашувам мојата докторка за тоа и ми вели дека со пластичен болело повеќе... Инаку, колку чини да се направи микробиолошко испитување? Во пап тестот ми беше утврдена кандида, друго било се во ред, па требало на сабајле да се зема брис за микробиолошко, па ако треба уште една терапија и после пак да се повторел пап тестот.
До сега не сум имала проблем со спекулумот. Некои доктори се повнимателни од други. Мене еднствено ме болеше кога ме "спремаше" докторот за хсг. Да треба тоа да го трпам секогаш кога одам на преглед, ќе се прашам дали ќе одам
lepa.milena зашто толку малтретирање за една кандида? нема потреба од брисеви, па после пак пап чим има кандида на пап треба вагиналетки да ставаш некои за тоа и толку е. Иначе убаво е да провериш брисеви да не има друга бактерија тоа се 4 бриса ( вагинален и цервикален за бактерии и габички, брис за кламидија и брис за уреа/мико плазма) на државно се околу 300-400 ден.