Пред некое време бев на гинеколог поради некои проблеми што ги имам со циклусот.. Докторот не ме прегледа тогаш туку ми даде упат за хормонален статус и ми рече дека нарединот пат кога ќе дојдам со резултатите ќе треба да земе некаков брис.. и покрај тоа што му кажав дека сеуште не сум скината... некој да не имал слично искуство па да ми каже нешто околу тоа... малку ми е страв
Ќе ти земе брис без спекулум Стапчињата за зимање брис се тенки како стапчиња за уши, ништо нема да осетиш.
Здраво девојки да ве прашам нешто. Неколко дена имам црвенило и малку ме пече и чеше бев на гинеколог и ми дадоа вагиналетки. Сакам да ве прашам дали смеам да имам односи, најнормално со кондом ? ВЕ МОЛАМ ОДГОВОРЕТЕ !!!!
Оди некој кај Александар Бојаџиев во Систина? Каков однос има со пациентките, понашање? Млад е ако не се лажам... Малку ми е незгодно не сум била кај машко гинеколог.
Nema vrska dali e maski ginekolog,jas sepak poveke preferiram da odam na zenski no mene operacija vo sistina me pravese Boban Serdzovski prekrasen doktor a od drugite doktori sto idea na vizita najmnogu se istaknuvase Aleksandar Bojadziev,prekrasen doktor koj ja porodi i bartucedka mi i za nego imam slusnato samo pofalbi.Ako odes kaj nego nema da zazalis pozz
Kukla 21, прва си од која прочитав/слушнав вакво мислење. Мене повеќе ми е незгодно дека е млад, ќе ме фати срам...
Јас имам да прашам нешто. Имам братучетка која е членка на форумов но и беше срам да праша па се понудив јас. Дали е возможно и дали воопшто постои хируршко отстанување на хименот? Симптомите се проблеми со болки во стомакот, подуеност, и нередовна менструација, не од неколку дена туку месеци се во прашање. Била на гинеколог и докторката и рекла за вагинален преглед, но девојчето е невино. На ехо се покажувало ОК, но за детален преглед бил потребен вагинален преглед. Знам за шиење на хименот, ама обратно?
@zenska нема потреба од никакво отстранување на хименот ако со месеци не и дошла менструација поради хормонално пореметување,а таа е сеуште невина.Гинеколозите знаат да работат и со невини и со сексуално активни девојки.Можат и вагинален преглед да направат и кај невините ако има потреба за тоа поради вагинални инфекции или нешто слично.А,можат да направат и мало,не целосно дупнување на хименот ако не може да протекува ментруација коешто не е исто со дефлорацијата на хименот.Поздрав и со среќа да си го решите проблемот!
Епа тие вагинални инфекции или цисти ме плашат. И јас имав голем проблем со менструацијата (сеуште имам уствари) и затоа ја сфаќам. Ќе одиме наредна недела заедно на лекар и ќе видиме што како. Невиноста не ја смета за нешто вау, повеќе здравјето си го гледа, затоа и ако се реши за отстранување на хименотот ја има мојата подршка. Само незнам дали некој доктор воппшто би се согласил на такво нешто?
Нема ни да има потреба од такво нешто,си знаат гинеколозите како да работат и со невини пациентки без разлика на нивната возраст.Така што,не верувам ни дека некој гинеколог воопшто би и предложил такво нешто,а камоли навистина реално да го направи.
Ако ја запишеш како матичен PAP и EHO е 350 ден. Mикробиолошките брисеви се 700 ден. А можеш и да се јавиш во ординацијата да прашаш за подетално. Оваa цена од лани ти ja кажувам.
zdravo me interesira dali nekoj od vas e zapoznaen so kontrakciu na matkata vo 4 ili 5 nedela od bremenost ? zosto se javuvaat?
Контракциите во матката се јавуваат заради местење на плодот во неа. Кај некои трудници доаѓа до имплантациско крварење, односно до појава на бледо-розев исцедок. Не е ништо страшно. Тоа е нормална појава. Доколку исцедокот е кафеав, треба да се отиде на гинеколог. Јас ни во двете бремености немав бледо-розев исцедок.
Девојчиња колку ќе ме чини гинеколошки преглед вагинално ехо и мерење на фоликули или да види дали настанала или ќе настане овулација или како да побарам да ми го каже тоа? не сакам пап и брисеви правев тоа. Сакам да одам на второ мислење и оваа не ми е матичен па ме интересира колку чини одприлика?