Па целата работа беше тоа што дечкото седел до неа кога ја прегледувале. А не да чека надвор. НАдвор кој сака нека чека, ама внатре да те држи за рака? Не знам како и докторот тоа го дозволил.
Во приватна болница се е дозволена како што сака пациентот , дури и на породување може да ја држе за рака а не надвор да стои како бандера
Па никој не спомна породување. Се работи за обичен преглед. А у приватна се разбира дека се си може кога дебело ќе си платиш.
Тоа е секому индивидуално , секој си има право на избор а таа ако сакала да оди и да седи тој со неа на преглед јас тука не гледам ништо лошо.Макар што јас така немам направено , а и мојот сигурно и нема да прифати!
ne znam zasto tolku se krena prasina okolu toa sto deckoto si sedel do devojkata koga ja pregleduvale? sakala taa,toj prifatil,koi sme nie da im kazuvame cudno e ili ne e,sekoj par so svoi osobini i gledista
Ке искоментирам уште нешто Значи тој сам сакаше до седе до мене јас воопшто не го принудував и второ значи додека траеше прегледот докторот цело време нему му објаснуваше што како е.Гледаа заедно на тоа како се вика неам појма(екранот) и му гу покажа јајниците ,мокрачата,некои воспалителни процеси..дедека јас немав појма што се случува. А ти Bozfromtown можеш да оправдуваш секс во тројки,отворени врски и бла бла бла а не можеш на некој женска што стварно ја сакаш и што првпат се соочува со некој проблем да и помогнеш па какво машко си ти
Јас не би му дозволила на дечко ми да влезе со мене кај гинекологот, ама секоја врска си е различна и вие си знаете како си се имате поставено. Затоа секогаш мора да дојде со мене, па ако тој не ми е поддршка со кој сум најинтимна кој би ми бил. Последниов пат ми открија некаква си бактерија, заборавив како се вика и дур не дознав дека не е ништо страшно умрев од страв, да не беше он немаше ни да влезам, па така и јас и он ќе си останевме со бактеријата
а ќе може ли некој да каже кој е најдобар гинеколог во ск или некои што се подобри и во пристап и во давање мислења и ставови фалаааа : )))
Секоја чест на дечковците што одат со нивните девојки на преглед, ама јас лично не би дозволила да биде и тој внатре, пред врата може. Нормално дека секому му треба поддршка во такви моменти особено ако станува збор за нешто посериозно, ама сепак нека ја затвори вратата од надвор. А за обични контролни прегледи, не гледам никаква прчина некој да биде покрај мене.
Еве да ви помогнам најдов некои информации за пап тестот. Зошто треба да се направи Пап тест? Пап тест се прави за да се спречи појавата рак на грлото на матката. Ова се прави со навремено откривање на предраковите промени и со нивно потполно излекување. Никој не може да знае дали има предракови промени. Токму затоа и Вие треба да имате Пап брис. Дали секоја жена треба да има Пап тест? Тестот треба да го направат сите жени на возраст од 18-64 години. Особено треба да бидат тестирани оние кои имале сексуална активност во рана возраст, кои пушат, кои не користат кондоми и кои имаат повеќе партнери или имале сексуален партнер кој од своја страна имал повеќе партнери. Како се изведува тестот? Тестот подразбира обичен гинеколошки преглед. Со нежна дрвена шпатула се зема брис од грлото на матката и се нанесува на стакленце кое понатаму се бои и на крајот се прегледува под микроскоп. Целата процедура трае неколку минути и наполно е безболна. Кога треба да се направи тестот? Најдобро е Папаниколау тестот да се направи во втората половина на менструалниот циклус, или во периодот од 14 дена по добивање на менструација, па се до пред почетокот на следната менструација. Потребно е пациентката да се воздржи од сексуален однос во периодот од 24 часа пред земање на тестот и да не користи никакви вагинални средства.
лично јас гинеколошки прегледи си правам два пати годишно. кај матичната сега, а порано на приватни и не бев ама воопшто задоволна. сега кај матичен топ еден бесплатен еден одам така на преглед и само ме гледа да види како сум и тоа не ми прај пап затоа што не е убаво ако немаш воспаление или било што да се прават само пап тестови. инаку воопшто не е срамно а ни грев да се оди. море само да ви кажам кога имаш потреба нема ни да размислуваш каде одиш. ако ви кажам дека може сум имала најглупо прво гинеколошко искуство кога имав инфекција а ме прегледуваше штотуку завршен дечко али сеа докторката ми е цар со мерак идам
Ne sum bila nikad na ginekolog imam zakazano za utre nesves sum kako mi e sram auuuuuuuuf ne ste svesni
само опуштено не се срами па тоа ти е исто како да идеш на забар ниту боли ниту е срамни. ех они по 20 девојки дневно прегледуваат се им е исто која си и каква си. ајде пиши како си поминала оки
"karak" поминав супер за среќа , бев во Св. Лазар и сум премногу задоволна од тоа што го искусив како за прв пат.Докторот беше толку внимателен , пажлив му кажав дека прв пат идам и ми рече срцка си само опушти се и не се секирај пошто правев вагиналено ехо . За се има прв пат и сум среќна што ќе станам млада мамичка Фала на утехата во секој случај
лелелее слушнавте ли на вести за Штипјанката незнам како се викаше 27 год мајка на 2 деца со рак на матката.Жалосно многу ! А за се кривица се на нашите глупи лекари знаат да зимаат пари и да велат прегледи на време ама што прегледуваат стоки ни заедни што гледаат или само пари да зимаат уф