Ќе те праша дали си сексуално активна,ќе се соблечеш од половината надоле и ќе седнеш на боксот. Ако си сексуално активна ќе те провери со сондата и ако сакаш плус тестови(што ти препорачувам) ќе ти земе брис со една шпатулка (јас така ја викам) Не е болно,само малку непријатно. Ако не си сексуално активна,мислам дека само ехо ти прават,не знам точно да ти кажам.
@Fallen.Angel Оди сама на гинеколог, ( не мора да и кажуваш на мајка ти) најди ја адресата на амбулантата што ќе ја одбереш, закажи си, земи си здравствена книшка и електронска здравствена легитимација и одиш на прегледот. Прегледот не е ништо страшно, одиш и кажуваш на сестрата дека сакаш да ти биде матичен докторот ти отвара картон. Влегуваш во ординацијата, седнуваш прво разговараш со докторката, те прашува дали си била на гинеколог досега, дали си била бремена, дали си имала спонтани абортуси, мажена дали си возраст, и такви некои ситници, дали имаш некаков проблем. После тоа следи прегледот, доколку не си имала односи ти прават абдоминално ЕХО, доколку си имала обично ПАП тест и ЕХО вагинално, на ЕХОТО и при самиот преглед може да се види исцедок, дали имаш каква боја има и слично, на ехото ти ја гледа матката јајниците, евентуални промени што би се нашле цисти или слично. Се соблекуваш од половината надолу, седнуваш на гинеколошкиот стол, ги шириш нозете, прегледот започнува со еден инструмент што се вика спекулум, го става на отворот во вагината за да може да земе брис докторката ( се зема брис со тенки стапчиња како чепкалки за уши само подолги) јас би ти препорачала покрај ПАП да си ги направиш и микробиолошките брисеви, потоа го трга спекулумот, почнува прегледот со ехото, тоа исто е како едно стапче на кое става кондом, и го внесува во вагината со него ја гледа внатрешноста и тука имаш едно телевизорче на кое се гледа се и се прави малечка слика која ти ја даваат со извештајот од прегледот. На телефон ти се јавуваат кога имаш резултат и тоа е се. Стануваш се облакаш и толку Подетално и не можев да објаснам
Prekrasna doktorka e i dosta stalozena,samo ne ja prekinuvaj vo zborovite.Mozes da ja prasas sto sakas i ke ti objasni. Isto so dr.Pavle Dimcev imam dobro iskustvo.
Да ве прашам а дали мора да ја земеш како матичен и да ти пишува тамо или може и без книшка и такви работи за приватно зборам?
не мора да земеш како матичен. ама ќе треба да кешираш повеке. пример, кога јас отидов кај мојот матичен, му реков сакам преглед. Немам матичен. Би сакала да ми бидете вие, но и да не постојат услови, во ред е, ќе си платам на приватно. По извршениот преглед, медицинската сестра ми побара 100тина денари и ми рече дека сега имам гениколог. Јас одам во туники на гениколог. Само панталоните и гаките ги соблекувам, и во секоја можна прилика си ја пуштам туниката и така се чуствувам подобро
за една недела треба да одам на гинеколог да направам брис од бело прање а можеби ќе биде потребно да правам и пап тест,моите знаат дека немам дечко и дека сум невина...дали да му кажам на докторот дека моите знаат дека сум невина и како да кажам дека ми е направен пап тестот ?
Не мора да кажуваш дома дека ПАП си правела, ако више е мајка ти ептен блиска со докторката и мислиш дека може да и каже нешто, замолија да не кажува.
Мислам дека нема да ти прават ПАП тест, ама не сум сигурна. Задолжително да кажеш дека си невина на прегледот.