Д-р Надица Геровска, ПЗУ Мама. Ептен е опуштена, се ќе ти раскаже, објасни, знае да те опушти првиот пат Плус има договор со фондот
@DAngel јас имам лошо искуство со Надица а и не сум единствената не убаво тука да пишам јавно но познавам многу што си отидоа од кај неа, прво ради тоа што "добра" и "фина" не е ни најмалку важно Колку е сручна како гинеколог е важно А за Надица не би ја препорачала како добар и стручен гинеколог! Еве јас ќе ти ја препорачам ДР Лолита од ординација Ложанковски, работи со сини картони Ако сакаш ќе ти дадам и бројче да си закажеш Позади Дом на Градежници се наоѓа ординацијата
Јас имам многу добри коментари читано за неа на форумот и добро мислење од луѓе што ги познавам, а се кај нејзе. Нормално дека би сакала и негативните да ги слушнам, ако сакаш пиши ми лп. Добар гинеколог ми е приоритет.
Дали би било ок да одам бричена на гинеколог? И дали треба малку глупаво е прашање да се фатат и влакната од задникот.?
На гин им е сосема сеедно дали ти ќе отидеш издепилирана или не. Битно е да си чиста. Сепак мое мислење е дека треба да се средиш пред да отидеш.
Нема правила како треба да отидеш на гинеколог, важно е само да си чиста. Јас специјално не се депилирам/бричам за гинеколог. Ако се погоди да сум депилирана Ок, ако се погоди да сум обрасната пак Ок Докторите не ни прават естетска анализа
Јас секако планирам да се средам само со брич, оти мн брзо ми закажа за да одам на бразилска, плус ќе патувам од пп за бт и на како ќе бидам чиста, ќе треба да се мијам некаде оти сепак жешко е во автобус.
Не се замарај за влакна јас имам отидено со убаво подраснати. Јас и викам морам на депилација не успеав да отидам и ми вика абе што се замараш мислиш дека ние докторите приметуваме тоа,нас ни е работа да откриеме некој проблем. Така да уживај дали ти се подникнати или малце повеке никнати
Тоа си е до карактер, јас сакам вака поладни доктори што не замараат многу. Ме смирува, сакам конкретни информации и тоа е тоа. Никогаш нема еден лекар да им е погоден на сите.
@DAngel, не мислев на отсечна. Отсечен одговор не ми смета мене, а не барам никаков посебен третман, само сакам лекарот да биде коректен и ништо повеќе. Е она не беше баш и нема да се вратам пак кај неа во ординација, затоа што се убив од чекање дури стигнам на ред (имав закажано, ама Господ по гаќи го видов дури стаса мојот ред), а да не зборам за тоа дека имав големи болки и тоа беше потенцирано уште при телефонскиот повик. Не ми се зборува за проблемот, но прегледот траеше 5 минути, за кратко бев само и значи наместо да ми велат "почекај еве за брзо ќе биде", можеше да ме прими во терминот и да не се тормозам во таква состојба. Се префрлив кај Мајсторова и немам коментар за неа, ми се допаѓа како работи и еве и таа е отсечна, ама кај неа немам такво чувство како кај Надица. Нема "цуци" третман, тоа не го ни барам од лекар, ама колку и да било гужва, никогаш не сум чекала повеќе од 5 минути и секогаш си влегувам во терминот кој сме го договориле.
Женски приватен гинеколог во струмица да ми препорача некој? Ве молам кажете ми отприлика колку пари земаат,како што оди работава дека прв пат ќе одам и малце ми е срам .
Женски знам дека е глупо ама сакам сама да си проверам дали сум невина иско се чувсм. Не сум имала вагинален секс со дечко ми ! А мајка ми е па конзервативна и неможе да ја праша.. Пробував се дома на декој начин и секогаш знаците кои покажуваат дека сум невина покрај некои инструкции ми беа точни и уверувачки. Но , како помала да кажам сум пробала разни работи сама дома и иако не се сечава дали нешо протече , пак ми иде овоа на ум.. Имате предлог?
Ами кога и го пикале во другите отвори, секако не е невина. Невина и нескината, сосема различна работа.