Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гинеколошки преглед

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од SLATKA23, 17 јануари 2010.

  1. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.242
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека на таков принцип работат сите лаборатории. Опција ти е да си отидеш после работа на гинеколог, мојава матична работи до 20 часот втора смена, не знам какви опции имаш за на гинеколог по работа. Секако имаат медиум за да можат да ги чуваат земените брисеви 24 часа кај нив и они да ги однесат. Или ако стигнеш истиот ден однеси ги ти.
     
  2. dipsidipsidipsi

    dipsidipsidipsi Популарен член

    Се зачлени на:
    4 април 2018
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    По пораѓајот по колку време ви закажа вашиот матичен за преглед?
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.487
    Пол:
    Женски
    На отпусното писмо од болница пишува дека првиот гинеколошки преглед треба да се направи после 6 недели, па ќе си се јавиш да си закажеш кај матичниот отприлика во тој период или нешто покасно, а ако има потреба и порано може.
     
    На dipsidipsidipsi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. dipsidipsidipsi

    dipsidipsidipsi Популарен член

    Се зачлени на:
    4 април 2018
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам
     
  5. Сherry.girl

    Сherry.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Вака сакам да Ве прашам нешто. Пред 1-2 недели бев за прв пат на гинеколог, беше малку непријатно чувството, но друго се беше во ред и резултатите и се. Правев ПАП тест, ми земаа брис и ехо на матката и јајниците. Но еве ми доцни веќе 4-5 дена, а најчесто имам редовна менструација. Од како бев на гинеколог немав сексуални односи. Дали е можно да ми доцни од што ми буричкаше внатре со таа алатка за ехо или? Затоа што тогаш ептен ме заболе. Фала ви многу.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    леле исто и мене ме заболе многу и прв пат ми беше а инаку утре треба да добијам ќе видам како што.
     
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Јас првиот преглед го направив пред 3 дена ама сум требала многу порано. Ја излажав докторката дека редовно одам на гинеколог и дека последно сум била пред 20 дена бидејќи не сакав да ме кара за тоа.. Ама совет од мене немојте да лажете оти ќе приметат. Ме прегледа и излезе дека имам проблем со десниот јајник и ако сум била на преглед пред 20 дена сигурно немало да остане тоа така. Она ми даде лекарства. Не ми кажа ништо ама знам дека ме фати во лагата .Уште 2 месеци ќе полнам 19 и воопшто не ми беше срам или страв, докторката беше малку постара и мислев дека ќе биде полна со предрасуди бидејќи и побарав контрацепција да ми препише но се излезе супер. А најдобриот дел е цената. Докторката работи приватно, а си ја ставив матична и ми зеде само 170 денари а ми правеше ПАП тест и ме седна на тоа боксот ме гледаше со тоа чудото на кое се става кондом и се пика внатре(простете вака знаете за што зборувам ама не знам како се вика )
    мислам дека доста ефтино поминав :D
     
  8. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.110
    Допаѓања:
    40.312
    Па нормално знае дека лажеш, никој не оди на 20 дена на гинеколог, освен ако нема проблем ;)
     
    На Milobebence, buba4e89, sparklie и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    јас и побарав контрацепција не знаев воопшто и дека имам проблем, таа инсистираше да ме прегледа.
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Не ти треба контрацепција верувај ми. А и повеќето ги пијат ради бременост.
     
  11. nensss

    nensss Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2018
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Вака сега, имам 16 години и сум сексуално активна.. пред некој ден ми се појави болка како печење и чешање а еве сега и заприметувам и болка на јајниците. ( не напоменав дека прв пат сум сексуално активна..3-4неделно)
    Сакам да одам да се испитам ама проблемот е што уште не сум спремна да го споделам ова со мајка ми.. и тоа ме кочи..
    Каква е процедурата на испитување ? Дали ќе можам сама да отидам?
     
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.769
    Допаѓања:
    33.609
    Пол:
    Женски
    Зошто да не можеш? Ќе си земеш матичен гиниколог ако си осигурана.Приватно е поскапо , осигурана не знам колку е може да е и бесплатно. Процедурата малку е језива .Не боли ако не се стегаш.Ќе добиеш вагиналети .Не треба да имаш односи додека трае терапијата и ако имаш стален партнер мора и тој да се лечи.Ќе ти каже докторот. Штом веќе си активна редовно посетувај гиниколог за твое добро т.е здравје.Обавезно прави си ПАП еднаш годишно. Со среќа и со памет и почитувај си го твоето тело;)
     
    На nensss му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nensss

    nensss Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2018
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Препорака за приватно?

    Сакам да одам на гинеколог и да се испитам ама како е можно таа проверка да не биде заведена во здравствена книшка или на друг документ? Сама сум во ова и не сум спремна да споделам со моите така да сакам да неможе да се дознае ??
     
    Последна измена од модератор: 12 август 2018
  14. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.769
    Допаѓања:
    33.609
    Пол:
    Женски
    На приватно можеш не сакаш да ти биде матичен и толку. А и не се плаши од мајка ти нема да те кара.
    Препорака за приватен немам оти не сум од ск , а и не сум во мк.
     
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Прегледите не се заведуваат во книшка туку во картон што ќе ти го отвори матичниот, за тоа немај гајле. Но ако веќе сакаш да почнеш да одиш редовно на прегледи, подобро одбери си матичен гинеколог за да ти бидат прегледите покриени од фондот.
    Нема како да дознаат твоите.
     
  16. nensss

    nensss Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2018
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    А после што со тој картон? Ќе треба да го носам секогаш кога ќе сакам да се испитам? и дали мајка ми ако ме однесе и да се правам како да ми е прв пат и тогаш дали ќе можат негде во систем да видат дека јас веќе имам извадено? Многу прашања знам ама ништо за ова не сум информирана.. се надевам ме разбирате :D
     
  17. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    2.467
    Пол:
    Женски
    Картонот си стои кај матичниот. А зошто да одиш со мајка ти?
     
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Тој картон останува кај докторот, исто како што имаш картон кај општиот матичен доктор.
    Не разбирам зошто мајка ти да те однесе? Ако си полнолетна имаш право да кажеш дека сама сакаш да одиш.
    Инаку нормално дека си постои систем каде што можат да се видат сите матични доктори што си ги избрала.
     
  19. nensss

    nensss Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2018
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Па тука е проблемот што имам 16 години :)

    Нормално мајка ко мајка кога и да е ќе те однесе ќе те провери ќе сака да види дали е се во ред и дали ќе можам да имам однос и ќе те советува како оди таа работа која јас веќе ја направив
     
    Последна измена од модератор: 12 август 2018
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Не му се секирај, ако инсистира да те носи поради твое здравје, оди. И така со докторот влегувате сами во ординација па ти можеш да му кажеш што сакаш, тој нема да пренесе на мајка ти. Како за прв пат може ќе ти направи ехо (надворешно) па договори се со него накнадно да отидеш за пап. Секогаш да бидеш искрена пред докторот.
     
    На nensss му/ѝ се допаѓа ова.