девојки деновиве ќе одам на гинеколог за обичен преглед, дали може да ми кажете што прават поточно таму на прегледот, првпат ќе ми биде?
Ќе те прашат за твојата историја, дали имаш забележено некои проблеми, дали има шанси да си бремена (ако да тогаш ќе ти прават тест), може да ти прават ехо на матката или пак да ти прават рачен пелвичен испит. Доколку мислат дека би било корисно може да порачаат хормонски тестови, и доколку си на одредено доба и немаш правено ПАП ќе ти прават ПАП.
пред 2 месеци почнав со првите односи, и до сега ништо ми немаат правено, не сум трудна, хормонските тестови како ги прават?
Доколку е потребно ги прават (најчесто естроген, тестостерон, ЛХ, ФСХ, итн.) не секогаш и се прават со земање крв од вена.Ти препорачувам да направиш ПАП штом си активна и за СПБ. Доколку не имаш примено ХПВ вакцината треба да ја примиш што поскоро. ЕДИТ: Заборавив да кажам дека доколку се установи дека треба да се проверуваат некои хормонални вредности, тогаш најверојатно нема да се прават одма, туку обично се прават по специфичен дел од циклусот, така да докторот ќе ви каже.
За да се зашитити себе си и партнерите од болестите што може да ги добие без неа (на пр. рак на матката). Оно требало да ја има ставено пред да стане сексуално активна, ама доколку има чиста клиничпка слика може се уште.
Може да користи презервативи и ќе се заштити и од други СПБ, место да се вакцинира само од ХПВ. Инаку не, не мора да ја стави вакцината пред да стане сексуално активна, а не мора ни воопшто да ја стави. И да, сум за вакцини, ама уште повеќе сум за сексуална едукација.
Да, но ХПВ може да се пренесе на повеќе начини, и исто така не секогаш луѓето користат презервативи. И може да се стави пред или после односи, но подобро е пред. Се согласувам дека сите треба да имаат добра сексуална едукација.
Не користат, но советот е дека треба да користат презервативи. ХПВ вакцината штити само од неколку типови, не сите. Затоа вистинскиот совет е презерватив, а не вакцина. Настрана што има и други СПБ болести полоши од ХПВ од кои треба да се заштитат.
ние редовно користиме презерватив и ако има некаква врска, први сме си еден на друг, би требало колку толку да сум заштитена од тоа
Тоа 'Први сме си едни на други' е лабилен аргумент кој не треба никогаш да го применуваш послебно кога размислуваш долгорочно. Што ако раскинете? Што ако некој го изневери партнерот? Сексуално рпеносливите болести не се пренесуваат само сексуално во некои случаи, и не сите врски се идеални и траат засекогаш (не велам дека вашата нема да трае).
Здраво женски, барам добар гениколог во Скопје. Имам 19 години, сексуално активна 6 месеци. Еден партнер, си бевме први, али сепак сакам да си напраам контрола и веќе да си одредам матичен гениколог за редовни прегледи. И по можност цена за преглед да ми кажете. Ви благодарам.
Здраво девојки,сакав да ве прашам дали на некоја и се случило менструалниот циклус да и трае скоро месец,со мали прекини од неколку дена но сепак е присутен постојано?
Вагинален преглед е широк поим. Со прсти ( 2 обично) внатре плус палпираат со другата рака карлица забележуваат промени на органи( но не скроз прецизно), потоа ехо вагинално е појасно од ехо врз кожа и самиот пап и брисеви се со спекулум внатре, а може да гледа и грло на матка со колпоскоп( ретко тоа го прават). Што може да отктијат....тоа што имаш ваљда, тоа е целта.
Девојки, сексуално сум активна од пред некој месец и првпат ќе одам на гинеколог, па сакав да ве прашам дали правењето преглед (ехо, пап тест) може да се направи во кој било ден од месецот, со оглед дека треба да добијам за 7-8 дена, дали да почекам да ми заврши, па да одам на гинеколог или може и сега да направам прегледи пред да ми дојде, пример утре или задутре? Малку глупо прашање може, ама би сакала да знам кога е најдобро/препорачливо
Најпрепорачливо да се прави гинеколошки преглед е за време на овулацијата и плодните денови,т.е. две недели по менструацијата,а може и веднаш по менструацијата.Никако не се прави само за време на менструација,во тој случај треба да се почека да заврши менструацијата,па потоа да се оди на преглед.Инаку,не треба закажување со термин,може така директно на преглед да се оди.Во врска со твоето прашање дали да одиш,пример утре или задутре,а треба да ти дојде за 7,8 дена мислам дека можеш да одиш ако ептен ти е итно,т.е.ако имаш некој проблем,како вагинални инфекции или болна менструација,сега може да ти најдат замерка само тоа што слузницата на матката се здебелува пред циклусот,но често ни тоа не е пречка за да се направи добар детален гинеколошки преглед,ти види си и одлучи дали ти е итно,мислам дека не би имало,сепак,проблеми утре или задутре да одиш,ти одлучи си.Значи,само за време на менструација не се прави преглед,во сите други денови може.