Здраво, девојки дали овој е ценовникот на Ре Медика? - Гинеколошки преглед, здравствен совет / Gynaecological consultation and examination 1.000,00 ден. - Колпоскопија / Colposcopy 1.500,00 ден. - Цервикална цитологија (PAP) / Cervical cytology (PAP smears) 1.000,00 ден. - Вагинален ултразвук (УЗ) / Vaginal Ultrasound 1.700,00 ден. - Пакет: преглед + колпоскопија + PAP + ултразвук / Package: Exam+Colposcopy+PAP+Ultrasound examination 3.800,00 ден. - Пакет: преглед + колпоскопија + PAP / Package: Exam+Colposcopy+PAP 2.900,00 ден.
Кумановчанки јас ќе бидам нова во вашиот град. Па би сакала да ми препорачате кој е најдобар гинеколг во Куманово ? По можност жена да биди
Здраво ми треба мислење дали да одам на преглед во Систина или Ре-Медика и ваша препорака за гинеколог. Читав позитивни коментари за Д-р Котларова па ме интересира и ваше мислење.
Јас би ти ја препорачала Систина и тоа д-р Никола Панчевски, супер доктор е за стучност да не зборуваме, нема да чуеш лош збор за него. Преферира природно породување и има искуство зад себе години и години.
Zdravo devojki, sakam da prasam kako izgleda eden redoven ginekoloski pregled. Nemam pojdeno nikogas, epten mi e strav, I sram. Se plasam da ne boli ako brcaat vnatre.
Ништо не боли, нема од што да се плашиш и срамиш. Си се соблекуваш, седнуваш на столчето и докторот те прегледува, како и секој општ здравствен преглед.
Ич да не се срамиш,исто како на депилација што не се срамиш,нема потреба. Прегледот се изведува со инструмент што се вика спекулум,за почуствителните има и помали кај некои гинеклози. Со стапче како стапче за уши ти зима примерок за пап и брисеви,а со тенка сонда на ехо вагинално ти ја гледа матката и јајниците. Се препорачува еднаш годишно да се оди на гинеколог.
Devojki utre sum na ginekolog,no za 3 dena treba da dobijam. Prv pat mi se slucuva vakva koincidencija. Dali e vo red da se odi pred menstruacija na pregled (eho,pap) ili da prezakazam?
Здраво дечки. Сакам да ве прашам нешто но не знаев каде да прашам. Значи вака имав менструален циклус некаде на средина од август околу 15. Потоа имав односи со мојот дечко и немаше никакви компликации. Синоќа пак имавме односи и јас прокрварев,а преку ден имав болки во стомакот. И незнам од што.Помагајтеее!!!