bluberry не е скапо, таман е. И јас плаќам 2000ден на приватно, вагинално ехо, пап-а тест и колпоскопија, притоа резултати за една недела добивам. Барем по скопските приватни клиники, толку се цените. Ако ти текнува имаше и тие некои реклами за студенти , или нешто мислам одреден ден беше, па целосен преглед со се некаде 800ден чинеше
Инаку во Медика Плус комплетен медицински преглед за 1300 денари, слушам по реклами на радио, а се наоѓа некаде кај нова железничка станица...
Овој попуст го видов последен пат лани на рекламни плакати. Најверојатно ќе го има и годинава. Не ми текнува точно на името на ординацијата, затоа нема да именувам ништо, само знам дека 90% од девојчињата што отишле таму испаднаа дека имаше цин1,2 , па било потребно некаков оперативен зафат, и триста други чуда, за да на крај во други ординации се воспостави дека нема ништо од сето тоа. Меѓутоа сето ова демек било резултат на ниските цени за преглед, па така да си преисплатат. Дека е вистина со погрешните дијагнози е факт(пример близок имам, а и доста се изначитав за истите по други форуми). А дали тоа го прават за да си ги повратат парите(нели ефтин преглед) не знам(веројатно). Ќе се потрудам да ја дознаам ординацијата па да ве известам дополнително. Поради овие причини сметам дека 2000ден за преглед е сосема во ред. Сепак се работи за познати доктори, веќе докажани(претежно).
Devojki sakam da otidam na ginekolog ke mi bide prv pregled i ve molam da mi objasnete nekoi raboti. Kakov e toj pap test? Sakam da mi zemat bris pa da cekam rezultati da ne imam nekoja infekcija ili nesto. I ako go napravam toj pregled dali mora i vaginalno eho da napravam ili nema potreba? Ve molam objasnete mi sakam koga ke me prasa doktorkata kakov pregled sakam da znam da i kazam a ne pojma da nemam I uste ova. Preku pap test bi mozelo da se vidi dali imam nekoja infekcija, ili toa se gleda preku kolposkopija?
preku pap test moze da se vidi dokolku imas nekakva infekcija.inaku jas odam na ginekolog vo aerodrom vo privatna ordinacija.Tamu pregledite se 1200 den. a rezultatite stignuvaat za 1 den.
Stvarno eftino, toa 1200 komplet eho i pap test? Ako moze da mi dades poveke informacii broj telefon i imeto na ginekologot.
Сакам да им кажам на сите девојки кои се плашат прв пат да одат на гинеколог, дека воопшто нема потреба од тоа, воопшто не е страшно како што мислиме... После толку месеци собирање храброст, иако резултатите покажаа дека се е ОК, мн се каам што порано не отидов
Не знам многу ми е незгодно, ептен нејќам ич гинеколози, само кога морам да одам а и многу ме мрзи сто пати ќе се мислам еднаш ќе одам
paketot vklucuva regled, vaginalno eho, kolposkopija, bris i papa test.inaku lani bilo 1200 sega e 1500 den.ginekologot se vika Nikola Panevski a se naoga na ul.Vladimir Komarov br.23 ( karsi Vucko vo Aerodrom )
Не знаев каде да го поставам прашањево, па еве овде. Пред три дена при орален сех дечко ми ме изгреба со нокт несакајки , почувствував силна болка, но продолживме со сехот. Сега ме пече кога мокрам, ама бидејки добив не можам убаво да видам , ама мислам дека имам нешто како ранички доле, не можам дури убаво да седам , непријатно ми е . Дали и се случило на некоја , ве молам да пишете , дали само од себе ке помине или морам на гинеколог, а скоро бев , не ми се оди пак
Девојки дали знаете информации за гинеколог (по можност жена) од клиниката Букурешт? Телефон,цена...?
Jas imam 21 god i ushte ne sum bil vo ginekolog a seks ima veqe 3 godini . koga imam seks posle imam bollka na stomak i tamu dole imam bollka
И јас сакам да одам на гинеколог зошто страв ми е да не имам некоја инфекција НедајБоже... Имам идено само еднаш, со нешто ми светеше како камера, па гледав на екран што имам внатре - и тоа се покажа се бело - тоа кандидата уххх ја мразам! После нешто ми проверуваше како е матката, јајниците! Дали со ехо или ултразвук - ма да поим немам што се всушност...на екран може да се види некоја циста??? Или исклучиво со пап тест? Тогаш сакав да направам пап тест, но докторката ми рече дека немало потреба, тоа било само кандида....ама сепак ми е страв да не е нешто повеќе....ух....зошто имам баш бело прање, што на гакичките се суши жолтеникавко, и има мирис на јогурт....... Сега психички се спремам, морам да одам, ма што сака нека е сакам пап да правам, но пак ми е страв, да не се згреши нешто, зошто колку што слушам во лабараторија ги грешеле примероците.... уххххх....страв ми е
Скарлет бе немој да се плашиш, и јас бев ко тебе, ама верувај дека кога отидов, после ми беше криво што порано не сум отишла. Значи колку и да ти изгледа страшно - не е тоа што мислиш дека е... Воопшто не е страшно, ниту срамно, ниту пак боли... А тоа белото прање ти е веројатно повторно кандида. Ке ти дадат соодветни вагиналети или други лекови и ке ти помине брзо.. И мој совет е доколку можеш финансиски, да отидеш на некое подобро место, каде што пред се хигината е на високо ниво. Не би требало да има грешки во Пап-от, мислам дека барем во подобрите ординации каде што се плака во 2000 денари не можат да дозволат таков пропуст. И ајде, некој ден од тебе треба бебе да излезе, ти се плашиш на гинеколог да отидеш. А кога-тогаш мора да одиш, колку порано толку подобро.. И за резултатите немај гајле, биди оптимист
Лелелее.. 3 години сексуално активна и не си била ни еднаш на гинеколог, фали се..... Па почекај уше 3 години па може нема да те боли ...