Бидејки многу од вас прашуваа за ова, еве најдов ефтин гинеколошки преглед. Во Гинекомедика имаат есенски попуст, и комплетен преглед е 1450 денари. http://www.facebook.com/?ref=home#!/pag ... 2879705686
Здраво девојки, нова сум на форумов. Ве молам да ми дадете некој совет. Веќе 5 дена имам проблеми, најверојатно се работи за некоја инфекција. На пределот кај вулвата и мочниот канал имам непријатно чешање и црвенило. Два дена се мијам со чај од камилица и се смирува привремено, но после некое време повторно ме чеша. Не можам да одам сега на гинеколог зошто сум баш пред менструација. Ве молам за совет, не можам веќе да издржам. Да напоменам дека со партнерот имаме секс со заштита.
luge ve molam pomagajtee.. jas sum veke 8 meseci seksualno aktivna majkami toa seuste ne go znae a pred 2 meseci imav ogromni bolki stomakot se rasprasav i citav na internet mislam deka bese toa cistitis li kako go vikaa i majka mi kako da primeti deka nesto ne vred so mene pa sakase da odam na genekolog dosta insistirase no sepak ne uspea da me razubedi strav mi e deka ke moze da me doznae za moite seksualni odnosti.. zatoa ve molam kazete mi dali moze toa da se doznae preku eho? shto da pravaamm?!?! [mod-kirilica:11gvphf5][/mod-kirilica:11gvphf5]
Да и кажеш се на мајка ти. Она само добро ти мисли и ќе се погрижи за твоето здравје.Нормално дека ќе има последици, ама здравјето секако е на прво место.
Ќе и кажеш на мајка ти и таа ке те одведе на гинеколог, кога веќе си решила да бидеш сексуално активна мора да знаеш да се справиш и со проблемите што можат да настанат. Можеби си само настината, може да имаш инфекција или нешто слично ама на интернет сигурно нема да се излечиш. А и мајките не се од вчера, сигурно нема да скока од среќа ама барем ќе ти даде добар совет. Не си играј со здравјето. И не преку ехо не се гледа дали си сексуално активна или не ама треба да му кажеш се на гинекологот, на крајот на краиштата мајка ти може да почека во чекална.
Рано си почнала со сексуални односи, али веќе нема назад. Ако не сакаш да одиш со мајка ти оди со другарка и крај. Нема ништо на книшка да ти пишува.
да,да ептен рано си почнав ама тоа е кога ке се заслепиш од љубов.. али сепак благодарам за советите се надевам кај и да е ќе и признам..
леле знам дека ќе ме истепате ама 1 година сум активна и не сум била на гинеколог до сега не ме тепајте.....
За тепање си, ама штета што не можам да те истепам Не е шега, имаш 20 години, свесна си дека треба што поскоро да посетиш гинеколог. Лошо е што секогаш се чека некоја инфекција за да се стори тоа... Може да се одвои време за на фризер, а за гинеколог не. Ко да е џелет, а не доктор.
знам и мајка ми ми вика исто, вика ајде да те носам, не бре за жива глава не може да ме убеди...знам дека сум за тепање ќе одам деновиве!но, многу ми е страв и срам, прв пат и.... ќе видиме како ќе биде
Дечки не се заебавајте да си одете редовно на прегледи тоа ни е страшно,ни е срамно.За тоа сто почесто се посетува гинеколог толку е подобро.Тоа ви го кажувам од искуство,јас одам сега секои 4 месеци,ама пред тоа од како бев родила не бев отишла 6 години.И после имав проблем па ке имам кога не си ја свакав работата сериозно.За тоа одете не плашете се и без срам.Поздрав!!!
Сексуално сум активна па можеби 7 месеци но сеуште сум малолетна и незнам дали да чекам уште 8 месеци до роденденот за да отидам на генеколог кога ќе бидам полнолетна или можам на приватно да отидам сама или со другарка без родител? И дали на дрзавно мора да се отиде со родител доколку не си полнолетен?
Банг, за на гинеколог не ти треба лична карта дека си полнолетна. Туку само здравствена легитимација и да си отидеш кај соодветниот гинеколог кој ќе го земеш како матичен. Внимавај при изборот на лекарот. Јас би ти препорачала веќе кога си сексуално активна да си посетиш гинеколог, нема ништо срамно. Би ти препорачала сама да си отидеш, со другарка ќе ти биде посрамно. Гуд лак
Фала ти. Мене ми беше за на државно да не терба со родител заради полнолетноста, зошто пишува година на раѓање во книшката. А за во приватно како е? Колку пари е еден обичен преглед колку д асе осигурам дека се е во ред
Вчера бев на приватен гинеколог и не платив ништо, само сини картони и здравствена книшка ти треба! Ако ти е само за ехо преглед мислам дека не се наплаќа, а ако сакаш и хормонално испитување да ти се прави или пак ПАП тест е тогаш се плака! Колку што сум јас информирана со сини картони само преглед не се наплака, сепак нека ме поправат поискусните ако грешам!
^^Тоа само кај матичен гинеколог, приватниве што не работат со сини картони го наплаќаат и прегледот.