Не е точно, како нема? Еден бесплатен пап тест имаш годишно, брисевите однеси си ги сама во Државна кај Хипократ. Околу 800 мислам беа сите 4 бриса, ако не и повеќе, не знам точно. 500 ден е пап на приватно ако сакаш, во Хистолаб ги носи мојот гинеколог, а можеш и сама да го однесеш папот до кај нив. Матичен гинеколог, не треба да ти напларжтува преглед, исто како што не наплаќа ни матичен општ др.
Заборавив да напишам дека ми рече на три години само еден бесплатен пап тест ме следувало, незнам што да кажам
Сменето е уште лани го сменија. Бесплатен пап тест на секои 3 години е од сега. За брисеви се носат на 2 места институт за јавно здравје и центар за јавно здравје. Е сега разликата е каде моментално ги има сите реагенси во моментот.
Луѓе се изнервирав, сега бев на гинеколог во Скопје, ми рече да правам брисеви, последно правев лани во мојот град каде што гинекологот ги праќа и стасуваат резултати. Е сега како да одам да и речам на мојава матична да правам брисеви? Плус сакам Ск да ги носам. Што да и речам? Да дај упат за на државно? Плус треба и хормони. Сакам се Ск на државно да правам. Срам ми е да и речам, одма ќе ме праша зошто таму, одма ќе помисли дека кај друг одам. А,ако ја пишам оваа од Ск за матична да не си направам проблем.
Со се знаеш себе си. Ако имаш итни потреби од гинеколог тогаш остани си во твојот град. Ама ако мислиш дека ќе имаш подобро здравство во Скопје, без размислување смени матичен
Здраво Одам на гинеколог више три години, најчесто за пап тест и преглед. Матичниот гинеколог ми наплати 1500 денари, 1000 за папот(приватен) и 500 ден за преглед или како што пишуваше посебни услуги. Незнаев дека во пап тестот се испитува само за канцер, мислев дека испитуваат и за бактерии. Од тие причини немав направено понатамошни тестови, освен урино култура. Загрижена сум многу бидејќи уште пред две три години почна мокрењето од време на време да биде болно, покрај чист резултат мислев само дека е јака прехлада па го занемарив. Сто пати направено урино култура и пап на гк. Сега бев кај нефролог снимени бубрези и бешика, све во ред. Но ми предложи да одам да испитам за кламидија, таа самата ме праша дали на гк испитале и сметаше дека мора да испитале. Сега чекам резултат преку урина дали ќе се докаже. Дали некој имал искуство со кламидија и дали е опасна? Многу ме загрижува, се извинувам на долгиот пост сакав само искуство да споделам бидејќи јас се зезнав, не знаев дека треба сам да бараш микробиолошки брисеви.
Да се надоврзам никаков мирис,исцедок или крварење ван циклус. Само болка при крај на мокрење која се појавува периодично и болка при однос поради долго време немање односи.
Ако веќе уринокултурата е чиста зошто да земеш брисеви вагинални? Секако тебе те боли при мокрење немаш чешање,печење,жарење, зголемен исцедок, боја, јак мирис итн тоа укажува на инфекција. Секако добро е да направиш и брисеви чисто за тебе.
Направи си брисеви за да видиш на што си. Било која бактерија да ја имаш не е страшно и се лечи со терапија. Штом имаш болка мора да има нешто, освен ако не трпиш за мокрење па може и од тоа да е . Меѓутоа ако мокрача е чиста мора да има нешто вагинално. Така да кај мат и брисеви да си испиташ обавезно. Па понатаму ќе видиш
Mislam deka kazuva pap I bakterija nekogas kaj mene pokaza minatiot pap kandida, plus I nekoj izmeni na kletki za hpv sto dopolnitelno me isplasia koi jas gi nemav pa tipizacijata bese negativna, pri jaka infekcija mislam deka moze da pokaze nesto na pap ako e vaginalno ili cervikalno infekcijata ama ne kazuva tocno sto e pa te prakaat da ispitas dali e toa navistina ili ne e
Девојки здраво Имам позитивно хпв и пијам имуностимулснси Брисеви чисти Ама проблем имам со исцедок и мн лош мирис,чешање и печење никакво само мн лош мирис,на расипано Имате ли вакво искуство
Може и од хпв а може и бактерија. Понови брисеви, консултирај се со док. Вагиналитки некои мора да ставиш. Или пробај со измивање со сода бар да намалиш
Не сум правела пап приватно. Ме фати некоја паника, кај мојава матична нема термини скоро, па сакам приватно преглед и пап по потреба. Каде препорачувате освен систина?
brisevite na 3 mesta se nosat, pokraj dvete navedeni plus i na institut za mikrobiologija, i od moite soznanija cenata e uste tuka 350, na drugive dve mesta e poskapena na 700 .
ferty clinic, pap test plus eho 2000, i davaat podarok eho na tiroidna. Mislam cenava e bas ok za se. Na drugi mesta ako ne ti e maticen izgor se cenive.
Колку ви наплаќаат ПАП тест, микробиолошки брисеви и преглед со трансвагинално ехо кај матичен гинеколог?