zdravo devojki, me interesira kolku se naplakja redoven ginekoloshki pregled vo pzu korunoski? prv pat odam na pregled i sakam da znam shto da ocekuvam. pozdravv
Здравооо Предложете ми добар гиниколог кај кој ќе можам да се чувствувам најопуштено, гиниколог кој баш си ја врши работата како што треба, но и да ми пишете дали е болен прегледот и земањето на пап тест. Доколку знаете пишете ми и цена за преглед кај гиникологот што ќе го посочите како добар, не ми е битно каде ќе е, само во ГАК не сакам. Исто и дали има врска после колку време да се направи прегледот - пап тестот од циклусот ? Thank you
Јас еднаш искрварив три месеци беше пред короната и ми препиша матичната микрогинон ги пиев три месеци и ми рече да ослабам. Оттогаш немам потреба за гинеколог.
Прегледот не е болен, повеќе би рекла непријатен, исто и за пап тестот. Не е болно, не се плаши, важно е на време да правиш прегледи. Цените кај приватен гинеколог се секаде различни, од 2000 ден. па нагоре, ако немаш матичрн гинеколог, пробај да најдеш добар матичен гинеколог на кој што нема да му плаќаш. Иако е тешко да најдеш бидејќи на сите добри др им е пополнета квотата за матични пациенти. Пробај побарај ги св.Алексеј, нови се прилично, и кажи дека сакаш за матични да ги земеш, многу се фини, бројче најди на гугл или на инстаграм ќе ти објаснат се убаво.
Не треба да имап потреба, треба преглед и ПАП тест да се прави еднаш годишно, без разлика дали имаш некакви индикации за посета, рутинска контрола е таа 1 годишно.
Девојки здраво. Правев пап тест пред 6 месеци, докторката ми рече дека се е во ред со резултатите. Онака појдов на преглед немав никаков проблем. Е сега гледам амнеза на мое здравје апликацијата, каде што пишала воспалителна болест на цервиксот??? Дијагноза N72 Некоја процедура е ова за испраќање на брис или како? Загрижена сум зашто немав и сеуште немам никаков проблем.
Да, како дијагноза го пишала за да може упат да отвори. Многу често знаат така. Мене и во бременост, ако не можеше да најде упат со некоја дијагноза, ќе ми отвореше со ризична бременост, а не бев ризична.
Дали за да однесам микробиолошки брисеви на микробиологија потребно е да се закаже термин или само матичната да ми земе промерок и јас да ги однесам?
Нема термин. Само ги носиш и ги оставаш, ќе ти кажат кога би биле готови. И тогаш одиш само и зимаш резултати
Здраво, се надевам не ти враќам касно. Би ти предложила др. Јасмина, има своја ординација во Хром. Може да ти биде матична. Пред да ми стане матична, првиот преглед +ПАП тест ми плати 800 денари. После тоа беа бесплатни. Прегледот не е болен, незгоден е. Отворена е за сите прашања