Здраво. Би сакала да ве прашам дали после пап и брисеви, на бришење имате крв како розевко црвена? Секогаш сум имала, ама денес втор ден, некако исто е на секое бришење, не се намалува. Гинекологот ми кажа ако не престане до понеделник да идам на преглед. Правев и ехо, се беше уредно. Инаку немам болки, во овулација сум, но никогаш сум немала крв за овулација. Фала ви однапред.
Може да е од папот, ако гребнала малку повеќе докторката. Не се грижи сигурно не е ништо, да имало било што ќе ти кажела докторката и ќе го видела. Сепак, ако продолжи оди да преглед нека те види, чисто да си бидеш со мирна совест
А ќе ми треба упат од матичниот? Не сум носела до сега, во Пролет само имам носено, па не знам како е процедурата.
Најзадоволна сум од SynLab за брисеви, најопширни антибиограми имаат во случај на присуство на бактерија.
Да, имаат цени, повели линкче https://www.synlab.mk/attachments/article/539/Synlab Cenovnik web.pdf Сите 4 брисеви се 2.600 ден, инаку во било која лабараторија нивна може да се однесат.