Успат уште едно прашање, дали некогаш ми следува бесплатен пап кај матичен гинеколог? Првиот пат си платив 2-3 илјади за пап и ехо, не знам дали ме скамнаја или е нормално. Исто и за брисеви за бактерии, кандида итн? Како оди процедурата?
2-3 илјади за пап и ехо? Кај матичнен гинеколог беше? Како што знам ехото не се плаќа, папот 1000/1500 денари и ако сакаш микробиолошки брисеви се доплаќаат плус. Јас сега правев микробиолошки брисеви ми беа пуштени во Авицена 2900мкд во паќет одат брисеви од вагина, цервикс, микоплазма и за кламидија.
Бесплатен ПАП ти следува еднаш на 3 години. Ехото сите си го наплаќаат, обично од 300-600 ден. Брисеви матичниве обично си наплаќаат за земање (обично 100 ден од стапче). Ако се пуштаат во државните лаборатории се плаќа за таму 350-750 ден и плус за курир (освен ако не ги носиш сама).
Кај матичен да. Гледам сите различно кажуваат затоа врска немам шо е нормално а шо не. И која е целта да имам матичен кога цените се исто како на приватно? Значи технички годинава ми следува. Ама па се чудам зошто првиот пат ми го наплатија? Да не треба да бидам одредена возраст за да имам бесплатен пап?
Е ајде де, нели демек ќе ги казнувале ако наплаќаат, еве ми скрати мене гинекологот не ми наплаќа за ехо воопшто, а за пап наплаќа. Т.е не е ми пратил до сега на државно, нон стоп на приватно ми ги праќа брисевите може и затоа толку пари зима. Којзнае. Штампат пари они ама ајде, кога си на зорд ќе платиш, што да правиш, немаш избор.
Матичен гинеколог, по правило не треба да наплати ништо, ниту ехо. Мене не ми наплатил никогаш, презадоволна сум и од односот спрема пациент, и од самото тоа што си работат според прописи. Не треба да имаш одредена возраст, на секои 3 години секоја жена има право на бесплатен ПАП тест, јас последно во декември правев, и чекав повеќе од 30 дена за резултат кога сакам побрзо си носам во Хистолаб и имам за 3 дена резултати. Брисеви секако се наплаќаат, и во Државна си ги носам јас сама. Пап тестот ми го носат од кај гинекологот, не наплаќам ништо плус ниту за тоа.
Прогуглај си ја шифрата и ќе видиш што е. Не мора да значи дека си имала нешто. Али пак три години поминале, оди си пак, треба секоја година да одиш
Здраво жени, дали има некој искуство со бодежи во вагината? Од пред некој ден ми почна, како бодеж, како сечење со нож е чувството. При седнување, при станување, а при одење од време на време, не цело време додека одам. Многу е јако и болно.
Не сум. Баш сега ставив камилица чај, па ќе видам. Инаку дури сега како да гледам дека внатрешно на десната страна како да има малку отечено, што може да е тоа? Ќе треба пак да го посетам докторот изгледа.
Ако е долу вагинално жлезда или акна. Мене понекогаш пред добивање ми излегува гнојна акна која боли и ми смета при одење, седење. Јас на влошка ставам топол чај од камилица и за ден, два ми поминува.
Здраво сакам да прашам за постара личност се работи (63год), не била со години на гинеколог, ја интересира дали може да си избере матичен гинеколог на ГАК. ( кој ќе и направи преглед ехо, пап, итн- бидејќи е оперирана од тумор на градата и сега мора да напраи преглед за матката).
Гинеколозите на ГАК не можат да бидат матични, ама може да си избере друг матичен и тој да и даде упат за преглед за специјалист на ГАК.
На Гак матичен нема. Мора да најде матичен и со упат на Гак. За оваа проблематика, Катерина Николовска или Ива се доста стручни.