Состојките за одличен брак се индивидуален избор на партнерите. Се додаваат и одземаат според потребите за вкус.
Состојки за одличен брак: две шољи доверба, две шољи верност, една шоља толеранција/компромис, една доза љубов, доза поддршка, доволно е и малку разбирање и за крај се зачинува со малку љубомора за вкус. Се подготвува на ~37оC во текот на целиот живот. Може да ја дуплира масата барем еднаш и тогаш доаѓа до создавање на специфична позитивна состојка наречена среќа/смислата на животот, но поинаква од онаа која ја вкусувале партнерите во текот на својот дотогашен живот.
Точно дека темава е индивидуална, секој човек си има различни барања и гледушта кон бракот и љубовта, ако некој бара љубов може друг бара сосема поразлично нешто и обратно, состојки за добар брак не постојат, постојат само поими кој секој човек различно ги доживува.
Само две состојки - компатибилни патрнери кои делат интереси, желби, гледишта на животот, сакаат исти нешта и имаат многу заедничко каде помалку се доведени во ситуации да прават компромиси и да трпат за доброто на бракот зошто тие компромиси со тек на време стануваат фрустрација. Најважно од се е да им оди муабетот, да го негуваат односот, да ја одржуваат страста и секако да имаат взаемна љубов и доверба.
НАЈ НАЈ ВаЖнО е Кока-колата секогаш да биде држена во ладна состојба -топ форма и спремна за конзумирање од двете страни
И на крај, ако сакаш да зачиниш, додаваш свекрва ,,меѓу прсти,,....ама пази, љуто е, желудникот тешко го поднесува.Некои се исфрлаат по цело тело, кај некои главоболка предизвикува
Иако не сум бил во брак ама вакво прашање е исто како да ги побараш состојките на среќата, љубовта, благосостојба итн. А мојот одговор е следниов: - Кога ќе престанеш да бараш состојки, клучеви, елементи за подобар браќ, љубов, среќа тогаш ќе го пронајдеш вистинскиот и уникатниот пат кон што и да целиш. П.С. Никогаш доста од мала доза на филозофија. ПозЗ3³ ®
Бреј домаќинки, што манџи сте направила во темава Какви и да се состојките, мислам дека најбитно е да им бидат на двацата по вкус. Она што мене ми е слатко, на некој друг може да му биде горчливо Ќе се сложам со претходните коментари дека ова е многу индивидуално, секој има различна замисла кога ќе се спомне „одличен брак“.
Одличен рецепт кој е прилично точен со мерките освен дозата на разбирање која јас би ја зголемила повеќе ! ^_~
Oва е некој базичен рецепт за успешен брак, а се' друго може да се додава и одзема според вкусот и ситуацијата. Ама и малку разбирање е добар почеток и подобро отколку воопшто и да го нема.
Замислувањето и доживувањето се два различни поими. Здравје ќе искуси па ќе види, е тогаш зборовите ќе си ги поголтне за своето, за најмилото де. Или пу пу, тоа нема да се важи?! Плукај по туѓото, гази, мрази!!! Така?! Тоа би било најлесно и најсватливо. Де бе луѓе имајте барем малку осет и почит, разбирање, бидете барем малку почовечни, зошто толку си ја труете душата. Срамота!
Љубов, почит, разбирање и трпение Кога станува збор за финансии и колку тие влијаат на бракот имам недефинирано мислење. Ако има финансии, сигурно премногу ќе работи, ќе биде преангажиран и многу често отсутен тука осаменоста е присутна. Без финансии пак застапена е депресијата, страв, грижи...
Не гледам јас..сите гледат..можеби пред 30год не..но сега е така..ќерко/синко најди некој богат..да е од град не од село..тоа се почетните психолошки надмудрувања од родителите..кога ќе се стапи во брак доколку едниот не му пружи доволно финански средства и луксузни задоволства на другиот..одма стапува љубомора зш овие имале а тие немат..и ср бара чајре за швалерај..развод..и живот со др особа или секој самостално..сведок сум на многу вакви примери од моево опкружување и сум убеден дека е така..