Zdravo kazete lek za glavobolka od vcera Imam strasna glavobolka no ne klasicna tuku na sekoi 18-20 sekundi kako so ilga da mebocka vo levata strana Nad uvoto pozadi slepocnicite sum malku nastinata so bolki vo grloto pri goltanje no tie se trpat a ovaa ne se napiv kafetin no nema efekt vtornik odam Kaj maticnata no barem da go pominam vikendov da ja ublazam
Brufen napi se, c vit I caj od kamilica so med, imas vospalenie na krajnici moze angina od toa tie, septolete smukaj I magnesium so b com zemi.
Најдобар лек за хронична главоболка е посета на доктор за да се утврди и отфрлат други работи поврзани со сериозна главоболка.
Да ја раскажам и мојата приказна: имав период, да не претерам ама со години а и уште се дешава ама поретко, легнувам со главоболка, станувам со главоболка, 24/7 присутна ама се трпи онака тапа болка... пред можеби 6 години почнав да имам напади буквално како две од оние иглити на нашите баби за плетење шо се, како да ме прободуваа и тоа нападот ненадејно, одеднап од двете страни или кај слепоочниците или долу над вратот позади на главата. И ме држат така у две точки интензивно некоја минутка, и кога ме пуштат нападите ми продолжува класична главоболка и денот веќе ми е уништен... на магнетна и на ЕКГ бев, ништо конкретно, као стрес и несоница ама сепак ми помина периодот кога стварно бев напнана. Некоја витаминска терапија пиев, и секој ден на сабајле лимон и мед на гладно како за цирмулацијата на кислород до мозокот да ми се подобри (така препорача докторката). Е сега, после неколку години пак почнуват овие напади. Некој нешто вакво слично да не имал? Извинете за огромнава објава
Главоболка може да се пропагира од вратен рбет од некоја спондилоза и дискус хернија или дури од внатрешното уво. Во медицината јасно се знае дека болките што се појавуваат на едно место и тоа како може да не се со локализирачка причина.
Три дена по ред сум со главоболка. Во средата пиев апче. Не се издржуваше. Не знаев кај терам. Денес ќе ја уклучам ламбата.
Сестра ми има 15 години и има проблем со главоболката 2 3 години, секој ден кога ќе дојде од училиште ја боли глава никакви апчиња не помагаат. Носена е на болница, на очно сите велат дека нема ништо. Не е нормално возрасен глава да го боли не дете од 15 години секој ден.
И јас имав исто така кога имав 17/18 години, бев сегде на снимање, ЕЕГ, компјутер, магнетна и немаше ништо, а јас имав главоболки секој ден. Еве неколку години после тоа имам пак често главоболки, но не како тогаш, а не земав некои лекарства. Дали пие доволно вода? Од тоа може да има чести главоболки
Дали има направено и испитувања преку крв, измерено притисок, ЕЕГ, КТ на глава (од невролог)? Доколку да, и се е ок, каков и е начинот на живот? Како е со спиењето, да не седи будна до сабајле, долго време пред телефон/екрани, дали претежно седи дома или излегува на воздух/прошетки? Каква и е исхраната и дали вежба? Дали е по природа нервозна и раздразлива личност, се да си зема при срце и често проблемите што ја мачат да и се манифестираат со физички симптоми? Сори на милион прашања.
@Merten Даа, скроз заборавив на тоа. Главоболката од синуси може да биде страшна. Ама ако има правено РТГ/КТ на глава, ќе се видат и синусите.
Спие од 7 до 8 часа, телефонот и е секогаш во раце не го попушта, не излегува не шета никаде, и да, си зема на срце сé. Кога има некаков проблем го крие во себе. Ги има направено сите испитувања. Ви благодарам на сите за одговорот, ќе се потрудиме да ги смениме навиките
Хронична главоболка може да има секундарно потекло пример од вратен рбет или дури од внатрешно уво иако најчесто се мисли да е од главата.
Дали некој од вас се има соочено со болка само на едно исто место на главата, како штипење, во горниот десен дел, од ништо не е поттикната, се јавува од ,,чиста мира”…имам закажано на лекар но цело време мислам…???
Zdravo veke dva dena imam kratko trnenje na glava (levata strana zaden del) dali nekoja od vas imala do sega vakov problem i sto bi mozelo da znaci
Здраво веќе трет ден имам главоболка која е како некој со игла да те боцка на лева страна над увото а знае и да шета да боцка и назад во вратот онака интензивно секунда па ја нема но се повторува на секоја минутка кажете совет се напив само кафетин но не помага ...