Здраво, јас имам болки фокусирани во пределот на левата слепоочница со години. Тука болката е најинтензивна но најчесто ме боли и цела лева страна. Може проблем да се синусите, или само левиот, секако треба преглед. Мене ми помага инхалација. Ако те интересира нешто, пиши ми. Поздрав.
Здраво сакам да прашам веќе три дена ме боли глава како да ме стега со притисок некако во мозокот ама пред некој ден се удрив на глава од греда кај другарка ми бевме горе на спратот и дури ми се познава малку џумка дали можеби да е некој потрес на глава ? Или не Дали знае некој што е тоа интеркранијален притисок на главата прочитав на google
Во последниве 2-3 недели секој ден се будам со главоболка. Вчера после вежбање, околу 9 навечер се напив аналгин (бидејќи немав парацетамол), витамин ц, магнезиум и шоља чај од маточина, а околу полноќ лексилиум. Утрово се разбудив со многу јака главоболка, ме боли левата слепоочница, ми пулсира, ме боли дури и окото. Утрово околу 9 ипол се напив анлгин, и еве 3 часа подоцна, се' уште ме боли. Дури на моменти добивам и нагон на повраќање. Како може да се разбудам со главоболка после аналгинот, магнезиумот и лексилиумот што ги испив вчера? Како може секој ден да ме боли главата, и тоа 90% од деновите да се будам со главоболка?? Имам одлична перница со memory foam, врз креветот имам и memory foam подлога. Удобно ми е спиењето. Видот ми е одличен, исто така и очниот притисок. Ништо не ме боли во телото, не сум настината, не сум болна, не осеќам некаков здраствен проблем. На врв на се, секој ден медитирам, правам прошетки на сонце, јадам прездраво и правам разни активности за добро расположение и намален стрес. ЗОШТО ИМАМ ГЛАВОБОЛКИ СЕКОЈ ДЕН СО НЕДЕЛИ?! П.С. Веќе 10-ина дена ми "игра" нерв под левата веѓа, не знам дали тоа е можеби поврзано со главоболкиве.
И јас се прашувам истото веќе два месеци секој втори ден ме боли глава.. Исто пазам што јадам, активна сум, не се нервирам ...
Исто и јас, пазам што јадам, вежбам скоро секој ден, пешачам (да фатам воздух), медитирам секој ден и правам еден куп други работи за да избегнам стрес. Да се пофалам дека во последните недела дена не ме болела главата ниту еднаш. Промената на времето ми годи неописливо! Многу подобро се осеќам откако залади.
Дали откри што ти е? Јас се мачам веќе 3 години и 9 месеци. Овие две недели ме боли буквално секој ден. Не знам што да правам веќе. На 19ти мај имам термин ќе ми ја снимаат. Секој ден пијам аналгин. Денес реков да не пијам и еве почна да ми се повраќа. Не сум способна за ништо. Демек јадење да правам немам ориентација од кај да почнам. Демек пазарував ама промашај направив комплетен. Душата ми бара да легнам да спијам во темно и тивко ама не можам тоа. Морам пак аналгин. Аман више. Нз што ми е.
Сеуште не ми кажале што е проблемот. Но тие главоболки се тука повремено, некои ми викаат дека е мигрена... Јас во моментите кога ми започнува ова ако имам при рака пијам ц витамин, б комплекс, аналгин, каснувам нешто благо и кока кола плус аналгин, некогаш поминува некогаш не.
Мислењето ти е од 2010 сега гледам. Зарем 10 години трае? Да не се надевам многу значи. И мене матичниот ми рече најверојатно мигрена ама ќе видиме на терминот што ќе кажат.
А ти минува ли болката од аналгин? Мм има мигрена и почна да ја разликува од друга главоболка. Беше на еден куп доктори за неврологот да му каже дека е мигрена .На него од ниту едно апче не му минеше дури ни од ибупрофен 600. Сега има специјални апчиња што едно на ден ги пие и делуваат 24 час.Само невролог може да му ги препише.Прво му дадоа послаби ама не му минуваше и скроз и пак го болеше по некое време.Исто неврологот му препорача ако сака може и секојдневна терапија цел живот никогаш нема да го фати.Ама мм одлучи само во случај на болка.Сега внумава многу гледа да не се напрега на работа .Нему многу му смета сонцето одма му се активира мигрената, ако не се напие одма апче повраќа .Сеуште редовно оди на контроли. Оди на невролог они ќе те упатат најмногу што да правиш.
На 19ти мај имам термин на невролог. Ми поминува и од пола аналгин. Неколку пати се случило само да не ми помине од цел аналгин. Сонце не ми смета (не сум приметила) ама сијалица или светло од телевизор, телефон да.
Нимексот е посилен од аналгинот, обично го користма за силни главоболки. Кога имам мигрена од која дури и ми се повраќа, комбинирам апче за болка со апче за смирување и најчесто ми ја смирува мигрената. Така ми препорача матичната и навистина помага таа комбинација. А понекогаш ни неколку апчиња во текот на денот не помагаат и не проаѓа главоболката.
Да сеуште го имам истиот проблем, најчесто при промена на време, односно од лето кон есен или од пролет кон лето. Незнам како да ти опишам, но јас имам светли очи, и ако нешто ме осветли наеднаш, како да се одбива светлината од нешто и ми оди право во очи е тогаш почнува се, е сега некогаш имам при рака се што погоре ти пишав но некогаш не, кога немам знае да биде проблематично. Се чувствувам парализирано во тие периоди, како да не можам добро да ги озговорам зборовите, како да незнам што сакам да кажам, ми треба темна просторија и сон од прилика два часа, потоа можам да функционирам. Искрано го мразам мај, најчесто тогаш ми се јавува овој проблем.
Јас имав хронични главоболки, веќе престанав да пијам аналгетици, секое утро во шолја зовриена вода покиснувам гранче свеж магдонос и го пијам како чај кога ќе се подолади. Неверојатно делува за главоболка.
Што е проблемот, скоро секој ден ме боли глава, а највише од позади кај вратот, имам тешка главоболка, не издржлива е. Пијам аналгин ама џабе не поминува, кога ке се напиев еден поминуваше, ке се напиев два знам поминуваше, сега ни од два ни од еден аналгини не поминува. Не знам што е проблемот. Кафетин не сакам да пијам пошто се многу јаки, а тие ми помагаат највише. Чаре друго не знам за оваа главоболка. Ја осекам главата дека ке ми експлодира. Ни оваа маст не помага а добра е многу.
Да не е мигрена? Аналгин треба да се напиеш само што ќе те заболи глава. Пробај парацетамол напиј се. Турско со лимон, еспресо со лимон, кока кола со лимон. Затемнета, тивка, свежа просторија и природа и свеж воздух.