Не знам да гледам на кафе Не верувам баш онака за забава со другарките ќе ми кажат 2-3 лаги што вика Тетка Хајрие интересно ме и да слушам по некоја случајност нешто и точно ми се испаѓа ама се не се не дека верувам нешто посебно .
Не верувам ни јас во гледање на кафе, чисто онака за тепање време, место да се испие кафето за 10 минути си имаме со другарките занимација еден сат
За гедаше на кафе најсмешна случка што ми ја имаат раскажувано е дека на дедо ми некоја подалечна роднина тетка ли му била или баба незнам точно имала керка. И дознала она дека керката има дечко и сега да ја натера да и каже нешто и вика ајде да ти гледам на кафе. И седнуваат и вари кафи и и гледа и вика: ауу керко тука некој дечко гледам. Како дечко, каков е? Плаво-цмеѓ накај црн. А висок е или низок? Немоем да га видим седи Си сакам јас понекогаш да ми гледаат на кафе другаркиве ако ништо друго ќе се изнасмееме... Не верувам дека е вистина али ајде. Ма да еднаш во шољата ми се направи срце ама едно големо убаво и линиите правилни не сум видела такво нешто до сега стварно иии после недела ден нешто најпрекрасно се случи
го практикувам скоро секој ден ...и да ми се има исполнето нешто..имам еден брачедд и тој ко ќе ми гледа кефој сумм оти се годи иихихи и со душа чекам да ми дојди на гости хехехе
Во средно школо секоја средба беше пропратена со гледање на кафе...небаре судбина ти се решава...го слушаш со внимание -гледачот на кафе ,кој сакал нејќел ќе погоди све пошто те знае нели, Ќе ти најде змија-ау душманка,зајак-нешто набрзина ќе ти се случи, линии-некаков пат,птица-ќе чуеш некои вести-ако е бела-добри се вестите,ако е црна-лоши вести,..итн.... хахах колку ни беше интересно толкувањето......и на крај најбитната работа-замислувањето желба,-ја мислиш и мислиш и стискаш со прстот што повеќе за да трагата биде повеќе бела,оти ако е повеќе со талог-желбата нема да ти се исполни
понекоаш си гледаме со другарките на кафе , онака ко за забава само.....еднаш мајка и од една моја другарка на нејзина комшивка и глеала на кафе и и видела смрт на некој близок , и по две недели и умре блиска роднина
Ајде хелп од некој постручен. Си гледавме како и секогаш со другарките и одеднаш забележавме Огромен човечки череп ама онака баш вистински беше изцртан мислиш до тебе е. Многу се исплашивме зашто ептен беше реалистички. Да не знаете можеби што значи?
Не пијам кафе, освен со друштво кога ќе се собереме...и решив ќе се одвикнувам од гледањето ама ќе видиме на следната собиранка колку ќе издржам... Јас не знам да гледам, само ми гледаат и ништо мислам до сега ми се нема исполнето..ама последната желба "толкуу ми беше убава" а ни И немаше од исполнувањетооо )
Јас не знам да гледам на кафе ама многу ми е интересно кога ми гледа некој. Познавам неколку личности што знаат да гледаат и неколку пати ми погодиле.
Јас искрено верувам во гледање на кафе, затоа што многу ми имаат погодено буквално како јас сама за себе да си кажувам а и во иднина ми се остварувало тоа што ми кажувале. Како и да е, сакам кога ми гледа некој што незнае ништо за мене и да ми каже како што тој гледа, а не другарка најблиска што знае све за мене и фала богу ќе си поврзе работи и ќе ми изнакаже се што сакам да слушнам
јас верувам,ми имаат мн погодено луѓе што не ме познаваат. имам слушнато за некоја жена од ѓорче..да не знае некој како може да ја најдам?
Гледањето на кафе го гледам исклучително како забава. И да најчесто се погодува бидејќи ти кажуваат ептен општи работи и ти си ги поврзуваш така како што тебе ти одговараат..имаш непотребни грижи, ќе слушнеш глас, некој те набљудива итн итн.. Па кој не би се пронашол тука
хаха леле поорано да кога почнавме кафе прв пат да пиеме со другарките 6то - 7мо одд. поентат на кафето беше некоја да ти гледа - боштум знае... дури имав една која и цел муабет составаше од тоа што гледа во филџанов - глупости али за тоа време солидно губење време...