1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Глиобластом

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од bu6av4e64, 17 март 2013.

  1. bu6av4e64

    bu6av4e64 Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Најнапред здраво, нова сум на форумот и не знам дали претходно има отворено ваква тема, доколку има се извинувам што нема да се надоврзам таму, но имам многу прашања за сите вас кои ќе го читате ова. Во септември минатата година татко ми доби напад, кој што беше проследен со клиничка смрт, барем така рекоа докторите.. имал грчеви, телото му било изладено, му излегувало пена од устата и сетоа тоа трело околу 3-4 минути. Откако се разбуди велеше дека се е во ред, дека не му е ништо, не осеќа никаква болка и откако стана од креветот нии раскажуваше дека за тоа време додека беше ако можам да ја наречам кома, влегол во некоја соба со светци имало голема маса и едните го викале да дојде и да седне на масата меѓутоа други луѓе кои стоеле на вратата му рекле дека тој не бил за таму и да се врати од таму каде што дошол после тоа тој се разбуди.Откако му се направија некои снимки на главата се констатираше дека нема ништо, меѓутоа неколку месеци подоцна, поточно на 1ви декември доби страшна главоболка проследена со 3 дена непрестанато повраќање на зелена течност и се жалеше дека нешто го притиска во главата. Му се направија дополнителни снимки каде се констатираше дека има глиобластом од 4група и дека е во многу лоша состојба, меѓутоа докторите се нафатија да го оперираат и му беа извадени 5 тумори од кои 3 со поголема димензија 5,5 на 4,8 на 2,8 и имаше два помали.. После операцијата се беше во многу добра состојба и рече дека болките престанале и дека не чуствува ништо, меѓутоа тој не знаеше а и сеуште не знае дека има тумор, му беше кажано дека има циста на мозокот од синуси бидејќи цел живот има проблем со синусите и тоа помина некако .. Докторите рекоа дека има најмногу година ипол живот од септември до сега има поминато 6 месеци и тој сега е на зрачење во времетраење од 6 недели.. Пие секакви течности и лекови за кои што слушнавме дека можат да го спречат проширувањето и да го забават размножувањето на туморот, меѓутоа доколку некој имал исто или слично искуство и доколку може да ме советува што да правиме, нека напише одговор колку што е можно побрзо.. Однапред Ви благодарам...