Што знаете за оваа тема. Дали верувате дека навистина ср случуваат климатски промени и дека во Европа ќе умрат 150 000 луѓе и ќе бегаат луѓето од Италија Шпанија и балканот?
Не да верувам, туку гледам и осеќам дека е така. Ќе бегаат луѓето ако дојде до ,,точка на вриење". За умирањето, веќе умираат, ништо чудно да стане тоа почеста појава во иднина. Последните времиња дојда...
Климатски промени се случуваат и сведоци сме со секоја наредна година, нема веќе снегови како порано, а ако нешто се случува ние народот посекако последни ќе дознаеме
Трамп е скептичен Инаку, 150.000 жртви на климатските промени во Европа е најпесимистична прогноза, која научниците ја отфрлаат. Сензационализам за повеќе кликови.
Не само што е реално туку е пред точка да биде неповратно, point of no return. Човекот има уште мал степен на контрола, иако ова е предмет на дебата. Дали ние како обични граѓани може нешто да направиме? Да, донекаде, под услов да не нѐ тераат да носиме платнени торби во маркет, и да селектираме отпад, или да ставиме соларни колектори наместо да користиме дрва за огрев, ДОДЕКА тие што навистина имаат контрола врз процесот на загадување да си продолжат со исто, па дури и засилено темпо, а не САМО да нѐ обвинуваат нас, „обичните смртници“ за тоа. Чаре? Свесност, активизам, солидарност. А зошто сето тоа? Затоа што имаме само една планета, сега за сега, и другите не се ни достапни ниту се погодни за живеење. И дури да имаме, секако имаме одговорност кон целиот жив свет, кон нашите деца, па и кон нас самите на оваа планета. Сите нѐ засега, иако сите немаат иста одговорност и моќ.
Јули годинава, бил најтоплиот месец откако се мери просечната температура на Земјата, објави американската Национална агенција за океани и атмосфера (NOAA).
Работата излезе од контрола одамна, не не спасуваат нити платнени торби нити помалце користење на автомобили. Треба да се контролираат оние кои навистина загадуваат со енормен размер.
Факт е дека човекот допринесува за глобалното затоплување, но тоа си е цикличен процес на природата исто како и леденото време.
Нема што да верувам, гледам дека е така. Забележувам дека последните неколку години зимите во Македонија се прилично благи, снег само по планините или одненадеж краткотраен снег низ Скопје во април 2020 и годинава. Пред да почнат да бегаат луѓето од балканот, веќе сега почнуваат да бегаат од блискиот исток и Африка, бидејќи поради климатските промени се потешко живеат од земјоделието таму. Секако има и други фактори како војни, или нереалната представа дека во западна и северна Европа ги чека мед и млеко. Важно е да се разбере дека климатските промени не се неѓто што се случува од денес за утре, туку тоа се процеси кои веќе траат а во следните години и децении ќе се интензивираат. На пр. топењето на поларните капи нема преку ноќ да ги потопи приморските градови, туку се позачесетно ќе имаат тнр. флеш-поплави од зголемените бранови и бури. По некое време на луѓето ќе им се смачи да се справуваат постојано со истите проблеми и едноставно ќе почнат масовно да се иселуваат. Неминовно тоа ќе раздвижи уште поголем бран бегалци кои можат да станат агресивни, бидејќи им се одземени основните услови за живот, тоа може да доведе до натамошни немири и војни. Во божествените објави за денешницата кажано е дека климатските промени се одраз на внатрешната клима на самите луѓе, односно нивните погрешни начини на размислување и постапување. Тие компоненти водат кон енормно и непотребно зголемување на разни потреби за самите луѓе за потоа тоа да се одразува на глобално ниво. Низ верижна реакција на мали и големи настани поврзани со индустријата и загадувањето постепено тоа ќе кулминира. Кажано е исто дека климатските промени повеќе не можат да се запрат со конференции и разни акции, туку само со промена на внатрешната „клима„ кај секого поединечно. Неправедно е што данокот за климатските промени го плаќаат сиромашните, додека дел од најбогатите неретко допринесуваат за далеку поголеми загадувања на пр. со приватни вселенски летови и тоа чисто ради забава и уште многу други работи.
Ги чувствувам секоја следна година се повеќе и повеќе . Не сум некој експерт , но изгледав доста видеа на оваа тема и само се чудам , зошто низ целиот свет , акцентот е ставен на обичниот човек и колку тој загадува ? Каде се големите компании ? Па тие загадуваат многу многу повеќе од обичниот човек . Големите фабрики никогаш не се на удар . Тие секогаш се еколошки настроени и секогаш пример за обичниот човек , но што се крие зад параванот ? Загадување во многу големи количини . И никој не зборува јавно за нив .