Постои една изрека која вели „ Дружи се со паметни луѓе од кои има што да научиш, а не со простаци кои цел живот само ќе те прашуваат.“ Дали се согласувате со ова? Сите не сме со иста памет во главата, ама некои за жалење ја немаат воопшто.Јас лично не практикувам да се дружам или да правам муабет со глупави луѓе, најмногу поради тоа што мислат дека се тие се во право. Колку вас ве иритира човековата глупавост? П.С. Се надевам дека темата нема да биде сватена како навредувачка.
Само кратко ке кажам, ме иритираат такви луѓе!И гледам да избегавам да се во моја близина..или ако ете се најдат тогаш не дозволувам да ме допре ништо и игнорирам.
od takvite seznajkovci ne mozes na red da dojdes ,ne mozes zbor da izustis , sve znaat plus ako se uste i pod dejstvo na alkohol ke bides ko konj so glavata samo ke klimas gore -dolu dodeka ne ti pukne film pa u k...inaku vo polesni slucaevi efikasna rabota e soncogledot
Па јас имам еден другар кој не е баш надарен со висок коефициент на интелигенција, меѓутоа детето си е меко како лепче. И сега како да му се налутам кога ќе тресне некоја глупост или ќе праша нешто што не е за прашување? Или пак кога треба да му се објасни некоја работа по стоти пат. Значи детето не е криво што си е такво и не би било фер од наша страна да го изолираме. Затоа со него ни е трпението на ниво. Не може секој човек да има висок капацитет, меѓутоа мислам дека надополнуваат со други работи. Господ каде што зема таму и дава.
Јасно ми е дека неможат сите да бидат паметни,така што немам против да се дружам и со некој што не е толку паметен,иако тоа сепак е релативно.Некој можеби го бива за математика друг за јазици,трет за нешто друго. Што ако некој е ептен паметен а онака е расипан и гледа само да те зафркне??? За дружење битно ми е да е фер и добар како човек,па другото не ми смета.
bi dodala samo i da ne meli 300 na h da ne znae usta da zatvori pa da ti ja podue glavata poso ke ispadne rabotava sekoj veruva vo neso ama ja ke veruvam deka ke pijam 2 kafetina
Е така! Не знам што би додала, освен дека не се дружам со такви лица. Напорни се, ми се чини од самото нивно присуство уште толку се отапува ! :roll:
леле се изнасмеав не велам дека јас сум многу паметна, но за разлика од некои сум , така да, не сакам да се дружам со такви луѓе, а ако недај боже се најдам во друштво со такви, цела ден ќе ми биде уништен, ме иритираат многу.и исто така ме нервира тоа што и покрај тоа што гледаат дека не се во право, тие упорни си тераат инат, мора да биде по нивно :evil:
Од глупави + инаетливи се држам што понастрана, а со глупави обожавам да си го освежувам денот и да си го релаксирам времето.
Si bile glup i pameten, i pametniov se kine od smeenje lele kolku e glup ovoj hahahaha,a glupiov pak se kine od smeenje lele ovoj pa misli deka e pameten hahahaha.
Исто и јас си имам една другарка што знае да не укопа со некое прашање или нешто кога ќе тресне...ама си ја сакам бре и гајле ми е што е таква па сите неможат да бидат ајнштајн
Не сум арогантна ама избегавам муабет со луѓе што немаат поим за работи од општа култура. Обично таквите немаат ни смисол за хумор, а тоа ми е битен фактор за оддржување на пријателство или пак врска. Ма да, никој не се родил паметен, се се учи.
За жал има и ќе има прости луѓе...Имам една таква "другарка" - гребаторка што гледа само како да извлече корист од мене со тоа што по секој можен предмет и објаснувам,а од нејзе ништо повратно немам добиено
Добро, сега има глупи и глупи Ама па не може сите да се паметни, нели? Ама од оние глупи со неодволно интелегенција, и на крај глупи-прости, и те како има разлика. Вторите се дувај бегај. ПА ако се и магариња(инаетливи) е тогаш оди акни се само бегај од нив.
Всушност, таа е гребаторка и те искористува...Не дека е глупава... Се придружувам кон тоа Само тие можат да те зафркнат и кога најмалку ќе очекуваш, макар и глупавите ( за кој збор мислам дека би требало да го користиме луѓе со ниско ниво на интелегенција и потенцијал, зошто некој би можел да се навреди ) ненамерно...Имам искуство и со едните и со другите, затоа го напоменувам тоа... Но, сепак...мое мислење е дека не можат сите да бидат Никола Тесла и Ајнештајн, некој има поголемо ниво на интелегенција, некој пониско...Сите ние сме различни..Божем тие сакале да имаат пониско ниво на интелегенција?.. Едно ќе кажам не можеме да бидеме сите исти.
Мислам дека не е проблем ако некој неможе да свати нешто од прва или ако треба да му се објасни повеќе пати - неможат сите подеднакво проблем за мене е тоа што и покрај тоа што незнае не признава , се прави паметен (а не е ) и упорно се обидува да докаже дека е во право...
Е да заборавив да напоменам дека ме нервираат тие што упорно и упорно се прават најпаметни од сите, и ги понижуваат сите околу себе. Што се замислуваат тие?!? Оф..
Мене страшно ме иритираат глупави луѓе! А посебно оние кои поставуваат цело време прашања,што само сакаат да ти копаат по интимноста,а врска си немаат од својот живот! А посебно некое девојче или машко...Ти се праве некоја,јас сум ОВАА ИЛИ ОВОЈ а тој кога ќе ја отвори устата,подобро да не ја отвара! Страшно е кога луѓето не знаат колку навистина знаат....