Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Глупавост

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 9 април 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    :y: |( Дури и во хороскопот за Шкорпија истото ми го пишува. Дека шкорпиите мразат прости луѓе |(
     
  2. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    ^^ Да,баш така...
    А гледам не сум спомнала дека сум шкорпија..Но ти изгледа си запамтила од некој мој претходен пост! ;)
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Мистериозна, и јас сум шкорпија :D Ако ти е погоден хороскопот на фемина тоа значи дека јас и ти имаме ист карактер, барем јас си се најдов и во добрите и во лошите работи :angel:
     
  4. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Јееееееееееееее! :D
    Јас ја обожавам секоја шкорпија... :$ :*
    А хороскопот....Е ПРОКЛЕТО ТОЧЕН! :lol:
    Баш како што кажа,и во лошите и добрите..
    Сепак,јас ова го велам секогаш..Кога ние шкорпиите би научиле толку лесно да ги прифаќаме критиките колку што и ги даваме,тогаш тоа би било нешто... ;) Нели сум во право? Барем за мене,ова е сосем точно!
    :*
     
  5. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Уфф и јас искрено неможам да поднесам друштво со таканаречени глупави луѓе :envy: едноставно неможам да поднесам да бидам во друштво со некој којшто нема поим од животот! Знам дека таквите луѓе не се за потценување и дека не се криви што животот не ги збогатил со повеќе интелегенција и разум,но сепак не сум доволно трпелива,па затоа преферирам да избегнувам тавко друштво за да не се најдам во ситуација да ги навредам поради мојата избувливост и нетрпение :^)
     
  6. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    I jas sum Skorpija i nemozham da podnesam Prosti lugje ...znachi mnogy mi se odvratni :D :D :D :Djas posho sakam da pravam muabet na mnogu dlaboki temi i obozhav Isto Skorpii!
    Pa koj sho saka slobodno neka mi pishe na Femina :)
     
  7. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    1.955
    Па нормално кој сака прости луге?Е сега секој си има своја дефиниција за прост.Ееве на пример дел од тие што напишале тука дека мразат прости луге,според мене тие се прости.Ај да напишам една мудрост во контекст на темата :)

    Како што за скулптор,или сликар или воопшто за некој уметник може правилен суд да даде оној кој и самиот е уметник,така и за паметниот може правилно да суди само паметен човек.

    Така да не избрзувајте многу со заклучоците кој е прост,кој е паметен ;)
     
    На Nate- princeza и pufi-cufi им се допаѓа ова.
  8. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Глупавоста е бесконечна...За неа нема лек :!: :lol: :lol:
    Не се чувствувам пријатно во друштво на такви личности...незгодно ми е кога на некој му објаснувам нешто едноставно и не ме разбира :D
     
  9. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    79
    Како мислиш за глупавост нема лек...? :^) А, ти како го дефинираш поимот глупавост...Ај, да " ја најдеме дијагнозата, па после да видиме дали постои терапија што ќе помогне" ;)
     
    На Nate- princeza му/ѝ се допаѓа ова.
  10. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    ^^ Епа јас сметам дека глупавоста е релативна.Секој различно ја дефинира.Некој ја поврзува со образованието,некој со интелигенцијата,некој со начинот на изразување..
    Јас ја поврзувам пред се со интелигенцијата,а многу ми е битен и начинот на општење.
    Како што кажав личности кои не сфаќаат едноставни,општи работи и незнаат да читаат меѓу редови.Исто и луѓе кои површно гледаат на работите,имаат плитки размислувања...Тоа е мое мислење...
     
    На Nate- princeza и tina-lina им се допаѓа ова.
  11. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    79
    Па, со образованието мислам дека нема врска глупавоста :!: Познавам луѓе , кои одвај средно со 3 години завршиле, ама се толку лукави и мудри, што преку 9 мориња ќе го прејдат некој и капка вода нема да му дадат да се напие :lol: Е, сега да се спореди, глупавост и наивност... Јас искрено , еве и на други места сум спомнала дека стварно сум некад наивна и верувам на сите, дури и на луѓе што едвај ги познавам, ама тоа не значи дека сум глупава(отпосле ќе ја увидам грешката и знам понатаму како со таквата личност, која ја изневерила мојата доверба..) Со коефициентот на интелигенција ќе се сложам со тебе дека е најтесно поврзана(зашто се вадам од кожа, кога некој тапоглав ќе ми докажува нешто, а не знае од носот подалеку :puke: ) Тешко на овој поим да се најде дефиниција..Има многу за дискутирање тука ,зашто многу фактори се во игра(наследни карактерни црти на личноста, ниво на социјализација на личноста, домашно воспитување, карактерни црти што се стекнати крос животот, искуство на сите полиња , возраста итн.............
     
  12. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    ^^ И јас мислам дека глупавоста нема врска со образованието..Не ги поврзувам воопшто..Сакав да кажам дека има луѓе ќе кажат ''абе тој со основно е ,глупав и сл..''а мислам дека нема везе..
    А и наивноста не ја изедначувам со глупавост....Тоа е друга особина,им веруваш на луѓето...Но преку наивноста учиш од грешките кога те зафркнале..Е глупавост е ако дозволиш да те зафркнат по втор пат. :!:
     
  13. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Со такви ич немам трпение.....ти им објаснуваш нешто они :@ ...така имам една на мсн од шо беше глупава неможевме асално здраво да си кажеме
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Многупати сум размислувала на оваа тема и најлесно можам да ја дефинирам, ако кажам како јас лично го доживувам паметните луѓе.
    Си ги делам на неколку групи: значи природно интелигентни суштества со висок IQ, бубаторски паметни луѓе, чие целокупно знаење е стекнато само преку сувопарно учење и читање книги и мудри луѓе чие школо била улицата и животот, учител им било - животното искуство во текот на годините.
    Според мене, паметен човек е оној кој поседува идеална комбинација од сите три - пожелно е да е природно интелигентен, да е начитан, добро поткован што би се рекло, за секаков тип дискусија со богат речник и да има животно искуство кое ќе му помогне да се снајде и во најневозможната ситуација, бидејќи некои работи не се учат од книги, ниту коеф. на интелигенција би те извадил од истите.

    Секој оној кој не поседува една од овие три работи не можам да го наречам паметен.
    Глупавоста не ја поистоветувам ниту со наивност, ниту со образование, ама не може некој да не знае разлика помеѓу Иран и Ирак или основни книжни работи, ама само затоа што е лукав и манипулаторски настроен па на тој начин може да ги прејде луѓето , да го сместам во групата на паметни луѓе. :^)

    Другарка ми обично вика - Со глупави ќе се разбереш, со прости луѓе не можеш да излезеш на крај. :)
     
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    До пред некое време си викав - „леле колку се ежам од глупави луѓе“ ама сега си викам „уште повеќе се ежам од глупави луѓе кои се прават паметни“. Е таквите првин ме вадат од такт а после ги игнорирам. Нема друго чаре за нив.
    И да, се согласувам, глупавоста нема ништо заедничко со тоа кој колку е образован :)
     
    На Nate- princeza му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Насловов глупавост, всушност јас уште не знам да ја дефинирам таа глупавост.( со ова не се правам нити глупа нити препаметна)
    Се случува во некој момент на самата себе да си речам “уф колку сум глупава како можев да го заборавам тоа “? - И тоа значи дека јас сум глупава? - Секако дека не.
    Многу е интересно што кога сме во прашање самите ние , сме субјективни и никогаш во огледало не се гледаме со очите на другиот.
    Изгледа глупавоста секој ја доживува на различен начин и ако знае некој точна дефиниција за неа нека каже.
    За мене глупав човек не е оној кој нема богат речник, тој можеби не знае да се изразува правилно, ама може да биде попаметен од човек кој има богат речник.
    Исто е како за нем човек да речам дека е глупав, а од каде ќе му судам јас дека е глупав?
    Сепак мислам дека за одредувањето на глупавоста играат повеќе фактори, не може само врз основа на еден да се одреди каков е човекот, во различни ситуации , различно се однесуваме, и од секоја ситуација оставаме различен впечаток и различно мислење за тоа какви сме.
     
    На Nate- princeza и SexyLady им се допаѓа ова.
  17. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Еве ја мојата листа

    1.За мене глуп е човек-енциклопедија со 120+ IQ, да нема култура, да не почитува и да не сака да сослуша туѓо мислење бидејќи е уверен дека неговото е единствено прифатливо.

    2.Глуп човек не е оној кој не знае,туку тој кој не сака воопшто да дознае било што.
    Да не се интересира за ништо.

    3.Човек без никакви манири. Човек кој не ги познава зборовите "Извини", "Те молам", "Благодарам"

    А, паметен за мене претставува човек кој и да нема познавања од некоја област, прашува, се интересира за да дознае.
    Културен е и добар слушател.
     
    На Nate- princeza, MarchelineAmaru, karenin и 3 други им се допаѓа ова.
  18. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    глупави луѓе се за мене луѓе кои таа глупавост ја имаат од самото раѓање,тешко некој со тек на живот ќе се опамети.не зборувам за паметни генијалци или научници или бубалици,зборувам за нормално паметни луѓе.има многу прости луѓе кои никако неможам да ги сватам,разберам а и богами да ги поднесам,барем нека си премолчуваат кога не знаат ништо,а за глупави кои секогаш нешто кажуваат но глупаво е со нив стварно нема разбирачка,кај шуто там о и боде-вистинска поговорка за нив.се трудам милион пати да објаснам некои работи и пак си тераат по свое глупаво рамислување.неможам д аги поднесам и искрено избегнувам секаков контакт со нив.уште кога ќе го видам и проучам човек знам со кого си имам работа и веднаш ама баш веднаш се дистанцирам и не обрнувам внимание на нив. :^) ;)
     
  19. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Само човечката глупавост и вселената немаат граници, но за второто не сум сигурен.

    Па денес ако бираш да се дружиш со паметни луѓе, ке си останеш сам. Ретко да се најде некој кој е доста начитан и полн со искуство, некој со кој можеш да сврзеш два-три реда моабет, а веќе ти е јасно со каков човек имаш работа. Можеш да го процениш од речникот на зборови.

    Сакам луѓе од кои можам да научам нешто ново и не преферирам да се дружам со тие што прво немаат никаков кодекс на однесување и второ со нив mоабет можеш да сврзеш ако пиеш кафе и коментираш оној што и како прави, трачарење(смајлиштосепука)!

    Stupid people away from me! :devil:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  20. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    На темава најпрво да кажам дека сеуште не сум сретнала човек кој себе си се смета за глуп, значи со секој кажан збор, тој само потврдува дека глупавоста ис хис мидл ор фрст нејм, но тој упорно зборува како тој и тој е глуп...со самото тоа сфаќаш колку он мисли дека е паметен...е ај сега...
    (Исто и за злоба, љубомора, завист, копирање...немам слушнато некој да каже, колку сум завидлив, колку и љубоморам на онаа, ја копирам...ова во контекст на муабетот, за проклетата човечка природа, негирање на недостатоците, чие признавање е прв чекор во надминување на истите )
    Многу чудно.. :)
    И оваа изрека која мислам дека 10000 пати сум ја осетила на своја кожа :
    ,, Со писмениот ќе се разбереш, со неписмениот исто, ама со полуписмениот никогаш,,
    Не ми претставува проблем да разговарам со човек, кој знае дека е малку поглуп или попрост, и онака срамежливо и несигурно потпрашува, разговара, слуша...
    Проблем ми се оние без два грама памет, две реченици незнаат да сврзат, ама брате мили, колку се силни, ни сам бог не може да им докаже, па трепкаат со о4енцата, па глумакаат, па викаат, па тресат зелени, па те омаловажуваат тебе, како неуспешен обид да се издигнат и излечат себеси, а при тоа мислат и дека ја затскриле својата глупавост и простотилук позади параванот на неколку излитени реченици и фрази, како , шо ти мори да не знаеш поише а?, ај види се каква си...на мал прст неможеш да ми се фатиш.. :o :tmi:
    Е од овие, ем шуто, ем боде, е од таквите бегам како ѓавол од темјан...затоа што крајниот исход од муабетот е, желбата да добијам базука како новогодишен поклон од дедо мраз, и така фино лепо да си шетам и да требам неродуктивни и неартикулирани исфрустрирани гниди.. :D .