Глупавоста нема врска со образованието. Познавам луѓе кои се сметаат за многу образовани и интелегентни, а всушност нивното знаење е стекнато само од книгите, не гледаат подалеку од носот и немаат животно искуство. Такви луѓе многу ме нервираат, постојано се прават најпаметни од сите, начитани, и мислат дека знаат се. За глупави ги сметам оние кои немаат основни манири и култура, незаинтересирани, не почитуваат туѓо мислење, одат со глава во sид, немаат општи познавања и воопшто не сакаат и да научат нешто. Сепак, за овој поим е тешко да се најде точна дефиниција, секој на различен начин ги доживува овие работи.
Jaс не ги делам луѓето на убави и грди. Ниту пак на сиромашни и богати. Ги делам на глупави и паметни. Бидејќи сум доволно паметна да сфатам дека сум во класата на интелегентни луѓе, неможам да се замарам со глупави луѓе. Како прво неможам еден муабет да сврзам, у шупље у празно што би се рекло.. си водам монолог. И најмногу се нервирам кога морам да објаснувам нешто на луѓе кои не сфаќаат.
леле не ме нервираат што се глупави туку моментот на патетичност кога мислат дека се секогаш во право и вешто ги избегнувам .........
Глупавоста според мене е тешко дефинирачки поим, се согласувам со анели и приложениот цитат. Не знам дали да ги наречам глупави оние кои крајно се трудат да бидат интересни иако тешко е да ја распознаеш границата на нивната глупавост и некултура. Има некои ненадарени за учење на пример, ама како што би рекол мм газолижачи и манипуланти кои се служат со мн драстнични мерки на постигнување статус, кои за голема жал ги има се’ повеќе и повеќе. Е сега дали се глупави од една страна, или пак се мајстори на својот занает навистина не знам. Како вие размислувате?
многу се нервирам кога од класот разгорварав со некои и не сфакаа се од прв пат и морав некогаш да објаснувам по втор пат . а некогаш толку се нервирав што викав не е битно ај батали. а они па уште лути ко до мене да е . нема јас да станам попаметна ако некого наречам глупав/глупава ама некогаш мораш така да ја наречеш личноста ако не за друго барем да ти олесни малце
Глупавоста се надоврзува и со недостиг на образование (но не секогаш, немора да значи и дека ако некои луѓе се образовани тоа ги прави паметни), малограѓанството, социјалниот живот и ставовите кон животот... Јас на пример социјалниот живот го сметам за многу голем фактор за формирање на човечкиот карактер... Неможете да очекувате од личност која следи културен живот и оди на најразлични вакви настани да се испушти да каже нешто глупаво ... За мене глупавоста претставува малограѓанство, мешање во туѓи животи, неинформираност и незаинтересираност за основните човекови вредности и озборување!
Мојата омилена особина , не моја да се разбереме туку глупавоста кај луѓето како особина ме фасцинира морам да признаам. Глупавоста во никој случај не оди под рака со образованието, да се разбереме има луѓе, академици кои ете, по игра на судбината си се така малце како да ги наречам глупавки. Јас не сфаќам како може мозочето да не ти функционира до толку, да не сфаќаш кога некој те исмејува, кога си поигрува со тебе. Да неможеш во моментот да ги протолкуваш најекстремните знаци, да неможеш да прочиташ меѓу редови и тако даље. Јас лично се трудам да ги толерирам и разберам, па неможе сите да сме подеднакво паметни и елоквенти, мора и такви луѓе да постојат. Но морам да признаам дека од такт ме вадат тупи луѓе, на кои дури им да им нацрташ нешто џабе е, не сфаќаат па ти ако сакаш на глава сврти се, повторно нема да успееш да им докажеш дека не се во право. Е ваквите луѓе покрај тоа што се глупави, туку не си ја признаваат глупавоста и баш напротив мислат дека се екстремно интелигентни и паметни.
Ист случај. Детево навидум изгледа могу нормално ,си има контакти со луѓе ,друштвен е колку што е потребно ,ама слабо капира ,тоа му е голем проблем. Ограничен е во размислувањата и сеуште дозволува татко му да му го диктира животот ,оти тој самиот не е баш во состојба. Не умее да ги углади нештата ,понекогаш реагира некултурно и примитивно ,треска се што ќе му падне на памет ... Се интересира за повеќе работи ,ама скоро и да не ја сфаќа поентата на ниедна. Бадијала секоја втора реченица му е прашање кога не знае да го протолкува одговорот правилно. Сите му попуштаме ,бидејќи се дружиме повеќе од една деценија ,ама тој наместо да се свести дека греши ,си го зема здраво за готово тоа и си спие на уши додека не омекнеме ние. Си се научил,демек, таков сум и прифатете ме или оставете ме и тоа не ,не напредува воопшто ,бадијала ете се запиша на студии ,ни тоа не му помогна да се изгради како личност.
И уште еден случај ,не помалку важен ... Се работи за девојка ,доста блиски бевме до скоро ... Типкава има некое благо ментално заостанување ,ама има едно високо мислење за неа ,нешто неверојатно! Се смета себеси за НАЈпаметна ,НАЈобразована и све остало ,а всушност е далеку од вистината ,што е многу тажно. Од друга страна ,многу се инаети за теми за кои не е компетентна да разговара ,несмасна е и се прави дека не е свесна за тоа ,понекогаш многу вешто ја искористува својата состојба за да добие нешто кое го посакува и сето тоа на сите кои ја знаат им гази на нерв! Најискрено ми е криво за неа ,живее во некој бабински свет ,полна е со предрасуди и бабини деветини ,само им соли памет на сите ,секој ден ветува дека ќе учи ( едвај 10 предмети има земено ,а сега ќе биде 3 година ) ,копнее за дечко и за да биде слаба ,а се прејадува ко ненаситна и за нецела година качи повеќе од 20 кг! Уште незавршена се к*рчи како ми ти била висок функционер и свашта ! Многу се трудев да ја променам ,и успеав само некои беззначајни 10штина проценти ... Криво ми е што живее во тешки заблуди ,дека вложува во себе а само се деградира ...
Мора да има баланс затоа има глупави луѓе, едноставно ако ти сметаат избегнувај ги и користи иронија и сарказам
Па ако не постоеле глупавите како ќе се истакнеа паметните? ако не ти се по ќеиф одбегнувај ги, не биди во нивна близина и толку.
Сличен случај,верував дека цурава ми е нај другарка,али на крај видов всушност до каде била работата. Бевме стварно блиски,до скоро време. Си мисли дека е нај нај,нешто неверојатно совршено,али не би да коментирам каква е уствари. Била на одмор во Грција,т.е не знам дали може да се нарече одмор за 3 неполни дена.Видела море првпат и мисли дека го освоила светот,фејсбук и фрчи со слики и статуси од тие 'незаборавни' моменти поминати таму. Доколку и преречам некогаш за некои испади што навистина не и доликуваат,се мршти,одма врти некое лево мислење во главата нејзина.. Шетаме по улица со некоја си нејзина другарка од странство,се гушнале,се смеат,поминуваат згодни типци,им свиркаат,а јас со прекрстени раце и 5 чекори пред нив,мислам ало бе па,јас не,али вие полнолетни сте,не сте мајмуни да му се сневиди,од една страна па и мене кој ме тера со нив,нo ситуацијата беше неизбежна,прв и последен пат. И така јас со неа,иронија,правење лице..а воопшто не си се сакам таква,али ајде,nobody's perfect.
Имам другарка слична е како и претходните неколку примери.. Влезена е тотално во филм! Ги гледаше сериите Млади Бунтовници и Ангели и девојкава значи целата е влезена во нив! Сака се да и е како во сапуниците. Во друштво нема никакво понашање, немаш ништо муабет со неа, а таман кога реши да си ја отвори муцката ќе каже нешто погрешно и или ќе се изглупира до бескрај или ќе те издаде нешто што случајно го слушнала во некој женски муабет! Многу пати знае да е и депресивна..Бидејќи воопшто не сум таква да покажувам емоции пред други луѓе, најчесто ме нервираат таквите, но со неа правам муабет и се обидувам да и помогнам бидејќи ме е греота а и плус во друштвото ми е.. тоа е.
Не мешајте глупавост со комплекси. Секој од нас има другар/ка кој/а што се замислува дека е „господар“ на светот, си прави некои филмчиња, прочитала некоја книга, па е понаша како професор по книжевност итн. Тоа мислам дека не е глупавост. Тоа е некоја исфрустрираност, комплекс на виша вредност...Луѓе кои си даваат 10ка а заслужуваат 1+ не се глупави. Глупавоста зависи од повеќе фактори, пред се од ниски IQ и EQ, а потоа менталната неспособност да се справат со(во) одредени ситуации или просто кажано да ги избегнуваат истите. Што се однесува до мене не ми сметаат. Ако ме праша некој нешто не го сметам за глупав туку за не(доволно)информиран. И јас сум се нашла во ситуација да не ми е нешто јасно, па потоа да влезам во колосек со нечија помш/објаснување.
нема паметни и глупави, извини несакам да те навредам ама многу ме иритираше писмово твое. А што мислиш ти дека си паметна со ова што кажа.
Глупавоста е релативна работа кој како си ја сфаќа, во некои примери што ги прочитав овде не се ни работи за глупави луѓе туку за разгалени своеглави или некои кои не прифаќаат да пораснат значи незрели