Статусов на една девојка: Ракот е без врска! Ние сакаме нова кола, нов мобилен телефон... Личноста која има рак сака само едно нешто... да преживее, и тоа е се што сака фамилија на таа личност исто така Знам дека многу од вас кои мислат дека се многу „Cool" најверојатно нема да го објават ова, но еден мал дел од моите пријатели ќе го направи тоа. Копирајте го ова на вашиот ѕид во слава на некој што починал од рак, успеал да се излекува или во моментов се бори за живот. Ставете им до знаење на болните од рак дека сте тука за да ги поддржите! и има коментар доле auuu: rakce si? isto ko i jas ♥
јас имам една братуЧетка што многу ме боли што ќе каЖам но таа има памет само за основните потреби јадење, пари и пиење што тоа е многу Жално, по дома се кара со сите ги тепа и навредува да и дадат пари за недела по 200 евра итн итн, кога ојдов да ја посетам еднаш си седнала во 4 попладне во една кафана со миниЧ до газ и пиеше, беше мртва пијана а машките ја факаа и и викаа ти даде на цел град на нас не ни даваш, невидено знаЧи мн ми е Жал за неа, пробав да разговарам да и објаснам едноставно не сваќа, има 20 години, единствено е дареЖлива сака на сите да помогне и дава душа за другарството но со тоа не ја оправдува ни малце, си го уништи Животот буквално, Жално за неа. имаат пари моЖеше да оди да студира кај што ќе посака но таа одлуЧи да си остане дома демек некој ќе ја викнал во скопје да работи за 50 000 денари во кацеларија а таа нема ни средно што се вика ахх ахх .
Со оглед на тоа дека најинтелигентните луге се или професионални криминалци или научници кои освен науката друго незнаат,нема да одам во крајности туку едноставно ќе казам дека глупавоста не е мерило на вредноста на еден човек.Во ситуација сум која е неизбезна т.е во фамилија ми е и признавам иритира многу но луге сме и мора да имаме разбирање.Нема да спомнувам за кој член се работи но греота е оти многупати и самиот се труди да разбере некои работи да ги резонира но попусто или слабо со закаснување и затоа не треба да се месаат поимите оти познавам и многу исфрустрирани личности кои со сила се прават будали со извинение а сите други не треба да се предмет на озборување туку личности со намален коефициент на интелигенција на кои им е потребно разбирање и трпение,не сме никој несто посебно како сто спомна една форумџика погоре некој го бидува за едно друг за друго и затоа малку хуманост нема да е на одмет...
Ги ислушувам , секој си има нешто во кое што е добар, ако веќе претера со глупавоста , да поставува прашања за кои нема одговор , приговара безпотребно , не знае да се однесува , само го игнорирам , или ако е некој кој подобро го познавам му каѓувам дека не е во ред тоа што го прави , му давам совет , и внимавам да не се навреди , бидејќи и тие се души имаат гордост
па имав една пријателка која што и да и кажиш од едното влева од другото излева така беше со неа .. таа не можеше да отиде до чаржијата сама мислеше дека ќе и избегам и само туку ме гледаше како теле еднаш кога се запознавме со едни дечки таа пред цело друштво мене ми шепка и тоа шепкањето пак се слушна мислам сите ја слушнаа и таа ми вика ДЕ ПОБАРАЈ МУ ГО БРОЈОТ на тоа и тоа дете и другите и рекоа ти неможеш да го побараш и таа само ќе замолчеше не знаеше да се одговори а и имам приметено дека во класот што и да и речат таа незнаеше да им одговори а инаку е многу силна јака се прави јас вака јас нака и кога ќе дојде време аа неможам јас и цело време се потпираше на мене ами еве утре кога ќе се омажи и кога ќе има деца мене ли ќе ме вика тогаш ќе мора сама да се грижи за тоа дете да купува за него незнам како ќе се снајде ама ете веќе многу одамна престанавме да се дружиме и јас несакав да престанам да се дружам со неа ама така требаше да биде
и заборавив да кажам кога се враќавме повеќе пати од излевање таа ќе влезеше во такси за да си отиде дома бидејќи шивееше подалеку од чаршијата и јас ќе и речев да се качам со тебе во такси и онака е на заминување да ме оставите мене нема ништо повеќе да земе ама таа не сваќаше мислеше дека ќе и наплатат и за тоа и што ќе правиш гледам не бива и си викам дај фани оди си ќе се молиме тука и кога влеваше во такси ќе ја отвореше вратата и од подалеку ќе речеше полека тивко никој да не може да а разбере СЛОБОДНО ЛИ Е ОВА ТАКСИ ами фани кажи каа шо се вика незнам мене вакви работи ме нервират и чудно шо се качуваше сама у такси обично не се качува си мисле да не и направат нешто
Се почна од играњето со кал Како мала значи многу мразев да се бутам во прашини, да бидам мини ангелче-прасенце кое чука по мирот на кутрите луѓе, недолжини да го трпат невоспитанието, група на мрсолковци и најмногу од се, правењето торти од кал. Така се научив и јас едно време, се додека не си ја чукнав главата дека се враќам дома извалкана и мрсољава како и другите. Мој муабет, нема врска. Како и да е, некои од нив ги сакам ако се хармонични и ако не прават нешто од себе. Ма да ги штипне човек од милина. Ама повеќето се пу пу. А човек кога ќе сфане дека е глупав, во истиот момент престанува да биде, ама ете...
Глупавоста незнам дали повеќе ме иритира или смее.но многу е застапена.. Неразбирајќи ги, според мене глупавите луѓе во мое опкружување,избегнувам да правам муабет со нив,не за друго,нема да се разбереме и тие секако ќе бидат "во право" и оние кои "паметно" зборуваат..
Јас мислам дека во секој од нас има одреден степен на глупавост. Па така е, само кај некои е повеќе застапено ова, кај некои помалку.
Аа, јас што имам другарка, се` живо шие. Ако стварно фатам да ја опишам, човек ќе рече дека преувеличувам, претерувам и се потсмевам, се` додека не ја запознае и не сфати дека навистина е так(в)а. А бре да фатиш со глупи „аргументи“ да и’ речеш дека црното е бело, ќе те распрашува и гњави саат време и на крај ќе ти поверува. Да и’ кажеш дека ќе преживее ако се фрли од мост, ќе рипне. За најобични, најпрости муабети, мора да праша по 2-3 пати да и’ се објасни и пак ќе праша на крај „Ахаа, а зашто така? А кој тоа? А како тоа? Ама чек, јас не разбрав...“ Што вика другарка ми, да ја пуштиш сама во празна соба, таа ќе најде нешто и ќе се повреди. Единствено за што сама знае да си каже е дека и’ се јаде, пие или оди во WC, друго ништо. За неа треба такво големо трпение да има човек за да не ја прати у материне, па то е чудо едно. Сто пати сме и’ укажувале на некои работи, најотворено и најискрено, ама не иде бре, ко во црпка без дно да налеваш вода, така и оваа. Сега за на одмор зема од оние кремине со заштитен фактор, и се фатила за бебешки со 50 што е, викам де бре не си бебе, и оваа ме гледа „Како мислиш не сум бебе? Ова само за бебиња ли е? Нема ли да има ефект на мојата кожа?“ О бре! Кремата знае тебе кожата колку ти е стара и нема да реагира ако не си бебе. И ајде госпоџица се фати за фактор +20 и јас со смеење и’ викам „Е ова е таман, ќе се намачкаш два пати со тоа и ете ти 40 заштита.“ Ко се напали девојкава „Како тоа? Значи плусов значи дека со секој нов слој ми се зголемува заштитата за 20?“ Срам ми беше од луѓето околу што прснаа од смеење, едвај чекав да излезам. Да не навее човек. Не дека на секој од нас не му се десило да лупне тешка глуост, па да остане жив, ама ова е константен претеризам.
Денеска треба да процениш дали некој навистина е глупав или пак сака да се прави глупав. Да се разбереме, многу ги има и од овие вториве кои сметаат дека со самото тоа што се прават такви ќе успеат да добијат нешто. Глупавоста за мене е: - неможноста да расудиш кој човек каков е и колку убавини носи во себе - неспособноста да сфатиш дали некој лаже или ја говори вистината - некултура, страшно ме нервираат вулгарни луѓе кои немаат граници (не се сите пцовки вулгарни!), недоволна домашна култура - луѓето кои сметаат дека се повредни од останатите само ако успеат да си го ојачаат своето его на некој несоодветен начин (лајкови поради некои инстаграм слики, лајкови поради некои објективно посакувани ставови а далеку од нивните субјективни, шмекање и заведување на туѓи партнери само за да се почувствуваат посовршено итн итн.) - оние кои сакаат да зборуваат постојано дури и за теми од кои немаат ни најмало познавање, е тие се секогаш тука да кажат нешто, празни воденици и бла бла досадни пискавци - ограничени луѓе кои постојано хејтаат други луѓе кои пак не им направиле ништо лошо и кои не ни ги познаваат воопшто - глупавоста е еднаква на завидливоста и љубомората - да се осудиш да љубомориш и да му завидуваш некому е глупа работа, бидејќи со самото тоа се осудуваш самиот себе на одредена доза на злоба која е погубна првенствено за тебе - празните оговарачки муабети и клишеата како што правиш, кога ќе се мажиш... кога ќе чујам вакви прашања веднаш знам со какви луѓе имам работа.
Овие шо ги болдирав јас не ги сметам за глупавост. Лично ако неможиш да процениш дали некој те лажи или не, тоа е повеќе наивност, а не глупавост. Глупавоста јас ја сметам за некој кој има ограничени разбирања, тешко ги сфаќа работите, не го бива едноставно за ништо освен што викаат, да бави некоја одредена рутинска работа. Пример основно учеше едно дете со мене и во цело осум годишно образование НЕ НАУЧИ да пишува, а читаше како брат ми сега (брат ми е трето одделение). Тоа до некаде, океј, не баш до некаде, ама го сметам за глупавост. Значи не сметам за глупавост ако баба ми не знае да прочита два реда текст и да напиши една реченица, таа на пример немала услови за да учи, ама на ова дете му беа дадени сите можни услови само за да научи да пиши, ама неможеше, не оти неќеше, секој ден се трудеше да научи да пишува и да чита, ама неможеше. После тука би го споменала и кога човек голем дел од работите не ги сфаќа, ама кога ќе видам подобро и тоа не е глупавост, зад збунет човек, што викаме, на кој „Касно му пали“ можи да се крие интелегентна личност која покрај секојдневната збунетост и глупавост во суштина да е способна да решава големи проблеми и прашања. Вистинската глупавост сметам дека лежи во интелегенцијата и тоа како е оформена индивидуата. Патем многу се согласувам со тебе каде што велиш дека има некои што „се прават глупави“, таквите личности можи да се прават глупави само за да се приклопат кон средината, за едноставно да бидат покул и слични работи.
Сите имаме различна (не)способност да сфаќаме. Според мене, глупав човек е човек не е способен да сфати одредени процеси и дејства или поточно, едноставни процеси и дејства. Оние другите, кои не сфаќаат сложени работи се викаат просечни. Моето трпение да зборувам со глупава личност зависи од нивото на глупост на личноста со која зборувам и разликата во нивото на мојата и неговата/нејзината глупост. Брзоплета сум и темпераментна, можете да ме наречете и нервозна (блага неразвиена хистерија... се шегувам, не сум хистерична), па ако одредената личност е ретардирана, ментално заостаната, тогаш и не би можела да ја издржам. Ако е само тежок глупак, тогаш можеби само разговори на прости теми. Може да се каже дека ако некој е невино глупав (добродушен и глупав), ме нервира, но правам „лице на г*з“(му правам лице, де), а ако е злобен и глупав, тогаш едноставно не контактирам со таква личност.
Дали неинформираноста се смета за глупавост? Еве на пример Јас сум многу понеинформирана за некои работи, за разлика од врсничките. И сега глупава сум?
Има и една изрека "Дружи се со глупи, така секогаш ќе бидиш генијалец." Хахаха ама во секој случај со такви да се нема работа. Што е поглупаво од тоа човек да не си ја знае датата на раќање ? Или некој да те убедува дека Париз е држава и се пишува со "c" на крајот. А уште полошо и со мали букви се пишуваат имињата на државите, градовите.. Абе Париз е најубавиот град бре Ама добро сите сме по малце глупави, не сме сезнајковци. П.С - Плавушите и полицајците не се навистина глупи како што викаат во шегите. Тоа се само вицови.
Насловот на темата ме заинтересира, зошто ни на крај памет незнаев што би можело да содржи темава.. Искрено, не сакам никој да ме сфати грешка но, што е интелигенција?? Тоа е првото прашање на кое сигурна сум дека сите вие ќе дадите различен одговор. Дефиницијата за интелигенција сама по себе е проблематична и за врвните професионалци кои работат во таа област. Второ, не ги прочитав сите, но прочитав некои одговори и сфатив дека ова за што вие зборувате не е ''глупавост'' ,односно воопшто не станува збор за IQ на некој, туку за нешто сосема друго - за карактерот на човекот, за неговиот морален систем, за сама личност што нема многу врска со тоа колку е ''паметен или глуп''. Интелигенцијата сама по себе, не кажува ништо за тоа како таа личност ќе се однесува во социјалната средина. Неговото воспитување (од дома), моделите на родители коии ги имал во детство и од кои учел, образованието, искустото, и врсниците со кои имал секојдневна интеракција се дел е работите кои го обликуваат однесувањето на еден човек. Интелигенцијата е многу мал дел од тоа, и повеќе е насочена кон решавање проблеми и прилагодување на промените, НЕ на тоа колку добро ќе изреагира во ситуацијата. Тука повеќе улога играат емоциите, способноста за емпатичност т.е способноста да се ставиш во очите на другиот итн. Затоа стварно ме иритира кога ќе слушам дека некој се нервира што некој бил ‘‘ГЛУП‘‘ . Имаш - потпросечно интелигентен кои најчесто се во институции, просечно интелигентни - кои вариират од ниско до високо просечно интелигентни но сите овие личности вие не би знаеле чиј IQ е повисок или понизок. Најмногу поради тоа што тие личности што вам ве нервираат не се глупи, барем не повеќе од сите нас, туку едноставно немаат развиено други способности.