http://www.youtube.com/watch?v=vnwxy3o3Di8 Улична анкета во Америка. Луѓето ги прашуваат најопшти работи, но слушнете им ги само одговорите. Иако се вика глупи Американци сепак мислам дека вакви луѓе без ни малку знаење од општа култура може секаде да се сретнат. Кажете потоа што најмногу ве насмеа. Мене оној дел кога им покажуваат карта на светот со измешани држави и им велат да ја покажат Франција и тие покажуваат на Австралија
Не го догледав цело ,ама валута во Веклика Британија да е кралицата Елизбетаа е стварно се глуп народ
Мислам дека Американците не се криви - ова е резултат на нивниот образовен систем, многу ограничен - затоа и не знаат многу работи. Ама мислам и дека така им е убаво - не се замараат со ништо. А може и грешам, може навистина се глупави - иако глупави луѓе има секаде...
Се согласувам со Annath, Американците имаат прилично различен вредносен и образовен систем, па вината за тоа дали и колку се глупави не ја сносат самите, ако така диктира општеството. Моето генерално мислење е дека Американците се глупави, но од друга страна кога гледам South Park, ме грее надеж дека и таму нормално има луѓе паметни, образовани и свесни за своите недостатоци како нација. Плус, кога и да речам дека се глупави, доаѓам во конфликт самата со себе, бидејќи поголем број на производи, зборувам за филм, музика, култура, мода ни доаѓа токму од нив, сите сме слепо хипнотизирани од нивната машинерија, па дали тоа би значело дека ние сме глупави што ги следиме нивните трендови, на пр? Од трета страна... ќе си кажам дека секаде има и глупави и паметни луѓе. И нашата држава не е исклучок. И не знам дали е толку лошо да се има поограничен систем на образование, наместо да се "расплинуваме" насекаде како нашиот; не знам што добро ни сторија податоците по географија во 6-7 одд. колку дожд паѓа во Венецуела годишно, или колку грла овци има во Нов Зеланд Сосема непотребно. Кога ќе помислам дека го диктираат темпото на повеќе од половина свет, не знам баш дали толку се глупави сите Американци. Не е се во моќта, нешто ќе да има и во главата.
Се согласувам дека нивниот образовен систем се грижи да не се трупаат со секакви-некакви информации, но да не знаеш колку страни има ТРИаголникот (кога самото име ти кажува; triangle на англиски) или да не знаеш каде се наоѓал БЕРЛИНСКИОТ ѕид (па сигурно нема да е во Пекинг бре!)?! Логиката не им работи.
А исто сум слушнала дека ако еден американец му рече на некој друг американец да погледне на лево, а тој погледне на десно овој ќе се направи културен и ќе му рече : Не не другото лево. пфффф Еднаш случајно гледав на интернет едно видео со Justin Bieber во една емисија и сега водителот го прашува дали неговото презиме нешто значи на германски ( German ) и овој се чудеше што е тоа German дека прв пат слушал за тоа хахахахах Има некои навистина глупи луѓе .
А богами има и Балканци со ШИРОКИ општи познавања. Погледнете. http://www.youtube.com/watch?v=UE6qZE7sSQQ
И нашиве Македонци да ги прашаат што е хомосапиенс нема да знаат сигурно едно 80% дека е тоа уствари човек со што се докажува оти биологија не учеле ама воопшто ......... тоа ти е, за плачење сме едноставно ....
Инаку и во Скопје имаше ваква анкета, во ГТЦ! Мислам дека ја даваа на сител, ама не сум баш сигурна. Испотрескаа глупости што ни деца мали не ги трескаат. Срамотилаци живи, јас не можев да се соберам од смеење. А за Америка, се сложувам дека е најмногу до образовниот систем. Уште од мали децата се насочуваат кон едно нешто, и понатаму цел живот го учат тоа за да можат да се вработат во соодветното место. Немаат сестрано знаење, само конкретно. А за глупавите луѓе, секаде ги има. Исто како што секаде ги има и талентираните и оние кои се издвојуваат. Во Америка ги има од првите малку повеќе.
Секаде има имало и ќе има глупи луѓе кои си немаат појма од животот. Мене не ми беше смешно,баш напротив стаписана останав. За жалење... ~
Не се сите глупави и не се сите дебели! Во САД што и да прашаш ќе се потрудат да ти одговорат ,доколку не знаат ќе те упатат кај некој шти би знаел и при тоа нема да бидат полни со ароганција и да ти направат израз на лицето од типот на :"Леле ма глупава една како можеш тоа да не го знаеш и тоа да го прашаш!" Но и од нив може да се очекува секакво прашање и секако дека би се навредиле ако не се потрудиш да им објасниш малку! Има Американци (не доселени таму,туку прави Американци) кои се свесни што светот мисли за нив и свесни за хендикепот што системот за образование им го прави!Значи да не се повторувам како многу од феминките ама и јас мислам дека глупавите луѓе ги има секаде па и кај нас и како ни тргнале работиве еден ден и ние ќе имаме хендикеп од образованието и ќе важиме за дебела нација!