1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Глупи Американци

Дискусија во 'Насмевка' започната од Lolipop23, 30 мај 2010.

  1. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Toa e. Само да се јадело чипс и хамбургер и да се гледа тв. :D А државата им го переее мозокот од ден на ден се повеќе! Затоа никогаш не сум сакала да живеам во Америка! Како тоа мислиш me surrounded by dumb ppl? :^)
    А штета,колку им е убаво онака.
     
  2. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Глупави се 80%,се согласувам.Тоа е поради образовниот систем,ама и тоа што се мрзливи.Ова го мислам најмногу за младите,кои многу малку учат,а подложени се на секакви влијаниа.За постарите луѓе не го мислам истото,тие растеле во друго време,сигурно се подобри од младите.И кај нас има влијаниа,ама ние учиме,добро е тоа.
    А еве да ви напишам нешто поврзано со нив,кај мене на класен час се разви дискусија,колку нас не мачеле да учиме,на Американциве им било супер,учеле по 5 предмети,така ми рече другарка ми од Америка,од Канада,вика едно девојче.А најтрагично е тоа што класната се согласува со нивното мислење :o дека треба помалку да учиме,слично како соседите од запад.. Не сакаат да учат,не сакаат да се потрудат,е што сакаат?Да седат на фејсбук,да имаат дечко на 12 години и да го слушаат Џастин Бибер.:!:
    Ако тргнеме по паметот на Американциве,лошо ќе биде!Да сакаш да бидеш необразован,е тоа не го сваќам :x
    Извинете што бев оф-топик,ама морав да го напишам ова! :$
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    они не се глупи туку не им се учи.. да и ние да не учевме т.е да бевме мрзеливи ке имавме познавања како нив..
     
    На Vezilka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Didi-13

    Didi-13 Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    12
    Џамијата е животно и човекот има 1 бубрег ахахахахахахахаха глупи луѓе :rofl: :rofl: :rofl:
     
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    За американци конкретно не, ама Австралијанците колку мислат дека сме ние овде заостанати... :x Една другарка што таму живее цел живот а е со македонско потекло, кога лани летото дојде наваму, по кафичи прашуваше дали чуле за РедБул, Смирнофф итн. Се изненади бајаги кога и рекоа дека служат, мислела дека овде ги нема. :D
     
  6. Vezilka

    Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    311
    Јас овде морам да демантирам малку.
    Значи, Америка е земја со имигранти од ЦЕЛИОТ СВЕТ и брои 314,760,964 жители.
    Како што е и секаде, има исклучително интелигентни луѓе а има и такви што или не добиле квалитетно образование, или едноставно не изразиле желба да се надоградуваат во таа област.
    Но, нели е тоа случајот секаде во светот? Па во Македонија имаме генијалци а и има луѓе кои одат во крајности со неинформираност и ступидност.
    Огромна земја, огромен број жители, огромни разлики меѓу нив. Е сега во толкав број на анкетирани ќе се погодат 1000 што ќе треснат глупост, но има и такви што си ја знаат основата.
    Ова е голем стереотип и не стојам позади вакви предрасуди.

    И за крај,

    Во случај да не знаеш, сите луѓе во Америка со полн џеб и можности купуваат од продавници за органска храна. Брзата храна заситува и е премногу евтина и така се хранат луѓето што едноставно неможат да си дозволат млеко од соја или салата. Знаеш дека и такви има, и дека такви се стандардите таму? Мислиш дека една мајка не сака на детето да му сервира еден здрав и топол оброк што ги исполнува стандардите одобрени од нутриционисти? Сакаат, но немат можности. И не велам дека сите што се без пари купуваат брза храна, но најчесто така е случајот. И плус, динамичниот начин на живот не им дозволува да седнат и на мир да изедат еден ручек.
    А за тоа колку државата ги контролира- толку колку што ќе дозволат. Пропагандите неможат да допрат до мене ако јас или моите родители не дозволиме. Како и во секоја друга држава.

    Се извинувам ако скршнав од темата
     
  7. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Да,така е. :) Тие таму учат на друг принцип,конкретно зборам за Европа. Принцип далеку подобар од нашиот. Ние тука само бубаме,бубаме лекции и лекции (посебно медицината) и на крај врска немаме. Тие таму се конкретизираат уште на мала возраст,кој што ќе биде и така се усовршуваат во таа област цел живот... а ние, на пример јас конкретно сум забен,а учиме исто како и сестрите и физиотерапевтите и лаборантите. Нема потреба од тоа,ама ете. Тотално перење мозоци,особено она edubuntu по информатика,утре кога ќе се вработиш и кога ќе работиш на компјутер,е таму нема да има едубунту сугурно :D Математика,умираме од пишување,учење,а замисли медицина! А америкаците дека се глупи,глупи се и образование никакво! :puke:
     
  8. Vezilka

    Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    311
    По ова што го кажа претпоставувам си била во Америка да учиш. Исто како мене, значи на иста страница сме. Ако е така, сигурно знаеш дека според капацитетот те одредуваат во паралелки со кои можеш да ескалираш со твоите способности неверојатно брзо, и тие обожаваат кога ти учиш и ти нудат стипендии. Искрено сум изненадена што критикуваш една од најсилните страни на Америка, образованието. Ама нели, те унапредуваат ако и само ако учиш, ако не те мрзи, како што "глупите Американци" ги мрзи, м? :) Ова излева ни нашиот ни нивниот принцип на работа на учење на чини. Изгледа не е до системот..
     
  9. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Па може е и до самите луѓе :D who knows нели?Во Америка имам одено,али за образование не знам одтаму, туку гледав еден документарец од кој сега не можам да најдам линк. Не сум сигурна дали е баш ова видео,ама и ова е добро - http://www.youtube.com/watch?v=Fr-IbhT4CUg
    Aко тие учеа,тогаш немаше да бидат толку глупави :D Како и да е,без разлика на принципите на учење,секој си одлучува за себе.. или ќе се надградуваш и образуваш постојано или ќе останеш форевр дамб.
     
  10. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Незнаеше што е UK? :o :D